• Latest

Руската амбасада во Северна Македонија со провокација: „Косово е Србија – Крим е Русија“

November 8, 2022

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ПРОПАГАНДА

Руската амбасада во Северна Македонија со провокација: „Косово е Србија – Крим е Русија“

Опозициската партија Алијанса за Албанците (АА) побара од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, да го повика рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин за да побара објаснување и да протестира за објавениот твит од Руската амбасада во Скопје.

November 8, 2022 12:19
in ПРОПАГАНДА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Руската амбасада во Северна Македонија, на 6 ноември, на Твитер сподели мурал од Северна Митровица на кој пишува „Косово е Србија – Крим е Русија“.

„Напомена, Русија е плус Луганск, Доњецк, Запорожје и Керсон“, е провокацијата на руската дипломатија објавена на Твитер.

Објавата на Твитер на Руската амбасада во Република Северна Македонија има околу 300 споделувања, речиси 2.000 допаѓања и десетици коментари.

Ваквата руска пропаганда и провокација доаѓа откако европските лидери се обидуваат да најдат мирно решение за надминување на кризата во северно Косово.

Опозициската партија Алијанса за Албанците (АА) побара од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, да го повика рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин за да побара објаснување и да протестира за објавениот твит од Руската амбасада во Скопје, со кој е објавена фотографија од националистички мурал во Косовска Митровица, на кој стои „Косово е Србија, Крим е Русија“.
„Алијанса за Албанците ја осудува неодамнешната провокација на руската амбасада во Скопје на Твитер, со која сериозно се прекрши Уставот на земјата којшто го признава Косово како независна и суверена држава.
Северна Македонија е исто така јасно усогласена со Западот во осудата на руската агресија врз Киев и во одбраната на територијалниот интегритет на Украина. Северна Македонија, како земја кандидат за членство во Европската Унија, не смее да дозволи вакви малигни влијанија од акредитирана амбасада во Скопје. Молкот пред ваквите провокации може да се сфати како легитимирање на проширувањето на руската агенда на Балканот, којашто заедно со воено поттикнувачката политика на Србија кон Република Косово, се директна закана за мирот и безбедноста во регионот, како и саботирање на Европска перспектива на Западен Балкан“, велат од АА.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, истакна дека Република Северна Македонија со внимание ја следи ситуацијата во северот на Косово, чие натамошно влошување може да претставува сериозен предизвик врз стабилноста на регионот.

„Како непосредни соседи на двете земји, упатуваме апел за воздржување од активности кои можат да доведат до ескалација на состојбите, враќање во институциите на системот, и активно и неодложно продолжување со дијалогот кој силно го поддржуваме и охрабруваме.

Изнаоѓањето на трајно решение кое ќе обезбеди меѓусебно признавање и европска иднина за двете земји претставува единствениот начин за долготрајно нормализирање на односите кое е од интерес не само на двете страни, туку и на целиот регион“, објави Османи на својот Фејсбук профил.

На 1 ноември 2022 година, Владата на Република Косово започна со спроведување на планот за пререгистрација на табличките со српски ознаки на градовите во Косово, издаден од Србија, како што е КМ (Косовска Митровица). Планот за пререгистрација требаше да започне на 1 август, откако Косовските власти соопштија дека регистерските таблички ќе бидат заменувани со привремени и дека дополнителните полициски сили се разместени за имплементација на „реципроцитетот“.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ