ВЕСТ НА ДЕНОТ
Триесет години Армија, 30 години мир и стабилност, централната свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје
Четворица активни генерали, голем број офицери и подофицери како и илјадници регрути во 1992 година ја започнаа реализацијата на најголемата патриотска должност за обезбедување мир и стабилност на граѓаните на Република Македонија, кои само неколку месеци претходно на референдум се изјаснија за самостојна и независна држава со одвојување од долгогодипшното заедничко уредување со Југославија и тогашната ЈНА
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска се обрати на Централната свеченост по повод Денот на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје, фокусирајќи се на достигнувањата во триесет годишното постоење на Армијата, клучните одлуки донесени во овој изминат период, местото на Армијата во општеството како институција со најголема доверба, како и процесите на развој на одбраната, модернизацијата на Армијата и развојот и мотивацијата на сите армиски припадници и службеници во одбраната.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Вкупно 361 деца се убиени, а над 714 повредени во Украина од почетокот на руската инвазија, информира Украинското државно обвинителство на Телеграм.
„Над 1.075 деца во Украина се погодени од руската вооружена агресија. Од 18 август 2022 година, бројот на загинатите остана непроменет (361 дете). Бројот на повредените надмина 714 деца“, се наведува во извештајот.
*
За да ја ослабне поддршката на западните земји за Украина и да го оддалечи наративот од нејзините воени злосторства, Русија се обидува да ги оквалификува нападите врз Крим како акти на тероризам.
„Руското раководство и рускиот националистички информативен простор се повеќе инвестираат во оформувањето на неодамнешните украински напади врз руските воени средства на Крим како терористички акти со цел да се оддалечи информативниот наратив од руското кршење на меѓународното право и да го повика Западот да ја назначи Русија како држава спонзор на тероризмот“, се вели во извештајот на американскиот Институт за проучување на војната.
.*
Утрото, руските трупи повторно го нападнаа Харкив. Едно лице загина, а уште 18 лица се повредени, еден преживеан во тешка состојба.
„Руските окупатори утрото удриле во студентски дом во областа Слобидски во градот Харков. До сега 18 лица се повредени, од кои две се деца. Едно лице загина“, објави на Телеграм Олех Синехубов, началник на Регионалната воена управа на Харков.
*
Украинските дипломати, нашите нуклеарни научници и МААЕ се во постојан контакт, сега работат на испраќање на мисијата на МААЕ во АЕЦ Запорижја. Само апсолутната транспарентност и контрола на ситуацијата во и околу АЕЦ Запорижја за украинската држава, за меѓународната заедница и за МААЕ може да гарантира постепено враќање на нормалната нуклеарна безбедност, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.
Тој нагласи дека руската армија мора да се повлече од територијата на АЕЦ и од сите соседни области и да ја одземе воената опрема од станицата. Тоа треба да се случи без никакви услови и што е можно поскоро.
.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Панел дискусија на Зелен Цивил: Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија
Заменик-министерката за животна средина, Христина Оџаклиеска, Георги Клинчаревски и Анета Минчева, од Одделението за заштита на животна средина во Шуто Оризари учествуваат на панел дискусијата на Зелен ЦИВИЛ на тема „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“.
Модераторка на панел дискусијата е Биљана Јордановска, реализацијата е на Ариан Мехмети, а снимател е Атанас Петровски.
Панел дискусијата е дел од „Зелена читанка“ – Проект за развој на ресурси засновани на факти за подобрување на знаењето и јакнење на јавната свест за зелените вредности, теми, политики и перспективи, што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
Зелен ЦИВИЛ е организациска единица на ЦИВИЛ, формирана во 2009 година.
ФЛЕШ ВЕСТИ
СВЕЧЕНОСТ Премиерот Димитар Ковачевски денеска учествуваше на централната свеченост која се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје на која Армијата на Република Северна Македонија со гордост го прослави својот јубилеен роденден и ги одбележа достигнувањата во текот на својот триесет годишен раст и развој.
ТРАНСПАРЕНТНОСТ Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.
ИЗБОРИ Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека согласно заклучокот на 69 седница на Владата на Република Северна Македонија, 20 aвгуст 2022 година (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово, заради непречено спроведување на изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуша, градоначалник на Општина Центар Жупа и членови на Советот на Општина Тетово и истиот нема да се одработува, имајќи го предвид Изборниот законик.
ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА Реките пресушуваат и ги загрозуваат европските хидролектрани и нуклеарни централи. Пред четири години нивото на водата во Рајна падна толку многу што оваа многу важна река, која е столб на економијата во Германија, но и во Холандија и Швајцарија, престана да биде пловна во сите нејзини делови. Ситуацијата доведе до прекини во речниот транспорт и трговијата со гориво, суровини и храна, и до загуби од 5 милијарди евра. Летово истото деструктивно сценарио не само што се повторува, туку се проширува на водотеците низ цела Европа, заканувајќи се со многу поголемо влијание врз нејзината економија,
ДИЈАЛОГ Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти денеска се среќаваат во Брисел во нова рунда дијалог за нормализација на односите, со посредство на ЕУ, по повеќе од една година,
Д.Мишев