• Latest
Зоран Иванов (фото: ЦИВИЛ)

Одрон на патот

December 19, 2022

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ПО ДОПРЕН ГЛАС

Одрон на патот

Во духот и на светското фудбалско, на лажливците, на маскираните во патриоти, треба конечно да им го покаже црвениот картон и... од својот европски пат да го расчисти одронот ВМРО-ДПМНЕ.

December 19, 2022 12:39
in ПО ДОПРЕН ГЛАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Зоран Иванов (фото: ЦИВИЛ)

Зоран Иванов (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ИВАНОВ

Ваков онаков, секаков, никаков, факт е дека СДСМ и овој пат ја турка земјава кон извесност.

Со нужното партиско дистанцирање поради професионални новинарски скрупули, а за потврда на горната констатација, еве факти:

Секогаш кога во овие изминати три декади, еве веќе и нешто долго, СДСМ е партијата, политичката сила, политичкиот фактор кој ја поттурнува државата Македонија од заглавувањето во сопствената кал. Од оние бездни во кои најчесто, поради некакви     популизми, а всушност, се потврдуваше, манипулации, и самите се втурнувавме. Попрецизно, во кои најчесто нè туркаа грабливи, корумпирани партиски водства.

Па, по ред, само онака, хронолошки површно:

1991-ва, СДСМ (СКМ-ПДП) е за референдумот. За волја на вистината, со задршка. ВМРО-ДПМНЕ против. Исто така, за волја на вистината, ВМРО-ДПМНЕ приоритетно посакуваше осамостојување на Република Македонија со изгласување декларација во народното собрание, повикувајќи се тогаш на хрватскиот пример. Но, им шепнаа странците дека Хрватска сепак во некој период била посебна држава, а Македонија не, па референдумот од некаков меѓународно правен аспект би бил целисходен и ВМРО-ДПМНЕ, што е право, право е, тогаш тргна во кампања тој да успее.

Понатаму:

1993-та, Македонија влегува во ООН. Со ФИРОМ. Со ФИРОМ, но во ООН. 181-ва рамноправна членка на светската заедница на држави. И тогаш СДСМ „за“, ВМРО-ДПМНЕ „против“.

Тоа против, баш фино, легитимно и согласно меѓународните правни стандарди. Но шансите за ООН со тоа нејзино „против“, никакви. Грчкото лоби во Њујорк пресилно за кревката и сè уште, како меѓународен субјект, недефинирана држава, туку да биде дел од светската заедница на држави. Па, сепак, ВМРО-ДПМНЕ и тогаш изигруваше, само продаваше, патриотизам. За во ООН го бараа уставното име на државата, а како некој друг тоа да не го сакал.

Популизмот и тогаш, како и сега, за малку ќе нè доведеше во позиција, наместо членка на ООН, во тие тогашни турбулентни воени балкански времиња, воопшто и да опстанавме како држава. Веројатнио ќе бевме како сè уште актуелните и меѓународно и не признати и недефинирани Јужна Осетија, или пак како Абхазија, на пример. Ќе бевме територија без дефиниција. Држава без европски, без светски првенства, без евровизија. Ниту држава ќе бевме, ниту бутур.

Понатаму:

1997-ма, т.н. „студентски протести“ под закрила на и тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Протести против албанскиот јазик на Педагошкиот факултет, а всушност и тогаш, како впрочем и сега, гола борба за власт. Но и тогаш, како што тоа ќе се случи и сега со ЕУ блокадата, времето бргу ги демантираше.

Не само на Педагошкиот и не само поради Рамковниот, туку поради општествените и националните потреби, оттогаш никнаа десетина универзитети на албански. Ете, толку од политичкото визионерство на ВМРО-ДПМНЕ. На партијата заспана во далечното минато, во историскиот ров од каде што, и да сака не, не може да ја види ниту македонската сегашност, а камо ли пак македонската иднина.

Понатаму:

2001-ва, тероризам, војна, конфликт, борба за права и еднаквост, што и да беше. Се стаса до Рамковниот. Сите „за“ само ВМРО-ДПМНЕ беше за – „не“. Си потпишаа и тие како „попче“ и, во својот партиски „патриотски“ манир, киднаа без поздрав.

Понатаму:

2018-та и Преспанскиот. Конечно, откако Грција во 1992, на самитот на ЕЗ (ЕУ) во Лисабон успеа европските партнери да ги „убеди“ од името на државата да ни го избришат нашиот елементарен државен, па и национален идентитет, да го избришат „Македонија“ и да не разобличат и како нација и како држава, конечно договор со Грција. Конечно и во ООН и воопшто меѓународно, сме Македонија. Не ФИРОМ и не фиромци. Северна, ама Македонија. И конечно и во ООН и Македонија и Македонци и јазик македонски. Но, и тогаш популистичката ВМРО-ДППМНЕ пак на сцена со антимакедонски, со  наметнат идентитетски отпор. Како идеолошка инерција или како вкоренета популистичка партиска матрица  да манипулира, сеедно, пак – против. Против „Северна“, а во превод, практично за „ФИРОМ. За „Поранешна“. За „Поранешна Македонија“. Поранешна.

Во меѓувреме, од криза во криза. Не само режим, туку и Пржино 1, па Пржино 2, па Пржино 2-а, па рушење режим со Шарена и „бомби“, па инцидентни избори и уште по инцидентно собрание, па пред тоа 24-ти декември, па години потоа и 27- ми април… И, зад сè, зад секоја од тие тоталитарни акции, кој друг, ако не ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму:

2022-ра, оваа, актуелна уште десетина дена. Почнува скринингот. Македонија, конечно, по близу две децении стапнува на ЕУ патот. Стапнува и – пак, кој друг, ако не ВМРО-ДПМНЕ, ја спрепнува на првиот чекор. Во партијата и самите не знаат зошто. Знае само нивното водство. Да дојде до фотелјите кои носат моќ и привилегии. Пак нешто мрмкаат без став, без дефиниции за тоа каде и како натаму. Цената, пак Македонија. И тоа, овој пат, европска и еве нè, откако ги пребродивме и Париз и Софија и Брисел, неочекувано или пак токму очекувано, пред внатрешна ЕУ пречка – ВМРО-ДПМНЕ.

Нам, на Македонците, на сите граѓани на Република Северна Македонија, ни останува обврската, пред сè, потребата, одронот да го расчистиме. Наспроти актуелното водство на ВМРО-ДПМНЕ, да го сториме тоа заедно со нивните партиски членови и симпатизери, со тамошните вистински родољуби. На избори или пред избори, сеедно, Европа чека на нас.

Татковината предолго е влечена наназад. „Војводите“ од ВМРО-ДПМНЕ, тие итри ненародни популисти, тие преправени патриоти, доволно, цели три децении, ги демонизираат македонските перспективи.

Македонскиот народ, граѓаните на Република Северна Македонија, актуелно во духот и на светското фудбалско, на лажливците, на манипулаторите со националните чувства, на маскираните, на лицемерите, конечно, треба да им го покаже црвениот картон и…

… од својот европски пат да го расчисти одронот олицетворен во ова актуелно водство на ВМРО-ДПМНЕ.


Извор: CivilMedia | Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕЕУидентитетисторијаОНпопулизамСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ