• Latest

Вистиномер: Видеото не прикажува „група италијански патриоти“, туку неофашистички протест од 2013 кога Фон Дер Лајен не беше претседателка на ЕК

October 2, 2022
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Видеото не прикажува „група италијански патриоти“, туку неофашистички протест од 2013 кога Фон Дер Лајен не беше претседателка на ЕК

October 2, 2022 18:23
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Видеото споделено во постот е од инцидент кој датира од 2013 година, a луѓето прикажани на него не се никакви италијански патриоти, туку неонацистичка група. Во периодот кога се случил овој инцидент Урсула Фон Дер Лајен воопшто не беше претседателка на Европската Комисија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува видео. Описот на видеото дезинформира. Во објавата се вели:

Пред извесно време, група италијански патриоти отидоа во седиштето на ЕУ во Рим, го тргнаа знамето на ЕУ и го заменија со италијанско. Заканите на корумпираниот, неизбран тоталитарски политичар Фон дер Лајен не ги плашат Италијанците.

Споделеното видео трае 48 секунди и на него се гледа дека човек се качува на скала и го отстранува знмето на ЕУ од зграда пред која е собрана група демонстранти. Меѓутоа, видеото е споделено со опис кој е надвор од контекстот. Настанот е од инцидент кој датира од 2013 година, луѓето прикажани на него не се никакви италијански патриоти туку неонацистичка група, а во периодот кога се случил овој инцидент Урсула Фон Дер Лајен воопшто не беше претседателка на Европската Комисија, како што се инсинуира во постот кој го рецензираме.

За инцидентот има повеќе медиумски известувања, како, на пример, оној на Ројтерс. Според тоа што е објавено на Ројтерс на 14 декември 2013 година, италијанска неофашистичка група поставила скала пред зградата на Европската Комисија во Рим и го отстранила знамето на ЕУ, после еднонеделни протести поради економски потешкотии во земјата. Крајно десничарски активисти, биле уапсени после овој инцидент и обвинети за кривично дело кражба, спротивставување на службени лица и неавторизиран протест, според тоа што го изјавила полицијата. Видеоснимката прикажува дека имало неколку десетици демонстранти во Рим, коишто носат маски во зелена, бела и црвена боја, како италијанското знаме и поставуваат скала пред зградата на извршното тело на унијата од 28 држави (Европската Комисија). Еден од демонстрантите потоа се качува на терасата, го сече знамето на ЕУ и го фрла во толпата која е долу. Некои од присутните носат симболи околу вратот кои што ги симболизираат Италијанците кои се самоубиле поради финансиски потешкотии, што претставува сензитивна политичка тема. Според Ројтерс, полицијата потоа го вратила знамето во зградата на Европската Комисија. Дел од учесниците биле блиски до антиимигрантската грчка партија Златна Зора.

Десетмина демонстранти биле уапсени, а меѓу нив бил и заменик претседателот на неофашистичкото движење Каса Паунд, крајно десничарски активист и симпатизер на Бенито Мусолини.

Припадници на ова неофашистичко движење самите објавија проширена верзија од видеото споделено во постот што го рецензираме. Ова видео на својот Јутјуб канал тие го поставија на 19 декември 2013 година, со наслов  „Каса Паунд блиц во канцеларијата на ЕУ. Украдено знамето, полициски обвиненија, 14 декември 2013 година“. 

Во постот што го рецензираме, пак, се споменува претседателката на Европската Комисија (моменталната) Урсула Фон Дер Лајен со што дополнително се дава лажна импресија дека видеото е од периодот во којшто таа е претседателка на Европската Комисија. Фон Дер Лајен, стана претседателка на ЕК во 2019 година, шест години откако е снимено видеото споделено во постот. Ако се погледне биографијата на Урсула Фон Дер Лајен, евидентно е дека во периодот кога е снимено видеото од постот, таа била министерка и не била дел од ЕК.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како пост во кој се пропушта контекстот. Видеото е од 2013 година. Поради тоа што во постот се споменува тековната претседателка на Европската Комисија, се добива лажна импресија дека тоа е од неодамнешен датум. Дополнително, лицата на видеото не се никакви италијански патриоти, туку се неофашисти, од кои дел биле уапсени за повеќе обвиненија после горенаведениот протест кој е прикажан во видеото.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ