• Latest

Скендери од „Ромалитико“: Балансерот ја нанесе најголемата штета првенствено за ромската заедница

November 25, 2022

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Скендери од „Ромалитико“: Балансерот ја нанесе најголемата штета првенствено за ромската заедница

November 25, 2022 11:36
in ИЗЈАВИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ одржа јавен настан на тема „На чија услуга е балансерот“.

На панелот се отворија прашања во однос на балансерот при вработување на административни службеници, а во контекст на процентуалната застапеност на етничките заедници во земјава, (зло)употребата на алатката, и можни решенија како што е понатамошното функционирање, но со поинаква регулација, или отстранување на истата.

-Често се случува Гостивар да биде еден од примерите за негување на мултикултурализмот, односно меѓуетничките односи се на високо ниво и се почитуваат правата на сите заедници. Можам да кажам дека тој примат Општина ГОстивар го носи од многу одамна. Во рамки на балансерот, морам да кажам дека тој ја нанесе најголемата штета првенствено за ромската заедница. „Ромалитико“ години наназад ги анализира повиците за позициите кои се отвараат за државниот и јавниот сервис. Се уште стоиме на 1,3% на застапеност, а треба минимумот да биде 2,6%. Се уште стоиме на 0,3% за разлика од останатите заедници. Ромите се уште се презастапени во јавните комунални претпријатија. Значи во јавните комунални претпријатија имате најмногу Роми, но кога зборуваме за државните органи, за јавната администрација, тогаш најмалку се застапени Ромите, изјави Суад Скендери од „Ромалитико“.

-Со развојот на сите случувања во државата, балансерот најпрво претставува математичка формула, пресликана во алгоритам кој треба да помогне на јавната и државнат администрација, односно застапеноста да биде за сите заедници. Таа формула или балансерот како целост претставува сериозен проблем запомалите етнички заедници, посебно за Ромите, само затоа што балансерот знае да направи грешки. Балансерот знае да фаворизира некои етнички заедници, балансерот знае да направи поголема штета отколку корист за заедниците, додава Скендери.

-Се наоѓаме во длабока криза на разбирањето на мултикултурализмот и во застапеноста и правичноста посебно во јавните органи. Големата идеја на балансерот беше да почуствуваме дека сме дел од државата. За да почуствуваме дека сме дел од државата и општествените текови, треба да бидеме во тие текови. Само во последните три месеци, во објавените повици за државната и јавната администрација имате пет отворени позиции за Роми, потенцира Скендери.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ