• Latest

Има ли Данела Арсовска план да се справи со загадувањето или само ќе се слика со зајдисонца – Скопје меѓу 10-те најзагадени во светот

November 3, 2022

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Има ли Данела Арсовска план да се справи со загадувањето или само ќе се слика со зајдисонца – Скопје меѓу 10-те најзагадени во светот

November 3, 2022 12:38
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вчера отиде да се фотографира и да покаже дека веќе се гледаат контурите на првиот мега-парк во Скопје, паркот „Даме Груев“ во општината Ѓорче Петров, кој веројатно се наоѓа на загадена почва, но нема време да се позанимава со хигиената, сообраќајниот ред и загадувањето во главниот град.

Според информациите на ЦИВИЛ Медиа паркот се простира на површина од над 30.000 метри квадратни, а дел од отпадот од депонијата не е транспортиран до Дрисла, туку е само затрупан со слој земја, но Арсовска трет ден молчи за безбедноста на почвата, колку е истата контаминирана и штетна за посетителите.

Дополнително како што дознава ЦИВИЛ Медиа, компанија која нема дозвола за собирање и транспорт на отпад издадена од Министерството за животна средина, го превезувала отпадот од депонијата во Волково до Дрисла.

Иако според договорите ЈП Улици и патишта Скопје имаат склучено договор со Градот  за расчистување на  дел од работите во паркот, тие за ЦИВИЛ Медиа тврдат дека се ангажирани конкретно само за изведба на пешачките патеки, по налог на Град Скопје.

-Бидејќи акцијата за расчистување на отпадот при подготовка на теренот за изградба на патеките ја водеше Град Скопје, потребните информации може да ги добиете од лицата кои се надлежни во Градот, велат во одговорот од ЈП Улици и патишта Скопје.

Според инспекцијата извршена од страна на Државниот инспекторат за животна средина, компанијата ДТГТ Вато ДОО од Студеничани собрала и транспортирала до Дрисла 4.766 метри кубни отпад од дивата депонија во Волково, за што подоцна се информирани и службите на Град Скопје.

Скопје 7-ми град по загаденост

Скопјани живеат во нечист град, немаат редовен градски превоз, може да останат без вода, и официјално според податоците на  интернет страницата „Iqair“ денеска Град Скопје се на 7-то место на најзагадена земја во светот.

А во главниот град и вчера воздухот беше загаден, според податоците, најзагадено беше во Миладиновци, каде мерната станица покажуваше 155 ПМ10 честички на метар кубен. Во Лисиче, пак,133 ПМ 10 честички на метар кубен.

Отсуството на јавен превоз на некои линии, сообраќајниот хаос со возниот ред на ЈСП се дополнителна причина скопјани да ги користат своите автомобили за да стигнат навреме да ги завршат обврските, а со тоа се зголемува и загадувањето.

Но, со оглед на тоа дека уште нема конечна разврска во финансирањето на овие претпријатија, а Арсовска претходно го одби проектот за БРТ систем, очигледно е дека зимава ќе го заземеме и првото место на најзагаден град во светот.

Соња Танеска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ