• Latest
Никола Наумоски

За што ќе дискутиравме денес ако не ја направевме грешката минатата година?

September 17, 2022
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

За што ќе дискутиравме денес ако не ја направевме грешката минатата година?

Ова време минатата година скопската јавност се бавеше со развојните проекти во градот – со изгледот и функционалноста на новите мостови и булевари, со претставување на изгледот на улиците со новиот БРТ, со новите зелени скверови, со новите рекреативни содржини на Водно и Градски Парк... Сега сето тоа го нема. Ем затоа што имаме градоначалничка која не работи ништо, ем затоа што жената единствено ја интересираат парите и во наредните три години нема да работи ништо, освен да го товари своето магаре.

September 17, 2022 13:30
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, СТАВОВИ, ТОП 5
Никола Наумоски

Никола Наумоски

Share on FacebookShare on Twitter

НИКОЛА НАУМОСКИ

Ретко кој од гласачите на Арсовска денес е задоволен со својата одлука од минатите избори. Поголемиот дел од нив, гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, деновиве се гневни на нејзиниот однос со нивните директори. Помалите партии го загубија и она малку влијание кое го имаа во градските институции, помалите независни групи се срамат од нејзините потези, Ромите протестираат за активна дискриминација од градот, Албанците ги изгубија директорските и раководните места, медиумите добија нетранспарентност, членовите на Советот добија навредливо игнорирање… Практично во јавноста нема ниту некаква група, ниту некоја важна личност задоволна од работата на Данела Арсовска. Никој не е задоволен, освен таа самата. Деновиве дочекавме и новинари од скопски редакции отворено да бараат оставка од градоначалничката, (невообичаено дури и за македонските прилики) иако не поминала ни ¼ од нејзиниот мандат.

Завчерашното чаталење во Советот на Град Скопје ја покажа Арсовска во нејзиното вистинско светло. Експлодираше откако беше прашана за контактот со претставник на еден од понудувачите на 136 милионски тендер, за кој што таа го разреши директорот на Водовод. Притоа, Арсовска е таа која што се обидела да влијае на тендерот барајќи смена на комисијата непосредно пред отворањето на понудите. Според тоа, нема тука никакви чесни намери од двете страни и мора да ни биде на сите јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска не се скараа од политички причини, туку од економски. Заради пари.

Арсовска ја помина првата година карајќи се и осветувајќи им се на своите кадри. Директорите на ЈСП, Паркинзи, Улици и Патишта, Лајка, Дрисла, Водовод, Зоолошка, Генералниот Секретар на Градот, раководителите на сектори во администрацијата, портпароли и шефови на кабинет, сите се жртви на нејзиниот светски менаџмент, иако таа самата ги донесе во градот. Лошите кадровски одлуки се својствени за дилетантки во менаџментот, а не за извонредните менаџерки за каква што ѝ се продаде на скопската публика Данела Арсовска пред изборите. Јас не можам да се сетам на пример во компаративната политика каде политичар сменил толкав дел од својот тим толку рано во мандатот. Дури и познат его-манијак како Доналд Трамп немаше толку чести и рефлексни отпуштања од работа како Претседател, а човекот се прослави со реално шоу на темата!

Во услови кога немате квалитетни соработници, на кои не им верувате, кои не ја познаваат работата, кога со нив не комуницирате (Арсовска едноставно не одговара на мејлови, пошта или повици), не можете да очекувате нови проекти. Жената која дојде на власт со ветување за бесплатен јавен превоз и 250 нови електрични автобуси, со месеци не може да спроведе ни јавна набавка за принтери и тонери за својата администрација. Но, во случајот со Арсовска запрепастува и нејзината неволност и неможност да ги доврши или продолжи проектите за кои веќе има обезбедени финансии, проекти, реализирани јавни набавки, завршени процедури. Проекти од општа корист, за долгорочен развој на градот, проекти за кои немало никаква аргументирана опозиција, Арсовска можеше да ги остави процесите да се движат по инерција и на крајот единствено да ја пресече црвената лента пред камерите.

Еве што ќе се случуваше во градот, листа на процесите што Арсовска ги запре:

  • БРТ тендерот ќе беше завршен и ќе се градеше по улиците (обезбедени финансии, градежен и сообраќаен проект)
  • Мостот Михајло Апостолски ќе беше веќе прооден за возила (веќе 8 месеци го поминуваат пешаци и велосипедисти) и Аеродром и Керамидница ќе беа поврзани и со нови линии на јавниот превоз.
  • Мостот на Љубљанска ќе се градеше (градбата продолжи летово после неколку месеци пауза) со веќе обезбедените пари од ТАВ
  • Пречистителната станица која што се гради со европски и владини пари немаше да доцни заради тендерски местенки (на штета на животната средина и угледот на градот и државата пред меѓународните финансиски институции)
  • Град Скопје ќе беше вселен во новата градска куќа, а просторот кај денешните бараки во Градски Парк отстапен за јавни потреби.
  • Универзална сала ќе беше со затворена карабина и ќе се набавуваше ентериерот и опремата (со пари обезбедени од Министерство за Култура)
  • Галијата кај Холидеј Ин ќе беше отстранета (спроведена јавна набавка и изведувач)
  • Ќе се проектираше нов/прошируваше мостот Обединети Нации за нова лента за БРТ и нови велосипедски и пешачки патеки
  • Ќе се реконструираше бул. Теодосиј Гологанов кај АМСМ со нови тротоари, велосипедски патеки и дрвореди (веќе спроведена јавна набавка и избран изведувач)
  • Ќе се проширеше и уредеше бул. АСНОМ со средишно зеленило, велосипедски патеки и дрвореди во делот на Ново Лисиче (проектиран и буџетиран во 2022)
  • Греењето ќе беше во градски раце со веќе формираното градско претпријатие за таа намена (АД ГЕС), откако Владата и го понуди на Арсовска, а таа го одби.
  • Есенинова ќе беше пуштена во употреба со што драстично ќе се намалеа сегашните гужви кај Тутунски Комбинат (изградена и пробиена траса)
  • Луна паркот ќе беше започнат со градба (проектиран и буџетиран за 2022)
  • Ќе беше започнат со градба зелениот кров на Мавровка (проектиран)
  • Клучките кај Момин Поток и Јадранска Магистрала ќе беа во понапредна фаза без непотребната неколкумесечна пауза
  • Таблите со старо-новите имиња на улиците ќе беа поставени низ Скопје
  • Град Скопје ќе ја поднесеше апликацијата за Европска престолнина на културата 2028 (веројатно рокот ќе се пропушти заради неактивност и неажурност)
  • Дрисла ќе добиеше погон за цврст отпад – дробилица за градежни материјали (обезбеден грант кој што Арсовска не го спроведува)
  • Ќе продолжеше поставувањето на новите контејнери
  • Активно ќе се работеше на новиот ГУП кој требаше да биде донесен до крајот на 2022 (изгубена е цела година без никакви активности)

И за сево ова Арсовска не мораше ни да мрдне со прст за да се реализира. Многу повеќе напор и труд е потребно да се вложат за сево ова да се саботира. Да погледнеме денес кај ни е градот убав и за што се расправаме како невести на селска чешма – за тендери, за партиски вработувања, за криминали… Ова време минатата година скопската јавност се бавеше со развојните проекти во градот – со изгледот и функционалноста на новите мостови и булевари, со претставување на изгледот на улиците со новиот БРТ, со новите зелени скверови, со новите рекреативни содржини на Водно и Градски Парк… Сега сето тоа го нема. Ем затоа што имаме градоначалничка која не работи ништо, ем затоа што жената единствено ја интересираат парите и во наредните три години нема да работи ништо, освен да го товари своето магаре.

Сега, кога Арсовска не ужива веќе ничија поддршка (освен на Инфомакс и еден советник во градот), а и кога очигледно не се снаоѓа баш најдобро на новото работно место, редно е да се погледне во огледало и да биде искрена со себе. Им одзема доволно време на Скопјани, што побрзо се повлече – тоа подобро. Што помалку барања за оставки, толку посочуван образ на нашата светски позната менаџерка од Ѓорче. А и повеќе изгледи за нови кариерни можности низ Европа, светот и пошироко!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ