• Latest

Ден на независноста на Украина: Историјата на празникот и неговото свето значење за Украинците

August 23, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ден на независноста на Украина: Историјата на празникот и неговото свето значење за Украинците

August 23, 2022 14:08
in КОНТЕКСТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДАРИЈА ЃОРГИЕВСКА

На 24 август Украина ја слави 31-та годишнина од Независноста, но сите ние веруваме дека се наближува уште поважен ден – победата над руските освојувачи.

Украина трасираше исклучително долг и тежок пат до својата државност. Според историските податоци, се работи за илјадагодишна историја која започнува уште од времето на Антскиот сојуз и Кијивска Рус. Сепак, ќе допреме до поновите, потврдени историски факти кои имаа значително влијание врз формирањето на модерна Украина како независна и суверена држава.

17 век: на територијата на модерна Украина е формирана Козачката држава. Козаците повеќе од сто години се бореле за независност на своите земји, но не можеа да ја задржат долго време.

18 век: територијата на модерна Украина ја делат неколку империи, вклучувајќи ја и руската. Украинците продолжија да живеат во заробеништво во следните двесте години.

19-ти век-почеток на 20 век: во Украина се раѓа национално движење, чиј развој води до Украинската револуција од 1917-1921 година и до обновување на украинската државност. Се формира законодавно државно тело – Централна Рада, која го прогласува создавањето на Украинската Народна Република, а подоцна – и независноста на Украинската Народна Република.

Во 1919 година, Актот на Злука го потврдува суверенитетот на украинските земји.

Меѓутоа, подоцна ние повторно ја губиме нашата држава до следните настани.

На 24 јули 1990 година, украинското сино-жолто знаме, за прв пат од 1920 година, се развеа над Кијивскиот градски совет, а на 28 јануари следната година беше одобрено како официјален државен симбол. На овие значајни настани им претходеше усвојувањето од страна на Врховната Рада на Декларацијата за државниот суверенитет на Украина на 16 јули 1990 година, како и голем митинг на жителите на Кијив (повеќе од 200.000 жители на главниот град се собраа во близина на градскиот совет), кои бараа свечено кревање на државното знаме над зградата.

Зошто сина и жолта? Според една верзија, сината боја го симболизира мирното небо на Украина, а жолтата боја ги симболизира нејзините бескрајни полиња со пченица. Според друга, тоа се симболи на двата главни елементи на природата: водата и оганот. Украинското знаме има и религиозно значење: жолтата го претставува Бога Создателот, а сината претставува сè на земјата. Патем, постои и Ден на националното знаме на Украина – тој се слави на 23 август.

Првото кревање на знамето, Кијив, 1990

На 24 август 1991 година беше усвоен „Актот за прогласување Независност на Украина“, а на 1 декември истата година беше одржан Сеукраинскиот референдум, според чии резултати повеќе од 90% од граѓаните го поддржаа новиот, посебен и важен статус на нашата држава. Ова укажува на тоа дека Независноста не ја избраа политичарите, туку самите граѓани – од Запад, Исток, Југ, Центар и Север на Украина. Прилично елоквентно, зарем не?

Прославата на украинската независност, Кијив, 1991.Генерално, Денот на Независноста за нас не е само свечен настан, дополнителен слободен ден или формалност: тој е ден од највисока вредност, кој е вграден во ДНК на секој свесен Украинец. Независност, нескротливост, непокорност – токму овие зборови соодветно го опишуваат портретот на нашата нација во очите на светот – особено сега, кога за слободата и можноста да живееме во сопствената, суверена и мирна земја, плаќаме неискажливо високо цена – десетици илјади човечки животи…

На 24 февруари 2022 година, Руската Федерација започна инвазија од големи размери на територијата на Украина со цел да ни го одземе ова право, за повторно да се обидат да не покорат, скршат, сотрат, да го уништат она што го градевме со децении. Така, оваа година нема да ја гледаме традиционалната парада на воена опрема, нема да гледаме со восхит на нашите прекрасни бранители кои чекорат по главната улица на Кијив под државни знамиња, бидејќи сите тие ја бранат нашата земја, нашата волја и Независност по цена на нивните животи.

Каде и да сме (во подрум, криејќи се од непријателските ракети, во бегалски камп во туѓина или дома), ние ќе облечеме традиционална, длабоко значајна вишиванка (традиционална украинска облека – забелешка на уредникот), ќе запалиме свеќи и ќе се молиме за тоа ужасната , крвопролевачката и апсолутно неоснована војна што ја започна РФ да заврши што поскоро и нашите деца да растат под мирно сино небо.


Авторката е новинарка од Украина. Текстот е личен став на Авторката. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ