• Latest

Крсте Црвенковски: Корифеј на антибирократските промени во општеството

June 12, 2022

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Крсте Црвенковски: Корифеј на антибирократските промени во општеството

Во историјата на втората Југославија беше судено македонски политичари да бидат на чело на квалитативните скокови на развојот на земјата. Глигоров, Црвенковски, Милосавлевски ... Црвенковски во дел од тогашната федерална заедница беше третиран како националист а беше лустриран како либерал

June 12, 2022 17:42
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Една од дилемите на моите зрели години, како последица на настаните кои се случиле во тинејџерските години а потоа и во раната младост е како преплетувањата што се случија во Југославија во средината на 60-тите и се продолжија во раните 70-ти се врзани токму за македонски политичари. Во нив лежела една креатива која ослободувала нова енергија, иако како најмлада држава на Балканот Македонија си бараше посебна грижа и посветеност. И стана правило поголем дел од нив, од директните актери во настаните потоа да се опишуваат и како националисти а да страдаат потоа под мечот на „борбата против либерализмот“. Една таква фигура е Крсте Црвенковски од чиј датум на раѓање не делат 101 година (16 јули 1921 г. во Прилеп), исто толку како и од раѓањето на други големи личности од тој град – Благоја Корубин, Блаже Конески…

Да се вратиме назад кон она на што сакав да укажам – на тукушто купените телевизори после земјотресот летата после фаталната 1963 не носеа вообичаена летаргија, ниту програма. Да речеме во 1965 година го гледавме, по неколку пати на ден, но не без оној трепет како да се работи за премиерно дознаени значајни настани за општеството, цртањето со креда на обична школска табла на основите на големата општествена реформа. Клучен актер во неа, со точен опис на креатор, беше еден Македонец – Киро Глигоров, кој ги пишуваше контурите на големата промена на една реформа која во основа беше наречена економска, но имаше социјални и психолошки ефекти, претставуваше еден вид на идеолошки земјотрес. Земјата го напушташе советскиот систем на уредување во сите области и земаше4 елементи од пазарната економија. Нема сомнение дека реформата практично одеше во правец на создавање на пазарно општество во Југославија, со исфрлување на прекубројно вработените, за почеток. Веќе, иако неофицијално, не важеше правилото дека секој има право на работа, што се реши и преку масовното давање на црвениот пасош и можноста нашиот работник да замине во Европа, главно во Германија, за да заработува за живот. Официјално тие работници се нарекуваа – привремено вработени во странство. Нешто како одење во преполни возови на Запад на своевидно доквалификување.

Црвенковски доби значајна задача во 1966 г. а заработи омраза кај тврдите „удбаши“, пред се врзани за српскиот национализам

Отпорот кон реформата, јасно, главно поаѓаше од кафеаните и тие содржеа и многу вербални квалификативи, пред се кон Глигоров, а не толку кон другите авторитети, небаре сета неволја од промената на општествениот амбиент доаѓа од тој штипјанец кој се најде во врвот на сојузните органи.

Следното лето, во 1966 година, дојде Брионскиот пленум со кој се означи еден антибирократски пресврт во една земја која силата на својата почетна револуција ја базираше на идеологијата, ама и на војската и на полицијата, особено на тајната.  По концепциската промена на начинот на водење на економијата во земјата на ред дојдоа другите механизми, па и личности кои го симболизираа тој, може да се нарече – режим. И тука дојде во прв план еден друг Македонец – Крсте Црвенковски.

Крсте Црвенковски беше затворен во тирански затвор, побегна низ ископан тунел и едно време се бореше во единиците на албанските партизани

Имено, Црвенковски дошол на врвот на југословенската компартиска структура на Осмиот конгрес на СКЈ во декември 1964 година а на Брионскиот пленум (јули 1966 година) бил именуван за претседател на Комисијата за испитување на работата на државната безбедност, со која раководел Александар Ранковиќ. Комисијата беше формално резултат на сознанијата за прислушувања на неприкосновениот политичар и идеолог Тито, но покрена некои значајни процеси кои некако и беа дел од линијата на реформи, како што споменав, што ги започна претходно споменатиот Глигоров.

Црвенковски ја предводеше комисијата (партиска) која заклучи по испитување на сознанијата за прислушкување дека такви активности постоеја а на пленумот Ранковиќ, најсилниот српски кадар во врвот на земјата, гледан и како наследник на Тито, доби како санкција –  исфрлување од функциите и од јавниот живот. Започна растресување на полицијата, јавната и тајната и се одеше длабоко, дотолку што дојде до масовно пензионирање на луѓето вработени во сите сегменти на безбедноста. Ако се прислушкува неприкосновениот лидер во земјата што останува за другите граѓани?

Националистичката опозиција во Белград го третираше како „анти-Србин“ а настрада како либерал токму во време на буењето на национализмот во федерацијата – фотографија со Тито

Црвенковски без сомнение од страна на српските националисти, кои несомнено ги имаше и тогаш а особено подоцна, не беше отсликуван како либерал, туку како македонски националист (!). Зошто?

Да почнеме од тоа дека од негова страна беше подржана црковната иницијатива за автокефалност на МПЦ (1967 г.), деновиве одново актуелна како настан; потоа се формираше МАНУ, по углед на другите републики во она време; да кажеме дека тој инсистирал во ЈНА да постои рамноправен третман на офицерскиот кадар по национална основа а многу културни активности беа поттикнати во афирмација на етникумите, посебно од областа на националната историја. Па дури и обидот за ресетирање на бугарско-југословенските односи, како обид за остварувања на националните права на Македонците во Пирин е дел на неговите активности.

Она што претставуваше акт на либерализација во тие – не се за потценување – кругови во општеството и пред се кај најдоминантната нација во чија колективна потсвест Југославија и беше замислување само како континуитет на предвоеното кралство. Постоеше отпор кон промените во службите за безбедност, Армијата, црквата а давањето на правата на етницитетите до тоа тие да имаат свои знамиња, за што се обвинуваше Црвенковски, доведоа до креирање на некакво невидливо, но постоечко обвинение кон неговата личност пред се’ заради немирите кај албанското население на Косово, но и во Македонија (1968 г.).

Тука мора да се спомене дека како потенцијален реализатор на политичките промени после стопанската реформа кај нас беше подготвуван уште еден Македонец  – Славко Милосавлевски, во чија торба постојано беа материјалите за постепен премин кон полиберално општество! Впрочем, во рамките на т.н. пролетната револуција во Чехословачка (1968 г.) Милосавлевски стана идеолошки „гуру“ во оваа земја со амин на Тито, и држеше настава за тоа како да се преобрази земјата која настојуваше да гради поинаков социјализам. Но, неговата мисија заврши со масовните протести на студентите во Белград таа година, кога беа прекинати сите реформски во земјава.

По 1966 г. дојде задачата – критика на унитаризмот

Во панорама на историските настани во Југославија нашите кадри имаат значајна улога токму во конфликтните ситуации, белким како издвоени од секогаш актуелните српско-хрватски сеизмички процеси. Еден вид на расчистувачи на сцената од затруените актери, посебно со опасниот национален експлозивен материјал. Тука треба да се спомене и Драгољуб Ставрев кој одигра значајна ролја, навидум дел од од организационен потфат на погребот на Тито, но всушност поставен како еден отпорник кон евентуалните амбиции на Јованка Броз за преземање на власта. Ниту малку случајно што Ставрев или неодамна починатиот Глигорие Гоговски беа битни во мирното предавање на власта во 1991 година, за што тогашните учесници на транзицијата им оддадоа признание.

За ликот на Црвенковски, да се вратиме на него, доста дознавав низ разговорите со мојот некогашен директор и уредник Илија Зафировски, кој беше посебно близок со некогашниот политички шеф на Македонија. Во тогашната НИП Нова Македонија се случувал интересен процес на раздвојување на она што значи либерализација на општеството (она што во основа била заслуга на Црвенковски) и она што требало да стане нагласена национална еднодимензионалност (претставувана преку директорот на НИП-от Анте Поповски), која како демаркациона линија опстојува во нашето општество и до денес, малку хипертрофирана секако, па е претставена како прозападна од една и про-источна струја, од друга страна или како слика за либерална и европска земја или како опструирана, затворена и ретроградна, хипер-емоционална држава како квази алтернатива.

Крсте Црвенковски замина од сцената како политички лустрирана фигура на либерал (1973),  иако, како и многупати во историјата, зад таквите личности се криеја токму оние кои дадоа придонес најпрвин да настане една држава, а потоа да бидат мета на сите оние кои се криеја зад придобивките како зад безбеден параван за нивната национална „хортикултура“.

Неодамнешната конференција во МАНУ по повод еден век од раѓањето на Црвенковски претставува доказ како се однесуваме кон оние претставници од нашата политичка историја кои не смеат да се заборават. Имено, немаше никаква најава за настанот, тој започна многу рано (во девет часот наутро), одгласот во медиумите беше очаен или поточно – никаков, а трудот на учесниците на конференцијата на тој начин просто девалвиран.

Ќе имаме ли исправка за тој однос кон Црвенковски после нови 100 години?

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ