Влијанието на национализмот и активностите на националистичките групи може да бидат многу негативни и директно може да влијаат на севкупната стабилност и безбедност во државата и во општеството, вели полковник Сретан Димитриевски од „Гардијан“ – Центар за антитероризам и мир, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Национализмот на политичката улица“.
Тој додава дека и навивачките групи играат значајна улога во општеството, бидејќи нивните националистички скандирања може да предизвикаат нестабилност и поделби меѓу граѓаните.
„За среќа темелите на мултикултурализмот се поставени кај нас и ние само треба да ги надоградуваме и унапредуваме, особено во доменот на образованието и културата.
Д.М.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Aриан Мехмети