• Latest

Бугарија пред нови избори, проф. Људмил Спасов со видео лекција за националистите, досега собрани 2,3 милиони долари донации за Украина

July 27, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Бугарија пред нови избори, проф. Људмил Спасов со видео лекција за националистите, досега собрани 2,3 милиони долари донации за Украина

July 27, 2022 16:30
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТИ НА ДЕНОТ

Бугарија пред нови избори, БСП утре ќе го врати мандатот

Бугарската Социјалистичка партија ќе го врати мандатот за нова коалициска влада откако не успеа да формира мнозинство во парламентот. 

„Она што се случи денеска му покажа на бугарското општество кој е на која страна од оваа линија на поделба – народот и партиите кои сакаат да се борат против корупцијата и оние кои сакаат да ја заштитат корупцијата“, изјави Свиленски od БСП.

Претседателот Румен Радев сега ќе треба да назначи привремена влада пред да се одржат нови избори, најверојатно во октомври. Социјалистите направија трет и последен чекор во обидот да формираат влада, откако коалициската влада на прозападниот реформистски премиер Кирил Петков поднесе оставка во минатиот месец по гласањето за недоверба.

ИЗЈАВА

Проф. д-р Људмил Спасов: Некои работи се учат од 5-то до 9-то одделение

Во опширното интервју за ЦИВИЛ Медиа универзитетскиот професор д-р Људмил Спасов кој, меѓу другото, е и претседател на Советот за македонски јазик, одговара на повеќе прашања поврзани со неговата научна работа во областа на лингвистиката, како и на актуелни општествено политички теми.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

На иницијатива на првата дама на Украина Олена Зеленска, на 23 јули се одржа вториот самит на првите дами и господа. Главната цел на настанот беше да се разговара за повоената иднина на нашата земја и светот, како и да се соберат средства за амбулантни возила за Украина. о почетокот на Самитот беа собрани над 2,3 милиони долари од донации. Собирањето средства продолжува и се спроведува преку платформата за прибирање финансиски средства United24.

*

Храброста на Украинците е инспирација за сите слободни народи и можеме само да замислиме колку инспиративна ќе биде победата на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање во вторникот навечер.

*

Соединетите Држави вложуваат максимални напори да и достават на Украина воена опрема, вклучително и HIMARS, одобрена како дел од најновиот пакет за безбедносна помош, стои во објавата на прес-службата на американското Министерство за одбрана на последниот разговор меѓу секретарот за одбрана Лојд Остин и украинскиот министер за одбрана Олекси Резников во вторникот., пренесува Укринформ.

МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ

Димитриевски: Национализмот може да ја разниша стабилноста и безбедноста на државата

Влијанието на национализмот и активностите на националистичките групи може да бидат многу негативни и директно може да влијаат на севкупната стабилност и безбедност во државата и во општеството, вели полковник Сретан Димитриевски од „Гардијан“ – Центар за антитероризам и мир, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Национализмот на политичката улица“.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Цивил организира панел дискусија на тема „Меѓу национализмот и ЕУ“, утре, четврток 28 јули, со почеток во 11 часот, посветена на говорот на омраза и националистичките наративи во политичкиот живот и на социјалните мрежи во Северна Македонија во контекст на отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Учесници на панелот ќе бидат Бобан Карапејовски, Александар Николиќ Писарев, а ќе се проследи и изјава на професорот д-р Људмил Спасов. Настанот ќе го модерира Џабир Дерала од ЦИВИЛ

ФЛЕШ ВЕСТИ

РАТИФИКАЦИЈА Собранието денеска на 82. седница со 103 гласа „за“ и два „против“ ги ратификуваше протоколите за пристапување на Република Финска и на Кралството Шведска во НАТО. Македонскиот Парламент првпат ратификува протоколи на нови земји аспиранти за членство во Алијансата, откако земјава официјално стана членка на НАТО на 27 март 2022.

ИНТЕГРАЦИИ Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес потпиша рамковна спогодба за превод на европското законодавство на македонски јазик со седум економски оператори.

ЗАКОН Собранието едногласно ја утврди потребата  по скратена постапка да се донесат законите со кои се зголемуваат платите за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција, информираат од Министерството за правда.

ОДБРАНА Во рамки на заедничките активности на Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на САД, со кои се изведува обука во координација помеѓу копнените и воздухопловните сили, денеска и утре на Армискиот полигон „Криволак“ ќе се реализираат летачки вежбовни активности со воени воздухоплови од Вооружените сили на САД.

СЛОБОДНА ЗОНА

Војо Маневски

„Економијата треба да е отворена како услов за поголем пазар и поголеми инвестиции. Уф, кога се сетам на низата науки и системи од деведесеттите каде ни препорачуваа што побргу да ја отвораме економијата, како прв услов за пазарен натпревар и слободна економија. А оно да ти било нешто сосема друго. Никој тогаш не ни објасни дека имаме неконкурентна економија и слаб правен систем, кој бргу ќе подлегне пред корупцијата и организираниот криминал“, вели Војо Маневски во „Отворен држава“

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ