• Latest
АРХИВА На Мицкоски му е премногу. Митинг на ВМРО-ДПМНЕ, 18 јуни 2022 (Фото: К. Михаилов/ЦИВИЛ)

На Мицкоски му е премногу. Пак!

June 20, 2022
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

На Мицкоски му е премногу. Пак!

Мицкоски е, најблаго речено, ултра непрецизен и конфузен, патетичен, здодевен и загрижувачки неурамнотежен. Тој е без кредибилитет и не ја говори вистината. Нема контакт со реалноста.

June 20, 2022 12:00
in КОНТЕКСТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ, ТОП 5
АРХИВА На Мицкоски му е премногу. Митинг на ВМРО-ДПМНЕ, 18 јуни 2022 (Фото: К. Михаилов/ЦИВИЛ)

АРХИВА На Мицкоски му е премногу. Митинг на ВМРО-ДПМНЕ, 18 јуни 2022 (Фото: К. Михаилов/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

„Од уживање во раскош и невиден луксуз? Од грабање без мерка? Од лажење и омраза без причина, почеток и крај? Од неспособност да се согледа реалноста? Премногу е од сето тоа? Па, да, премногу е…“ – се вели во една урбана легенда.

Ништо суштинско, ништо важно и ништо ново не беше кажано на партискиот митинг на вмро на 18 јуни. Со недели се организираше една скапа журка на Мицкоски, само за да „дознаеме“ дека тој „копнее“ секој ден по поддршката од народот. Која ја нема. Стручните проценки од полициски извори говорат дека едвај 12.000 луѓе биле на митингот. Други велат дека имало меѓу 13 и 17 илјади. Се разбира, според вмро, имало неспоредливо многу повеќе луѓе. А градоначалниците (42 на број) не го фермаат Мицкоски ни 3%.

Копнежот на Мицкоски

Се изнамачи човекот со своите видео тиради и гостувања по телевизиите, но ништо од тоа. Луѓето се сѐ помалку спремни да ги слушаат неговите неповрзани лелеци. Знаат тие, колку полошо за Македонија, толку подобро за Мицкоски. И обратно. Го нема Мицкоски капацитетот на неговиот претходник и тутор што сега гласа во Будимпешта. Помина тоа време.

Што друго видовме на приватната журка на Мицкоски (платена со наши пари)? Меѓу другото, лошо рецитира поезија. Но тоа и не е толку страшно. Страда од незгаслива жед за власт, просто „копнее“ по неа, како што рече самиот.

„Оваа битка ја водам и за вас и за вашата поддршка секојдневно копнеам“ – се изрази поетски тој.

Турбо фолк…

И „гајбата“ ќе завршеше исто толку (малку) работа

Ама за таков перформанс, мрачен, недоветен, китнест и кичест, навистина не вредеше да се трошат пари на реклами, продукција на спотови, сцена, озвучување, превоз (неискористен)… Гајбата на една госпоџа за која сѐ е тажно, ќе завршеше исто толку (малку) работа.

Не е време за мегаломанија, разузданост и неумерено трошење пари. Особено затоа што вмро го губи своето седиште и 30-ина ограноци во еден од судските процеси што се водат против криминалното „дувло“. Напомена: Изразот „дувло“ се однесува на вмро и е позајмен од нивните пропагандисти, Инфомакс.

Од митингот на вмро во Скопје, 18 јуни 2022 (фото: К. Михаилов)

Математичарот погреши. Пак!

Од шефот на вмро слушнавме дека, освен собирот по Референдумот за осамостојување (1991), неговиот собир на 18 јуни бил најголемиот собир во историјата на независна Македонија.

„Никогаш Македонија не видела толку многу луѓе“ – се обидуваше Мицкоски и самиот себеси да се убеди од говорницата.

Неточно. Освен собирот во 1991 година, втор најголем граѓански собир во историјата на нашата земја се одржа на 17 мај 2015 година. Според процената на словенечката телевизија, на тој собир имаше околу 100.000 луѓе. Други проценија дека имало повеќе од 75.000 луѓе на тој собир. А такви собири како овој што за Мицкоски бил „најголем“ имаше прилично често, токму во периодот кога тој самиот беше дел од режимот – од 2014 година (Студентски пленум) до падот во 2016 година (Шарена револуција). Овој, на 18 јуни, е можеби најголемиот за Мицкоски, но тука некаде и завршува успехот, во неговата глава. Математичарот погреши. Пак!

Гафови и мрак

Има, нема, ќе нѐ има, ако нѐ има – ќе нѐ нема и слични гафови направи поприлично. „Сеир“ направија смешно видео за тоа. Имаше и други гафови. Всушност, целиот настан беше еден голем гаф. Во иднина, треба да побараат некоја ливада да си направат проба-две или повеќе, да го увежбаат перформансот. Да смислат нешто свое не може да се очекува одамна – го копираат, многу неуспешно, граѓанскиот отпор против грдиот режим на партијата на Груевски.

Но така е тоа, протестите се прекрасни, но само ако се прогресивни и ако извираат од срцата на луѓето. Сѐ друго изгледа како вмровскиот митинг на Мицкоски. Мрачно и мачно, депресивно и патетично. И прилично лигаво.

Од митингот на вмро во Скопје, 18 јуни 2022 (фото: К. Михаилов)

Крици и бол, катастрофа, доаѓа крајот…

Во вмровскиот свет на Мицкоски има само „крици и бол“, сѐ е „катастрофа“, постојано „доаѓа крајот“ и „се случува народ во нашата Македонија“ – истовремено! Па и љубовта ако ја спомене, таа мора да е „до болка“.

За Мицкоски, власта е „разуздана, криминална и предавничка“. Според него, таа е извор на сета несреќа.

„Стоиме пред владата која е причина за сите наши несреќи и колективни разочарувања“ – извика тој.

Вели владата, мисли на СДСМ. Едноставно, нема проблем, неволја или несреќа на овој свет што не доаѓа од СДСМ. Тоа е таа опседнатост со политичкиот противник. Ако го слушате Мицкоски како ја опишува владата, ќе си помислите дека тоа е некоја неверојатно силна и застрашувачка машинерија, некоја митска супер сила, на човека да му се заледи крвта во жилите. Брррр!

Дали можеби затоа на помош се повикани и знаменосци на Русија, да му го држат стравот на вмро?

Ништо од и за светот

На митингот, Мицкоски ни збор не кажа за надворешната политика и светските збиднувања и процеси. Ни збор не кажа за бруталната руска агресија против Украина. Ако тоа беше проблематична тема на која имаше опасност да се „лизне“ и да ја покаже својата вистинска ориентација, можеше да каже нешто за економската и енергетската криза. Нели, советник за енергетика беше кај Груевски.

Не кажа ништо дури ни за светските трендови во зелените политики, ете, за да избегне „скокотливи теми“, а да биде во тренд. Барем да фрлеше поглед од Табановце натаму, па да искоментираше нешто, макар и апокалиптично, за иницијативата „Отворен Балкан“…

Ништо од тоа. Ништо од и за светот.

Дефицит

Затворен во својата чаура исполнета со кошмари, шефот на вмро уште еднаш ја рефлектира состојбата на умот и политичкиот концепт на неговата партија. Тоа со еден збор, без многу описи, може да се опише со: изолација. Игнорирање или незнаење, отсуство на визија или страв од светот, или од сè по малку или многу, може да се остави на слободно толкување, без посебен ризик дека ќе се погреши.

Светот е опасен за вакви политички концепти. Ако се погледне во светот, ќе се открие дека тој е поврзан и раздвижен, во моментов во тешка воена, економска и хуманитарна криза. Ќе се открие дека на светот му е потребна човечност, мудрост и креативност. А тоа е дефицитарно во политичките концепти на националистите и изолационистите. Да, тоа е вистинскиот дефицит во оваа сторија.

Како понатаму? Со блокади, разбира се!

Како да се оди напред, како понатаму? – би било логично прашање.

Нашиот „јунак“ го има одговорот. Со блокади! Сѐ ќе блокира тој – Собрание, улици, институции, процедури, систем… Го употреби зборот „блокада“ 8 пати во 9 последователни реченици. Системот, рече, се распаѓа, ама тој ќе го блокира.

Се разбира, не испушти ни грубо, простачки да ги навредува политичките опоненти, небаре му се смртни непријатели. Тоа се тие манири, политичка култура…

И после – премногу е! Како да не биде премногу? Живот среде таков апокалиптичен мрак, мора да е (премногу) тежок…

„Краток спој“ со реалноста

Мора да се признае дека Мицкоски, сепак, во еден краток миг ѝ се приближи на реалноста, кога рече, кутриот, дека паѓањето на владата „нема да биде брзо“. И сите му се смееја цела вечер. Како од СДСМ да му го подметнале говорот.

Чуму сета оваа помпезна врева?

Можеби некој ќе се запраша – чуму тогаш сета оваа помпезна врева? Одговорот и на тоа прашање е мошне лесен. Мицкоски има потреба да ја заштити функцијата. Со овој митинг не ја постигна целта. Само го потроши членството кое и онака не му е наклонето.

Мицкоски е во фаза во која не е во можност да повлекува добри потези. Дури и да има таков капацитет, а нема, тој веќе е далеку одминат на удолнината од својата политичка кариера. Локалните избори 2021 ѝ донесоа успех на партијата, не по нејзина, а уште помалку по негова заслуга. Капиталот од тој успех е раситнет само осум месеци по изборите. Лично Мицкоски нема со што да се пофали. Затоа, му требаше една ваква журка – „најголем“ (далеку од тоа) собир во историјата на Македонија.

Да бидеме реални, математичарот Мицкоски има проблеми, големи. Дел од неговите проблеми може (најблаго) да се опишат со зборовите: ултра непрецизен и конфузен, патетичен, здодевен и загрижувачки неурамнотежен. Тој е без кредибилитет и не ја говори вистината. Нема контакт со реалноста. Никој не го слуша кога говори. Пропагандата на вмро е неспоредливо подобра од самата партија. А лоша е. Пропагандата.


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ