• Latest

Како договорот за мир стана алатка за профит?

August 13, 2016

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Како договорот за мир стана алатка за профит?

August 13, 2016 20:12
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на војната во Македонија во 2001 година, го потпишаа четирите најголеми политички партии на 13 август. Од тој момент па наваму, договорот за крај на војната и за коренити реформи во државата, најмногу се употребува како алатка во рацете на моќниците за политичко пазарење и надмудрување.

Пишува: Џабир Дерала
Пишува: Џабир Дерала

Не за интеграција и почитување на човековите права на малцинствата, за демократија, децентрализација и правична застапеност, туку за одржување на политичката корупција и етничко-верските тензии врз грбот на жртвите од таа војна. Во името на правичната застапеност, се вработуваа и се вработуваат послушни партиски војници. Во името на човековите права и слободи се промовира етно-национализам и се создаваат етнички верски гета. Во името на децентрализацијата, се изврши крајно проблематична територијална поделба која сега им служи на локалните и централните шерифи да шират омраза и поделби.

ЦИВИЛ реагираше на оружениот конфликт уште во текот на првите неколку часа од почетокот на непријателствата и водеше искрена и човечка кампања за мир и помирување до последниот ден, до потпишувањето на Охридскиот рамковен договор пред 15 години. На овој ден, нашата екипа го лансираше слоганот Што сега? / Çka tash? Побаравме од власта искрено и доследно да се зафати со промовирање на граѓански вредности и да го демилитаризира општеството. Побаравме од власта да им даде гаранции на сите граѓанки и граѓани дека ќе изгради демократско и мирољубиво општество во кое оружјето нема да биде добредојдено.

И тогаш, но и сега, Охридскиот рамковен договор дава доволно широка рамка да се случи тоа. Го поддржавме и ги промовиравме вредностите кои овој документ потпишан со посредство на меѓународната заедница, го потпишаа четворица партиски лидери.

Во тие денови, бевме убедени дека со овој договор ќе се спаси земјата, но само ако се спроведува доследно. Јас сѐ уште верувам дека спроведувањето на Охридскиот рамковен договор е единица за мерење на политичка волја и искреност на политички актери и носителите на одлуки.

Но, од договор за мир, ова стана договор за одржување на политичката корупција, тензии и злоупотреби на моќта.

Еве еден пример, за кој сум говорел повеќе пати и порано. Согласно со Договорот и законите кои произлегуваат од него, етничките малцинства имаат право на сразмерно учество, правична застапеност, во администрацијата. Што е ситуацијата на теренот?

Оваа миле-ми-текна-влада стана позната по многу нешта, вклучувајќи го и фактот дека е работодавач број еден во земјата. Така, наместо намалување на бројот на вработени во администрацијата и балансирање на бројот на вработените кој ќе ги одразува етничкиот состав на земјата – таа повеќекратно го зголеми тој број. Се разбира, со партиска пешадија. Кога албанскиот коалиционен партнер приговори дека Македонците несразмерно водат во однос на Албанците, Груевски отвори уште повеќе работни места. Но, голем дел од нив, немаат што да прават, па останаа дома, но си примаат плата. Меѓу нив има претставници од сите заедници, но најголем дел од тие што „работат дома“ се Албанци, според скржавите податоци до кои доаѓаме. Што добиваме од ова апсурдна пракса?

Луѓето се револтирани затоа што има луѓе што седат дома и земаат плата од парите на даночните обврзници. Македонците уште повеќе ги зацврстија своите предрасуди кон Албанците, тврдејќи дека се „паразити“ кои се хранат на нивниот грб. Владејачката партија која вработува и Македонци кои седат дома, што е помалку познат факт, тој сентимент и го негува. Албанскиот коалиционен тендер партнер не се грижи премногу околу тоа, бидејќи продлабочувањето на јазот и тензиите ги одржуваат двајцата партнери на власт. Покрај тоа, на „македонскиот дел од власта“ ѝ тргна од рака сето тоа да го презентира како непријатна обврска што мора да ја исполни, бидејќи Охридскиот рамковен договор “е наметнат“, дека е последица од „непријателското делување на клетите терористи Албанци, поддржани од страна на НАТО ‘зликовците’”. Албанците, пак, повторно не добиваат доволно квалитетни услуги од институциите, во делот кој се однесува на правичната застапеност на заедниците. За помалите етнички заедници и да не говориме (Роми, Турци, Власи, Срби…). Тие се уште помалку застапени. Во секој случај, Албанците, но и сите други, останаа револтирани и онеправдани. Македонците не се помалку онеправдани, иако голем дел од нив не го препознаваат виновникот. Сметаат дека се виновни Албанците, а не гледаат дека сите заедно се во кашата која ја замешаа другарчињата од власта – газдата Груевски и неговиот ортак Ахмети.

Со процесот на децентрализација, една од важните обврски пропишани со Охридскиот рамковен договор, претходната власт започна во 2004 година. Но, тој процес, започнат со очигледна позитивна енергија и политичка волја, на теренот беше спроведен на, благо кажано, сомнителен начин. Како и да е, децентрализацијата, започната и недовршена, сега претежно се заснова на симболи – знаме, јазик, сообраќајни знаци, улици и имиња на училишта. Во суштина, во изминатите десет години земјата доживеа нова централизација проследена со масовна корупција, криминал, злоупотреби и антидемократски начин на владеење.

Дискриминаторската политика и мајоризацијата на највисоки и институционални нивоа продолжија. Меѓуетничките односи се влошуваат според потребите на партиските врхушки. Притоа, се губи секаква трага од граѓанска, мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална Македонија каква што пропишува Охридскиот рамковен договор. Наместо тоа, добивме би-етничка држава која ја водат двајца узурпатори кои меѓусебно се презираат, но добро соработуваат и… заработуваат. Тие го креираат секојдневниот живот на граѓанките и граѓаните и ги заменуваат оние што заминуваат од земјата или прерано умираат со скапи кич споменици и згради и директно го спонзорираат национализмот на сите нивоа, почнувајќи од хулигански банди, завршувајќи со културата, уметноста и образованието.

Тоа е тажната судбина која Охридскиот рамковен договор ја доживува веќе 15 години кој првично беше замислен како основа за мир, интеграција, демократизација и регулирање на основните прашања во земјата. Едноставно, овој основен документ беше и остана алатка за профитирање и задоволување на тесно партиски или лични интереси, а секако и да се злоупотребуваат, манипулираат и изневеруваат очекувањата на граѓанките и граѓаните.

Со сите негови недостатоци, сепак, Охридскиот рамковен договор останува да биде еден од најдобрите документи кои можат да ѝ помогнат на земјата да стане граѓанска и демократска. Тој требаше досега да биде имплементиран и да биде далеку надминат. Од исполнување на стандардите за почитување на колективните права и слободи, сега требаше да бидеме длабоко навлезени во процес на исполнување на стандардите за почитување на индивидуалните права и слободи, социјалната правда, родовите прашања и сè што подразбира едно шаренолико современо општество.

Простете, за миг си дозволив да сонувам. Но, убеден сум дека голем број граѓанки и граѓани на оваа земја сонуваат заедно со мене. И ќе го прекинат кошмарот кој ни го приредува реалноста која ја создаваат узурпаторите.


Објавено и на Плусинфо.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АхметиГруевскизлоупотребамирОхридски рамковен договорчовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ