• Latest

Измените во екстерното тестирање се пропагандистички чекор на Власта!

July 7, 2016
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Измените во екстерното тестирање се пропагандистички чекор на Власта!

July 7, 2016 14:16
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Според измените во Законот за основно и средно образование, експресно усвоени на вчерашната собраниска седница, без присуство на опозицијата, екстерното тестирање ќе започнува од шестото одделение, а добиените оценки нема да бидат зебележени во свидетелството на ученикот. Набљудувачите кои ќе бидат задолжени да го следат тестирањето ќе се избираат на јавен конкурс  

ЦИВИЛ Медиа разговараше со неколку наставници и професори, за тоа што всушност, ќе се промени во пракса, по усвојувањето на законските измени.

10683595_850078155110655_2940404769489044065_o

Наставничка од едно основно училиште од Битола вели: „Како што се одвиваше екстерното тестирање сите овие години, не треба да се направат измени, туку тоа треба целосно де се укине. Целта е сосема промашена. Искрено можам да кажам дека на оваа тема во училиштата секојдневно се зборува во негативен контекст, но знаеме и дека СОНК нема побарано да се направи анализа на проблемите. Знам дека сега им се додворуваат со сите средства на наставниците, кои и така голем дел се партиски, слепи послушници, за да ја искористат оваа заспаност во летниот  период. Овај вакуум сакаат да го искористат со добро познатата тактика, тотална амнезија на се што досега направиле во образованието”.

Фросина Митрушева, професорка по математика во СУГС Гимназија „Раде Јовчевски –Корчагин“, смета дека „се работи за формални, пропагадни промени, суштински ништо не се менува. И покрај тоа што нема да влезат оценките во просекот, сепак, има можност да влијаат при уписот во средно училиште и на факултет. Смируваат тензии кај родителите, инаку стресот кај децата нема да биде помал со овој начин на полагање”.

На прашањето како последните законски измени ќе влијаат врз наставниците, Митрушева вели:

„За наставниците нема никаква промена, останува механизмот на казнување и на наградување, на начин на кој ние не го поддржувавме. Тоа што го бараше Наставничкиот пленум и со што се согласуваат најголем дел од професорите е – да има екстерно кое ќе служи за дијагностицирање на проблемите во образование, а не што ќе служи за заплашување на професорите. Тоа не се направи”.

„Со ‘новиве’, измени уште повеќе ќе се направи раздор меѓу наставниците, со тоа што одделенските наставници се ‘помилувани’, а тие од шесто до девето одделение, ќе бидат на ‘стрелба’. Повторно ќе се јават ‘наштимани  оцени’, со благослов на директорите кои на одредени наставници, им  дозволуваат да влегуваат во просториите каде се одвива екстерното и да си ги ‘дотераат оценките’. Наше е да кажеме дека екстерното, вакво какво што е, и  со измени и без измени, мора  да се укине, се дотогаш, додека не се испитаат кои форми на екстерно оценување се најдобри, со претходно, добро направени студии и странски искуства”, ни изјави нашата втора соговорничка од Битола, наставничка која сака да остане анонимна.

М. Теговска

 

 

Tags: екстернозаконМакедонијанаставнициУченициЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ