• Latest

Скопје се гуши додека Данела руши, продолжуваат лажните закани со бомби во училиштата, Столтенберг смета дека инцидентот во Полска бил ненамерен

November 16, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Скопје се гуши додека Данела руши, продолжуваат лажните закани со бомби во училиштата, Столтенберг смета дека инцидентот во Полска бил ненамерен

November 16, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Скопје се гуши додека Данела руши (или реконструира)

Според податоците на интернет страницата „IQair“, град Скопје денеска е на 11 место по загаденост во светот. Според денешните податоци на Winix кој користи информации од Министерството за животна средина, за проверка на квалитет на воздухот, врз основа на средни часовни вредности, Скопје е најзагаден град во земјата. И денеска најзагадено е во Центар, Лисиче, Гази Баба и Миладиновци со 155 ПМ 10 честички на метар кубен.

Кој е крив?

На локалните избори во октомври 2021 година, Град Скопје, ја добива Данела Арсовска за градоначалничка, со големи ветувања  како парк за иновации и бесплатните автобуси или 15 проекти што ќе придонесат кон подобрување на имиџот на Скопје, пред сѐ да прерасне во град/метропола во која здраво се живее и делува, во која се води сметка за заштита на животната средина.

Што вети Данела, а што исполни?

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Остануваат уставните измени, знам дека одлуката на пратениците не е лесна, но очекувам да покажат државничко однесување. Секако дека имаат избор да остават се како што било, да ја остават земјата во стагнација и неизвесност, но уверен сум дека ќе бидат на ниво на задачата со цел подобра иднина за сите нас и за идните генерации. Пратениците се претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да бидат дел од ЕУ заради севкупните општествени придобивки, економскиот напредок и демократијата“, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

„Северна Македонија го има своето место во ЕУ и европскиот пат треба да го изоди до крај. Земјата постигна голем напредок. Напорите треба да продолжат. Тоа не е секогаш лесно, но тие напори се важни за да може да се зајакне и правната држава“, рече француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун, по денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МВР Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека седум училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави

ОБРАЗОВАНИЕ Владиниот портпарол, Душко Арсовски денеска на новинарско прашање за ставот на Владата за протестите на студентите и нивните барања, рече дека Владата им е сојузник на студентите и оти ќе продолжи со заложбата за олеснување на студентскиот живот и студирањето.

ЕНЕРГИЈА Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, Владата од денеска преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја. Ќе презентира корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Нема индикации дека синоќешниот инцидент во Полска бил намерен, ниту дека Русија подготвува воен напад врз НАТО, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција по вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет.

*

Лидерите на Г7 и НАТО кои учествуваат на самитот на Г-20 на Бали остро ги осудија постапките на Русија, која одговори на светските повици за мир и прекин на војната со масовен ракетен напад врз Украина. Тие изразија поддршка и за Полска, каде што во експлозија во близина на границата со Украина загинаа две лица, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на својот Твитер профил и  објави свое видео обраќање.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Меѓународен ден на толеранцијата: ЦИВИЛ повикува на меѓусебно разбирање, почитување и мирољубив дијалог

На Меѓународниот ден на толеранцијата, ЦИВИЛ потсетува и повикува на јакнење на јавната свест за опасностите од нетолеранција, ги промовира универзалните човекови права и слободи, и почитувањето, прифаќањето и уважувањето на различноста. Исклучително важно е сите актери во општеството и во државата да покажат максимална волја и подготвеност за обединување на различностите независно од етничките, верските и расните разлики, политичките убедувања, социјалната положба и сексуалната ориентација.

ЦИВИЛ најостро го осудува говорот на омраза што се шири во јавната комуникација. Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи дека под објавите на социјалните мрежи секојдневно се упатуваат грозни закани, повици на насилство и изрази со говор на омразата насочени кон организацијата и кон авторките и авторите на анализи и ставови на медиумската платформа на организацијата.

СЛОБОДНА ЗОНА

Дијана Тахири

Ние не знаеме, повторувам, не знаеме за ужасите доживеани од бомби и убивања среде бел ден во јавни простори, безбедни места како што би требало да бидат институции, а највеќе училишта. А заканите за бомби полека стануваат секојдневие, „аха, пак ли некој се зеза“! Нема страв, алармот за страв како да е исклучен. Освен акциите од страна на МВР по секоја нова дојава. Играчка, пишува Дијана Тахири во колумната „Тенка е линијата од лажни до вистински бомби!“.

Љубомир Костовски

Дали на повлекувањето на руските трупи на левиот брег на реката Дњепар (Днипро) е точката на која фронтот се претвора во некаква „Мажино линија“, влегува во статична фаза? Дали тоа не дава време за евентуалната инерција на мировниот ветер? Па, руската одбрана веќе мина на користење на теоријата на Кутузов (повлечи се и почекај зимата да го стори своето) ама тоа се смета како знак дека време агресорот да ја преиспита целата своја историска грешка и да бара чесен мир, што и да претставува тоа за левиот брег на големата река. Но, дали автократот Путин, онака осамен во своите дворски одаи, е подготвен воопшто да го слушне зборот – мир?, пишува Љубомир Костовски во анализата „Може ли Путин да склучи било каков мировен договор?“.

Емилија Целакоска

„Од А следува Б“. Дали сме свесни дека од ова А=>Б произлегува целата наша технолошка цивилизација и воедно, сиот наш здрав памет.

Ново А=>Б, со помош на претходни а=>б се воспоставува тешко, со научно откритие. Кога ќе се открие некоја поблага закономерност, со помош на статистички методи, на пример, 70-процентна, се решава проблемот сѐ до суштинско докажување на 100-процентна закономерност. За, ако важи А, да знаеме дека ЌЕ важи Б. Постигнатите следства А=>Б ги чуваме и негуваме. Таа нега на вакво чувствително ‘ркулче на интелигенција какво што нема друго во познатата наша вселена, сме ја оствариле во вековите пред нас, скоро редовно пропратена со забрани, палења, спалувања, затворања, убивања, истоштувања, жртви… пишува Емилија Целаковска во колумната „Нултата компонента за заробување држава“.

Зоран Бојаровски

Терминот „говор на омраза“ е опфатен во два кластера и споменат дури 18 пати во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија во евроинтегративниот процес за 2022 година. Со тоа, Европската Комисија го издвои говорот на омраза како особено актуелна тема, за која се формулирани неколку препораки, пишува Зоран Бојаровски во анализата „ЕУ во Извештајот за Северна Македонија: Да се подобри спроведувањето на законодавството за говор на омраза“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ