• Latest

Скопје се гуши додека Данела руши (или реконструира)

November 16, 2022
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Скопје се гуши додека Данела руши (или реконструира)

November 16, 2022 13:31
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Според податоците на интернет страницата „IQair“, град Скопје денеска е на 11 место по загаденост во светот. Според денешните податоци на Winix кој користи информации од Министерството за животна средина, за проверка на квалитет на воздухот, врз основа на средни часовни вредности, Скопје е најзагаден град во земјата. И денеска најзагадено е во Центар, Лисиче, Гази Баба и Миладиновци со 155 ПМ 10 честички на метар кубен.

На почетокот на 2021 година Град Скопје се пофали дека според индексот на  „IQair“ за 2020 година, Скопје се наоѓа на 38 место по загаденост во светот, односно на 17 место, ако се земат предвид мерењата само на ПМ 2.5 честички во воздухот, односно подобрување во однос на 2018 и 2019 година.

„Ако во 2018 година, во Скопје се измерени 34.0 µg/m³ ПМ 2.5 честички, оваа бројка во 2019 паѓа на 32.4 µg/m³ ПМ 2.5 во воздухот а во 2020 имаме 30.6 µg/m³“, стои во тогашното соопштение на Град Скопје.

Во 2021 година според извештајот на „IQair“ за просечна годишна концентрација на PM2,5 (μg/m3) за регионалните главни градови во опаѓачки редослед, Скопје се наоѓа на 25 место по загаденост со 27.7 PM2,5 (μg/m3), што во споредба со 2020 е пад за 8 места. Во Европа сме на 4 место по загаденост како земја, а во светот, според извештајот за 2021 сме на 34 место, што е пад за 4 места.

Кој е крив?

На локалните избори во октомври 2021 година, Град Скопје, ја добива Данела Арсовска за градоначалничка, со големи ветувања  како парк за иновации и бесплатните автобуси или 15 проекти што ќе придонесат кон подобрување на имиџот на Скопје, пред сѐ да прерасне во град/метропола во која здраво се живее и делува, во која се води сметка за заштита на животната средина.

Што вети Данела, а што исполни?

  • Бесплатен автобуски превоз ( не само што јавниот превоз не е бесплатен, туку во последниот месец се соочи и со исплата на вработените во јавниот превоз, раскинување на договор со приватен превозник, а на сметката на Град Скопје стојат нереализирани 70 милиони евра за подобрување на јавниот превоз)
  • 250 еколошки автобуси ( ниту екологија, ниту автобус, а подобрување на јавниот превоз, нема да се реализира, не било нејзино ветување)
  • Зелениот градски совет во соработка со невладиниот сектор ( не постои, ниту пак има најава за негово формирање)
  • Субвенции за млади до 29 години за електрични велосипеди ( повикот заврши – Средствата што Градот Скопје ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на еден велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и во износ од 50% од вредноста на еден електричен тротинет, но не повеќе од 8.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход – ако младо лице од 15 до 29 години сака да купи електричен тротинет, најевтиниот може да го најде за 20,000 денари, а ако сака велосипед, најевтиниот е 13,000 денари)
  • 82 дена акционен план за чистење на дивите депонии во градот ( на пример, се исчисти депонијата во Општина Ѓорче Петров, на истата локација се планира мега-парк, најверојатно на загаден почва, а истовремено се создава депонија на нова локација)
  • Пречистителна станица ( За пречистителна станица Скопје се обезбедија 136 милиони евра, одложен проект заради „битката за тендери на довчерашните партнери Данела Арсовска и ВМР-ДПМНЕ, со што Скопје останува и понатаму еден од последните главни градови во Европа без станица за пречистување на отпадните води“)

Ако на нешто работи градоначалничката, тогаш реконструирањето и оди во прилог, најавена е реконструкција на 36 мостови, а барем еднаш месечно се отпочнуваат реконструкции на улиците низ Скопје, било потребно или не, ќе се види допрва.

„Зелено“ Скопје се гуши, наместо да дише, а за подобрување на состојбата не помага ниту Советот на Град Скопје. Наместо со работа и предлози како да се надмине загрижувачката состојба со загадувањето и сочувување на „зеленото“ во градот, се грабаат микрофони, се извикуваат погрдни зборови, се дели колачот меѓу „независната“ градоначалничка, „агресивната“ Левица и „алчното“ ВМРО-ДПМНЕ…

Да не ги заборавиме и 700.000 дрвја кои придонесоа кон „прочистување“ на воздухот во Скопје.

Б. Јордановска/Зелен ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ