Во својата колумна „Медиуми, објективност и мелено месо“(објавена на ЦИВИЛ Медиа на 4 октомви 2022), Џабир Дерала зборува за медиумите наспроти реалоноста.
Личноста „А“ вели дека надвор врне, а личноста „Б“ вели дека е сончево. Работата на новинарките и новинарите не се состои само во тоа – да ги пренесат (речиси механички) нивните тврдења – туку да појдат до прозорецот, да видат што се случува и да известат дали врне или е сончево. Ова е често повторувана анегдота илустрира што е новинарството. Колку и да е добра, оваа илустрација е, сепак, премногу едноставна и, би рекол, апсолутно застарена. Кога навистина би било така, сѐ би било многу поедноставно.
Всушност… Надвор има силно невреме. Поплавата носи мртви тела од луѓе кои не ги послушале спасувачките екипи. Биле убедени дека „Господ ќе ги спаси“, а не хеликоптерите и чамците што ги пратиле властите. Властите се „дел од западниот сатанистички заговор“ против семејните вредности и не треба да им се верува на нивните „корумпирани спасувачки екипи“. Ќе го чекаат Господ.