• Latest

Морачанин: Партиите во Македонија треба да останат доследни на својата идеолошка прирадност и програмските определби

October 20, 2022
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

September 17, 2025

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

September 17, 2025
Trump arriving to the UK
Source: screenshot CBS

Трамп синоќа пристигна во Велика Британија во втора државна посета

September 17, 2025
Фото: ЦУК

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари

September 17, 2025

Продолжен притворот за нови 48 часа на четворицата за пожарот во Трубарево

September 17, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш за ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Морачанин: Партиите во Македонија треба да останат доследни на својата идеолошка прирадност и програмските определби

October 20, 2022 13:31
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

„Она што јас го гледам, особено во изминатиов период е дека опозицијата се обидува да има добри односи со граѓанските здруженија, со невладините организации. Тоа е добро затоа што сите ние како политички партии мора да бидеме во тесна соработка со граѓанските здруженија, бидејќи тие се во непосреден контакт со граѓаните, а целта на политичките партии е да ги артикулираат барањата, гласовите на граѓаните“, смета пратенчката и претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.

Во разговор со ЦИВИЛ Медиа, Морачанин зборуваше за бенефитите од внесувањето измени и дополнувања во Законот за граѓански здруженија и фондации и во Законот за политички партии, како и за разликата меѓу двата во однос на санкционирањето доколку не се испочитуваат законските одредби.

 „Целта за поднесување на измените и дополнување на Законот за граѓански здруженија и фондации, потекна од предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и како што и елаборираа – тоа е заради овие случувања во изминатиов период со отворање на клубови поврзани со имиња на фашистички соработници во времето на фашизмот и нацизмот и апсолутно тоа е недозволиво и нормално дека ги иритира граѓаните.

Предлог Законот беше поддржан со консензус од сите политички партии. Паралелно со овој Закон се поднесе предлог Закон за измена на Законот за политички партии. Суштината и на едното и на другото законско решение е дека не треба да има ниту граѓански здруженија и фондации, ниту политички партии коишто во своето име, симболи, статут, програма, дејствување би овозможувале, поттикнувале фашизам, нацизам, нетолеранција, омраза по било која основа. Тоа е суштината на двата предлог закони“, вели Морачанин.

„За ДОМ антифашистичките, анти-националистичките вредности се дел од нашата програма, од нашето дејствување, затоа овие законски решенија за нас се прифатливи и затоа даваме поддршка. Се надевам дека овие законски измени и ќе се реализираат“, додава Морачанин.

Морачанин зборуваше и за потребата од спречување на промоција на идеологии кои се штетни за општеството.

„Идејата е само да се спречи промовирање на вакви апсолутно недозволиви, антицивилизациски случувања во однос на поттикнување на омраза, нетолеранција, фашизам, нацизам, дискриминација. Мислам дека партиите се оддалечуваат од вредностите кои барем им стојат во имињата, што не е случај во ЕУ“, рече Морачанин.

„Во предлог Законот нема такви законски одредби за соодветно санкционирање или што би се случило за политичките партии, за разлика од предлог Законот за Граѓанските здруженија и фондации, каде што се наведува дека во рок од три месеци, Здруженијата треба да го сменат своето име, програма. Доколку тоа не се случи ингеренциите се во Министерството за правда и министерот би требало во рок од четири месеци да даде мислење тоа здружение да престане. Во предлог Законот за политички партии нема таква одредница, но во понатамошната дебата можеби ќе има амандмани на Законот“, изјави пратеничката на ДОМ во контекст на отсуството на санкции во Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за политички партии.

Биљана Јордановска

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    204 shares
    Share 82 Tweet 51
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ