Промени мора да има. Оваа битка ја водам и за вас и за вашата поддршка секојдневно копнеам. Поддршката ќе заврши со промената на оваа власт, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот протест пред Владата.
– Големата поддршка значи промена на оваа разуздана и предавничка власт и на премиерот кој се смее дека оваа преубава земја била Западна Бугарија. Нека знае дека за мене и за вас била и ќе остане нашата мила мајка Македонија, рече Мицкоски на протестот што се одржува под мотото „Премногу е“.
Мицкоски нагласи дека народот денеска доаѓа да си го земе тоа што му припаѓа, а тоа, како што рече, е слободата.
-Тука сме собрани оваа вечер илјадници со име со чест со гордост и волја која мора да донесе промени. Од денеска, па натаму вашиот глас ќе татни низ градовите и селата на Македонија. Како громогласно ехо тргнуваме да ја освоиме победата која ни припаѓа, рече Мицкоски и додаде дека вечерва се случува народ, рече Мицкоски.