• Latest

Ременски: ВМРО-ДПМНЕ може да има проблем од аспект на оградување од историскиот континуитет во контекст на измените на Законот за политички партии

October 20, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Ременски: ВМРО-ДПМНЕ може да има проблем од аспект на оградување од историскиот континуитет во контекст на измените на Законот за политички партии

October 20, 2022 12:37
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Од аспект на кредибилитет, многу субјекти во државава имаат проблем да истапат со одредени барања коишто биле своевидна пракса во минатото. Но од аспект на легитимитет и легитимност да го дадат како Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија на граѓани и фондации, секако дека секој политичка партија го има тоа право. Истото го имаат и пратениците, независно дали припаѓаат на една политичка партија или се група на пратеници“, вели професорката Фросина Ременски, во контекст на кредибилитетот и легитимноста на ВМРО-ДПМНЕ во барањето за измени и дополнувања на Законот за граѓански здруженија и фондации. 

Каков е кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ да предлага измени на закон што се однесува на граѓанскиот сектор, кога со пред неколку години вршеа судско-политички прогон и медиумска хајка на истите, што со истите измени во законот за политички партии на предлог на СДСМ, дали одговорноста кај нив е поголема и што со санкционирањето на политичките субјекти доколку не ги испочитуваат законските одредби, беа тема на интервјуто на ЦИВИЛ Медиа со професорката Ременски.

Со оглед дека предлог измените во овие два закони се одговор на отворањето на клубовите „Ванчо Михалјов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид, за кои имаше бурни реакции во јавноста за нивното именуање по личности познати по нивните нацистички и фашитички убедувања, Ременски зборуваше и за безбедносниот аспект во една поширока рамка на внатрешната безбедност под влијание на надворешни фактори, во случајот односот со Бугарија.

„Моите информации зборуваат дека иницијативата за една таква измена на Законот не доаѓа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, туку напротив, доаѓа од парламентарното мнозинство. Очигледно е дека брзината на поднесување е прашање на некој маневар и искористување на првенство да се каже дека опозицијата е за измени на Законот, што би можела да санкционира и менување на културните клубови коишто предизвикаа сериозна и оправдана граѓанска реакција (Клубот Ванчо Михајлов во Битола, Клубот Цар Борис Трети во Охрид).

Но јас сметам дека прашањето заслужува поширок опфат на анализа. Точно е дека измените и дополнувањата на Законот ги даваат тие основни параметри што се сѐ осудува, кои идеологии, кои однесувања, предизвиканите реакции, осудата на фашизмот како идеологија, незастапувањето на антисемитизмот, национал-социјализмот, но ако погледнете во минатото имало голем број идеологии кои биле осудувани, но реално постојат идеологии од денешен современ контекст коишто сериозно негуваат корени од некои минати движења коишто ги именуваме и како нацизам и како фашизам, вели Ременски.

Ременски го посочи германското искуство и легислатива по однос на оваа прашање, кога станува збор за делувања понесени од идеологии што промивираат фашизам, нео-нацизам и сл.

„Само за пример, германскиот директор на Управата за заштита на Уставниот поредок и сојузната министерка за внатрешни работи во изминатиот период, заедно со нивните претходници сериозно се зафаќаат со безбедносно третирање на идеологиите, движења, независно дали се политички партии, невладини организации или неформални движења, коишто враќаат екстремистичка идеологија, насилна, неонацистичка, или како што тие ја нарекуваат „политички мотивирана крајна десница“. Значи не само крајната десница, туку и крајната левица, зафаќаат еден сериозен простор којшто во еден даден момент може да предизвика реакција и акција којашто е на ниво на осудувана идеологија. Сериозните рекомпонирања на таа цивилна сфера и безбедносна сфера во Европа сѐ повеќе ја акцентира потребата од сузбивање на делување, токму на тие организации, кои од позиции на идеологии можат да мотивираат криминалитет од омраза“, вели Ременски.

Јас сметам дека ова не е само прашање на именување на партии, граѓански здруженија и фондации, туку е прашање на малку поширок мониторинг над оние што именуваат одредени свои субјекти. И трговските друштва, зошто не би биле дел од тие измени. Дејноста е само различна, но именувањата секако можат да предизвикаат некакви реакции, ако се тоа да кажеме имиња кои што не се славни во минатото. Меѓутоа, можете да имате идеално име, а да имате не идеално делување. Односно да имате скриена идеологија којашто не може на прва да ја видите во активностите на едно такво здружение или организација.

„Можеби треба да се следи тој паритет со измените на Законот за фондации и граѓански здруженија, со рокови. Во тој случај не би бил Централниот регистар што ќе треба да усогласува , туку тоа би бил Граѓанскиот суд, односно судијата за регистрација на политички партии. ВМРО-ДПМНЕ може да има проблем од аспект на оградување од историскиот континуитет преку којшто се редат имињата и на Тодор Александров и на Ванчо Михајлов и тоа може да предизвика одредени несогласувања во Собранието околу тој дел на казните и санкциите и времето на усогласување. Но, јас имам, би рекла, основана резерва дека ние и во идеална ситуација ќе имаме реакции по однос на именување на неспорни историски личности“, вели Ременски околку санкциите кои ги има во Законот за фондации и граѓански здруженија, но не се предвидени во измените на законот за политички партии.

Биљана Јордановска
камера и монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ