• Latest
Џабир Дерала

Да се покачат платите на административците, но под еден услов

June 24, 2022

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Да се покачат платите на административците, но под еден услов

Прочитајте кој услов, после коментирајте и организирајте штрајкови

June 24, 2022 07:30
in КОМПАС, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

И јас мислам дека треба да се покачат платите во администрацијата. Исто како што мислам дека треба да се покачат сите останати плати. И минималецот е навистина низок, вистински минималец. И тој треба да се покачи, но под услов да се намалат давачките кон државата.

Јас се залагам да им се покачат платите на административците веднаш или најмногу во рок од една недела и еден ден. Зошто и еден ден? Затоа што во итна постапка од најмногу една недела, мора да се преземе една друга операција, што требаше да се спроведе веднаш по падот на режимот на криминалецот од Будимпешта. Што треба да се направи?

Да се намали администрацијата за најмалку 30% и тоа веднаш или најмногу во рок од една недела. И тоа да биде навистина најмалку 30%, но на тој начин што ќе се води грижа во секторите образование, здравство и безбедност да не се намали бројот на оние што вистински ја вршат работата. Напротив, нивниот број треба да се зголеми.

На пример, да се зголеми бројот на вработени воспитувачи, наставен и стручен кадар во градинките и основните и средните училишта. А да се отпуштат левите сметала со измислени работни позиции.

Да се зголеми бројот на медицински сестри, лаборанти, лекари, психијатри (очигледно, многу се потребни) и друг кадар што е неопходен за негување на здравјето на луѓето. Но да исчезнат оние што го „организираат“ здравството.

Да се зголеми бројот на професионални кадри во полицијата, противпожарната заштита, војската и други безбедносни структури, вклучително и на служби (и инспекции) задолжени за борба против корупцијата и криминалот. Да се зајакнат внатрешните контроли во сите институции. Тие ќе завршат многу работа.

Сега, за намалувањето на бројот на административци. Лесно е да види кој сѐ е тотално непотребен товар на општеството. Може лесно да се намалат апсурдните работни места во сите институции и установи на локално и државно ниво. Помошници, заменици, референти, советници, шофери, фотокопирџии, курири, секретари, економски менаџери, разни други дрндупки…

Да се укинат сите управни одбори, совети и други клати-врата тела и структури. Да се укинат неколку стотици државни агенции за кои никој не знае, а ни самите не знаат што им е работата. Да се укинат сите заменички места во сите институции.

Да се шутнат сите што во работно време, со злоупотреба на работните простории, мебел и средства за работа и комуникации, функционираат како партиски тролови и пропагандисти.

При сето тоа, мора да се внимава на правичната застапеност по етничка, родова и старосна основа. За да биде правична распределбата на парите од даночните обврзници.

Ова ќе боли можеби најмногу, но неопходно е. Партиите да се откажат од најмалку 50% од својот буџет што го добиваат од заедничката каса на граѓанките и граѓаните.

Еве, предлагам да се зголеми и социјалната помош, па на тие што ќе изгубат работа во администрацијата да не им дојде многу нагло падот од коњ на магаре.

Да се намали бројот на местата во парламентот од 120 на 80. Да се намали бројот на советници во општините.

Да се намали бројот на општини во целата земја. Сосема добро функционираше системот и со 35 општини. И тоа е многу.

Да се намали бројот на министерства на најмногу 12 ресори.

СТОП ЗА ПРИВИЛЕГИИТЕ! Да се укинат сите привилегии во парична или материјална форма – возила, дневници, бонуси, (л)апанажи, претседателски пензии (Црвенковски, Иванов)… Да се одземат службените возила и да им се дадат на службите за брза помош, социјални служби, полиција, армија и справување со кризи. ЦИВИЛ ја покрена оваа иницијатива на 14 мај 2019 година и повеќепати ја обнови во јавноста. Но освен изјави со поддршка од пратениците на СДСМ и од Претседателот Пендаровски, имаше само обид за плагијат и злоупотреба од една рашистичка партија и толку. Ништо особено не се случи потоа.

Илустрација: „Под чизмата на администрацијата“ – Џ. Дерала

Но да се вратиме на покачувањето на платите во администрацијата. Може, но само под услов да се намали за најмалку 30% во рок од една недела, да се укинат привилегиите, апсурдните институции и институти, а да се зголеми бројот на професионалци кои се грижат за образовното ниво и здравјето на луѓето.

Не може сето ова да се направи? Иако сум максимално убеден дека може, само ако се сака, знам и дека никој нема таква храброст. Затоа, им предлагам на административците да се фатат на работа и да не им бркаат во џебовите на луѓето. Нема место по кафулињата и рестораните од административците во текот на целото работно време.

Сево ова е за доброто на сите, особено на административците. Ако продолжат со своето апсурдно поведение, тие 50 евра покачување што ги бараат, како што пишува Љубомир Костовски, за кратко време нема ништо да вредат. А и никој нема да биде во состојба да им ги плати. Најмалку осиромашените граѓанки и граѓани и приватниот сектор.

ПС. Преку глава сте им на сите.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ