• Latest

Битола: Обид за физички напад на членка на ЦК на Левица

July 5, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Битола: Обид за физички напад на членка на ЦК на Левица

July 5, 2016 17:58
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Битолчанката Ивана Атанасовска (24) студентка на Правниот факулет во Скопје, во еден час по полноќ била изложена на закани и обид за физички напад од двајца маскирани сограѓани во Битола. Атанасоска, актуелен член на Централниот комитет на Левица, случајот ќе го пријави во битолската полиција, иако вели дека нема верба во државните органи

„Се враќав во тој момент од работа, се движев во темна уличка, кога двајца маскирани на велосипеди, извикувајќи ‘Нема правда, нема мир!’, се обидоа да ме удрат. Не се исплашив, се тргнав и некако го избегнав ударот. Во истиот момент се појави патничко возило, а тие избегаа. Не за завртив, не ги видов ниту во кој правец заминаа“, вели оваа млада девојка, членка на Левица од нејзиното основање.

13492784_10210065662264349_312185679_n

Таа нема дилема дека се работи за политички случај, иако вели, не може да дефинира чии членови се напаѓачите. Според неа, ваквите инциденти се очекувани од моментот кога започнале протестите на Шарената револуција во Битола, каде што е една од поекспонираните млади луѓе. Атанасовска вели дека не само што овој инцидент нема да ја заплаши, туку напротив, и таа и нејзините сопартијци, граѓани, поддржувачи на Шарената револуција, ќе ја продолжат битката, до конечно остварување на граѓанските права и слободи.

Таа ги повикува сите млади луѓе со слободарски дух, сите граѓани кои сакаат да живеат во слободна држава, сите борци за правда, поголеми социјални и работнички права, да им се приклучат на протестите и да не подлегнуваат на какви и да е закани и притисоци.

М. Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БитолаИвана АтанасовскаЛевицашарена револуција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result