• Latest

Енергенсите се уште ја контролираат инфлацијата, цените растат во цела Европа

November 15, 2022

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026

Србија гласа: Висока излезност, насилни инциденти и стравувања од постизборна криза – се зборува за „план Б“ на Вучиќ (ИНФОГРАФИК / ВИДЕО)

October 25, 2026
Панчево, Србија, 25 октомври 2026

Маскирани напаѓачи со метални шипки и факели нападнаа млади луѓе во Панчево (ВИДЕО)

October 25, 2026

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Енергенсите се уште ја контролираат инфлацијата, цените растат во цела Европа

November 15, 2022 14:51
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Цените во септември во Еврозоната пораснале за 9,9 проценти споредено со месец октомври лани, инфлацијата во целата ЕУ пак изнесува 10,9 проценти и достигна највисоко ниво од воведувањето на еврото како заедничка валута во 1999 година.

Енергенсите во септември биле поскапи за 40,7 проценти во однос на истиот месец лани, додека животните продукти се продавале за 12,7 проценти поскапо.

Во целата Европска унија покачувањето на цените достигна рекордна вредност од 10,9 проценти. Додека пак во Унгарија, Латвија, Литванија, Моладавија итн, таа се искачи на повеќе од 20 насто.
Најниско ниво на инфлација Евростат регистрирал во Франција (6,2 %), во Малта (7,4 %) и во Финска (8,4 %), додека во Германија изнесува 10 проценти.

Евростат користи поинакви пресметувачки методи, што го оневозможува споредувањето во меѓународни рамки. Во август цените во 19 земји од Еврозоната беа за 9,1 процент повисоки во однос на истиот месец минатата година, а во целата ЕУ – за 10,1 процент.

Подрастичен пример за високата инфлација е Турција, во која месечниот скок на цените достигнува и до 80 отсто.

Стапката на инфлација бележи постојан раст од ноември 2021 година, а посебно се зголемува од крајот на февруари, со почетокот на руската инвазија врз Украина и скоковитиот пораст на цените на енергијата.

Инфлацијата претставува просечна промена на цените на избрана група производи и услуги коишто се дел од вообичаената потрошувачката на едно просечно домаќинство во една економија. Секое зголемување на цените на некој производ или услуга не мора да значи и идентично зголемување на инфлацијата, бидејќи важно е и учеството на тој производ/услуга во вкупната потрошувачка, односно неговото учество во структурата на инфлацискиот индекс. Исто така, ефектот од цените коишто растат може да биде делумно или целосно неутрализиран од цените коишто се намалуваат во структурата на индексот.

 

Зошто растат цените во Македонија

Во септември, инфлацијата во Македонија изнесувала 18,7 отсто, во Србија 14 отсто, во Хрватска 12,8 отсто, во Босна и Херцеговина 17,3 отсто, во Црна Гора 16 отсто и во Словенија 10 отсто. Во октомври, инфлацијата во нашата земја го достигна историскиот максимум, со опасност таа да влезе во инфлаторна спирала, од која тешко се излегува.

Според професорот Ванчо Узунов недостигот од реална конкуренција на страната на понудата на домашниот пазар, се користи од страна на трговските компании за неосновано зголемување на цените во услови на криза.

-Тоа се гледа од движењето на цените на храната на светските пазари, кои бележат стабилизирање, за разлика од цените во Македонија, кои се во постојан пораст, а треба да биде регулирано од Комисијата за заштита на конкуренција, вели Узунов за ЦИВИЛ медиа.

Според Узунов инфлацијата зависи од повеќе фактори и разликата од 2 или 3 проценти меѓу државите не менува многу.

-Инфлацијата пред се зависи од структурата на економијата, увозот на производи кои се веќе инфлаторни, можноста на една земја да ги задоволи домашните производствени потреби, а во случајов најмногу зависи од цената на енергенсите во Европа и светот. И покрај тоа што има стабилизација, сепак се уште нема целосна сигурност и сите се во очекување на нови цени на енергенсите, но и затегнување на монетарната политика, додава Узунов.

Што треба да знаеме за инфлацијата?

Стапката на инфлација е еден од основните економски показатели ширум светот, преку којшто се следи промената на цените во една економија. Во економската теорија, под инфлација се подразбира раст на општото или просечното ниво на цени во економијата. Доколку промената на општото ниво на цени е негативна, односно ако цените во просек бележат пад, тогаш зборуваме за дефлација.

Денес, постои општ консензус за потребата од одржување ниска и стабилна инфлација, како предуслов за одржлив економски раст и отворање нови работни места. Постигнатиот консензус произлегува од веќе потврдените последици од високата инфлација, којашто создава несигурна средина и со тоа предизвикува нарушувања во одлуките на потрошувачите и инвеститорите.

Иако не постои прецизна дефиниција за стабилноста на цените, таа обично се толкува како ниска, позитивна и стабилна инфлација. Само при стабилни цени, вашиот имот ја одржува својата вредност низ годините, инвеститорите се спремни да преземат инвестициски одлуки и економијата во целост се движи напред. Во оваа смисла, стабилниот и предвидлив амбиент е основен предуслов за економски развој. Од овие причини, ценовната стабилност во економијата е најчестата крајна цел на монетарната политика, а воедно ценовната стабилност е основната цел и на монетарната политика на Народната банка на Република Северна Македонија.

 

Како се мери инфлацијата?

Инфлацијата се мери и се следи преку соодветен ценовен индекс, којшто опфаќа одреден број производи и услуги. Списокот на производи и услуги, дефиниран за пресметка на индексот, во суштина ја одразува структурата на личната потрошувачка на едно просечно домаќинство.

Поради тоа што е невозможно да се направи целосна покриеност, вообичаено се прави избор на производи и услуги коишто се предмет на масовна потрошувачка. Главниот извор на информации за дефинирање на листата на производи и услуги коишто влегуваат во нашиот ценовен индекс е Анкетата за потрошувачката на домаќинствата (којашто се спроведува од страна на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија). Промени во листата на опфатени производи и услуги се прават повремено, со оглед на тоа дека не се случуваат чести промени на куповната листа, но снимањето на цените на производите и услугите се врши секој месец, во определен временски период. Снимањето на цените и пресметката на ценовниот индекс, исто така, се извршува од страна на Државниот завод за статистика.

Производите и услугите избрани во листата немаат исто значење во потрошувачката на домаќинствата. Затоа, при пресметката на индексот се води сметка секој производ или услуга да бидат претставени на списокот според нивното учество во структурата на личната потрошувачка. Соодветно на тоа, секој производ и услуга добиваат соодветна тежина или значење. Кај нас, тековно, најголемо учество имаат прехранбените производи (околу 40%), коишто најмногу се купуваат, наспроти на пример, производите од категоријата „рекреација и култура“ коишто имаат едно од најниските учества (околу 3%).

Во нашата економија, Државниот завод за статистика ги пресметува и ги објавува индексите на цените. Постојат повеќе ценовни индекси, при што како мерка за инфлацијата се користи индексот на трошоците за живот, изработен според меѓународни стандарди за класификацијата (COICOP ‒ Classification of individual consumption by purpose). Според оваа класификација, производите и услугите опфатени во овој ценовен индекс се групирани во дванаесет основни групи, коишто опфаќаат повеќе видови производи и услуги.

 

Како се интерпретира инфлацијата?

Што ни покажува инфлацијата, којашто изнесува на пример 2% на годишно ниво, во март? Таа покажува дека општото или просечното ниво на цените во март тековната година, во споредба со нивото на цените во март претходната година е повисоко за 2%. Што значи, цените во просек се повисоки за 2%, при што е можно цените на некои производи да се зголемиле, а на други да се намалиле, но во просек, промената е позитивна и изнесува 2%. Покрај тоа, се следи и просечната (или кумулативна) инфлација, којашто е всушност просечна промена на ценовното ниво во период од повеќе месеци, на пример во периодот јануари ‒ март оваа година, во споредба со периодот јануари ‒ март од претходната година.

Соња Танеска

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ