• Latest

Заврши штрајкот на ЈСП, политичките партии првенствено треба да се во борба против фашизмот, британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка

October 20, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Заврши штрајкот на ЈСП, политичките партии првенствено треба да се во борба против фашизмот, британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка

October 20, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Хаос во Скопје, утрово скопјани останаа без градски превоз поради штрајк на вработените во ЈСП, градот не им исплатил плати 

ЈСП продолжува со нормалното функционирање, откако градот Скопје изнајде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието, се вели во соопштението од претпријатието.

Повикуваат, менаџментот на претпријатието во ликот на Управниот одбор на истото веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата „поради несоодветно менаџирање со претпријатието, поттикнување и предизвикување на хаос“.

ЈСП продолжува со нормално функционирање

Граѓаните денеска до накај 15 часот не можеа да ги користат услугите на јавниот градски превоз откако синдикатите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) од 04:30 часот утрово, започнаа со штрајк поради неисплатени плати од страна на Град Скопје.

Хаос во Скопје, утрово скопјани останаа без градски превоз поради штрајк на вработените во ЈСП, градот не им исплатил плати 

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ

Митрески: Тоа што важи за граѓанските здруженија мора првенствено да важи за политичките партии во борбата против фашизмот

Со едногласна поддршка пратениците во Соборанието, во вторник, гласаа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за граѓански здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за политички партии, поднесен од СДСМ.

На оваа тема разговараме со пратеникот и координаторот на пратеничка група на Коалицијата „МОЖЕМЕ“, Јован Митрески.

Во разговор со ЦИВИЛ Медиа, Морачанин зборуваше за бенефитите од внесувањето измени и дополнувања во Законот за граѓански здруженија и фондации и во Законот за политички партии, како и за разликата меѓу двата во однос на санкционирањето доколку не се испочитуваат законските одредби.

Морачанин: Партиите во Македонија треба да останат доследни на својата идеолошка прирадност и програмските определби

Ременски: ВМРО-ДПМНЕ може да има проблем од аспект на оградување од историскиот континуитет во контекст на измените на Законот за политички партии

„Од аспект на кредибилитет, многу субјекти во државава имаат проблем да истапат со одредени барања коишто биле своевидна пракса во минатото. Но од аспект на легитимитет и легитимност да го дадат како Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија на граѓани и фондации, секако дека секој политичка партија го има тоа право. Истото го имаат и пратениците, независно дали припаѓаат на една политичка партија или се група на пратеници“, вели професорката Фросина Ременски, во контекст на кредибилитетот и легитимноста на ВМРО-ДПМНЕ во барањето за измени и дополнувања на Законот за граѓански здруженија и фондации.

Ременски: ВМРО-ДПМНЕ може да има проблем од аспект на оградување од историскиот континуитет во контекст на измените на Законот за политички партии

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Во Брисел денеска се одржува објаснувачкиот скрининг состанок за Поглавјето 20, „Претпријатија и индустриска политика“, на кој вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ рече дека имаме високо ниво на усогласеност во оваа област и оти Владата е посветена на создавање поволна и атрактивна бизнис клима за инвестиции и водење бизнис, преку развивање стратешки рамки.

Маричиќ: Поглавјето 20 патоказ за поконкурентна економија, преговорите со ЕУ важни за развојот на македонските бизниси

ОСУДА Во врска со Декларацијата на Советот на Општина Благоевград, Министерството за надворешни работи ги осудува непримерните квалификации во содржината кои се однесуваат на македонскиот народ, соопштуваат од МНР.

МНР ги осуди непримерните квалификации кои се однесуваат на македонскиот народ во Декларацијата на Советот на Општина Благоевград

ОБРАЗОВАНИЕ Јасмина Вукиќевиќ, посебен советник во МОН, како дел од владината делегација предводена од Бојан Маричиќ вицепремиерот задолжен за европски прашања, изминативе денови учествуваше на скрининг објаснувачките состаноци за поглавјето 26 – образование и култура, на кои македонската делегација ги доби препораките и насоките за ова важно прашање, информираат од МОН.

МОН е подготвено за успешно спроведување на препораките на ЕУ

ЕУ Добрососедските односи се суштински дел на евроинтергративниот процес, а процесот на пристапување во ЕУ може да помогне за поголема промоцијата и унапредување на односите, не мора да значи откажување од историјата и идентитетот, туку напоротив. Членството носи предности како поголема стабилност, просперитет и демократска одговорност, порача евроамбасадорот Дејвид Гир во обраќањето на конференцијата „Можности за проширување“, како дел од серијата настани што ги организираат чешката Амбасада во земјава заедно со Амбасадата на Чешка во Бугарија.

Гир: Процесот на пристапување во ЕУ не мора да значи откажување од историјата и идентитетот, туку напоротив носи стабилност и просперитет

ЕКОНОМИЈА Македонскиот ГА-МА и бугарскиот Булгартрансгаз ќе склучат Договор за интерконекција за интерконективна точка Ќустендил/Жидилово. Двата оператори на гасоводот ги покануваат корисниците на мрежата да земат учество на јавната консултација за бизнис правилата од проектот, објави Булгартрансгаз на својата веб-страница.

Постигнат договор за ставање на бугарскиот гасовод на располагање на Македонија

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Уште 12 тела на убиените од руските војници за време на окупацијата се пронајдени во ослободените населби во регионот на Доњецк, објави началникот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.

Пронајдени 12 тела на цивили убиени од Русите за време на окупацијата во регионот Доњецк

По масовниот руски ракетен напад врз Украина на 10 и 11 октомври, темата „тоа не сме ние“ што претходно ја развиле пропагандистите на Кремљ се претвори во „да го повториме тоа“ и „крајно време е“, го пренесува Укринфор истражувањето на украинскиот Центар за стратешки комуникации и информациска безбедност.

Масовна хистерија на пропагандистите на Кремљ, повикуваат на редовни ракетни напади врз цивилни цели во Украина

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

„Различности, (не)дискриминација и искуства“ е темата на која ќе се отворат прашања на следниот панел на ЦИВИЛ, што ќе се одржи на 21 октомври (петок) во 13 часот во Прес студиото на организацијата.

Различни култури, различни општини, различни искуства во справување со дискриминацијата на локално и државно ниво е темата на која ќе дадат свои видувања учесниците на панелот.

Јавен настан на ЦИВИЛ: „Различности, (не)дискриминација и искуства“

СЛОБОДНА ЗОНА

Љубомир Koстовски во анализата насловена „Колапс: Локалните управи паѓаат пред ветувањата – нула исполнувања по една година“, пишува: Една година после локалните избори е сосема јасно дека резултатите на истите е само збир на лажни ветувања – бесплатен градски превоз, колошки автобуси, таблети за учениците, исхрана во училишните ресторани…

Колапс: Локалните управи паѓаат пред ветувањата – нула исполнувања по една година

Зоран Бојаровски во анализата насловена „Една напред за Данела Арсовска, три години назад за Град Скопје и скопјани“ пишува: После една година од работата на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска главниот град на државата, наместо напред, се врати најмалку три години назад.

Имено толку години хронолошки изминаа од потпишувањето на договорите вредни 136 милиони евра со Европската банка на обнова и развој (ЕБОР) и со Европската инвестициона банка (ЕИБ) за изградба на пречистителната станица за отпадни води на Скопје на 20 декември 2019 година.

Една напред за Данела Арсовска, три години назад за Град Скопје и скопјани

Дијана Тахири во колумната насловена „Скопјотрес, или „пешки му е мајката“! пишува:Непотребно е да се напомене дека Арсовска за (сега веќе) една година мандат на управување со главниот град, успеа да го сврти вниманието, но и бесот на граѓаните со своите (како што вчера при враќање со автобус накај дома, кога дознавме дека денеска нема да имаме превоз, еден од патниците ја нарече “малце ко недоквакана, час се смее во воздух, час глуми тигрица од село“) дезориентирани, ретки но „впечатливи“ јавни настапи и уште „повпечатлива“ работа. Никако да се реши дали нешто што ветила „ќе има“, или „ќе нема“. Зависи од учеството по тендери, така личи. Но да ја оставиме Арсовска, мислам дека е крајно време да се потегнат кои и да се тие механизми за менување на градоначалник.

Скопјотрес, или „пешки му е мајката“!

Борјан Јовановски во колумната насловена „Мазохизам како стил на политичко живеење – или зошто уживаме во негациите, игнорирајќи ги афирмациите“, пишува: И додека Џамбаски и слични маргиналци во Бугарија се ѕвезди на медиумската сцена во Македонија, не забележав било кој да ја пренесе изјавата на двајца пратеници од европскиот парламент, Пицула и Немец, кои многу јасно рекоа дека македонскиот јазик и употребата на терминот Македонци не се никаков проблем во европските институции, што наведува на еден грд впечаток дека ова јавност просто ужива во негациите на македонскиот идентитет кои доаѓаат од типови како Џамбаски, додека сè друго, од многу порелевантни извори кои го тврдат спротивното, не предизвикуваат никаква емоција или внимание.

Мазохизам како стил на политичко живеење – или зошто уживаме во негациите, игнорирајќи ги афирмациите

Марјан Забрчанец на Фејсбук пишува „Уште колку Данели се кријат низ општините раководени од ВМРО медарска“

„Нивната победа на локалните избори за само една година донесе голем пораз за граѓаните, за општините и за јавното добро.

Мицкоски убеди мнозинство од граѓаните на Скопје да гласаат за најнеспособниот градоначалник во историјата. Каква е таа победа? Не е пирова, туку е антидржавна, победа врз народот. Народот изгуби, за тие да брцаат во мед“.

Забрчанец: Уште колку Данели се кријат низ општините раководени од ВМРО медарска

Соња Крамарска во колумната насловена „Скопјани добија бесплатно „возење” – на партиски рингишпил“ пишува: Ваква катастрофа во главниот град не е видена никогаш. Како што не се случило и една политичка соработка меѓу градоначалник и партијата која го кандидирала и изгласала, да пропадне само за една година. Не само да пропадне туку и да прерасне во безмилосна војна која резултира со парализа на државната метропола со над половина милион население.

Што е следно? Штрајк на комуналното претпријатие и Скопје да се задуши во ѓубре? Штрајк на претпријатието за паркинг и да настане нов сообраќаен хаос?  Или Паркови и зеленила да го саботираат и она малку зеленило што остана во градот? Недонесување на градскиот буџет кој ќе се гласа во декември?

Навистина, која е следната фаза од одмаздничката акција на ВМРО-ДПМНЕ кон Арсовска и нејзиниот, за волја на вистината, империјалистички поход во главниот град?

Скопјани добија бесплатно „возење” – на партиски рингишпил

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ