• Latest

Градската мајка, маќеа за културата, тројно помал буџет од годината во пандемија

December 29, 2022

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Градската мајка, маќеа за културата, тројно помал буџет од годината во пандемија

По сообраќајот, Данела Арсовска ја парализира и културата

December 29, 2022 21:05
in КУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

АНА ВАСИЛЕВСКА

Библиотеката „Браќа Миладиновци“ се најде на врвот на листата за остварување на локалниот интерес во културата на Град Скопје со поддршка од 5.418 илјади денари, додека Младинскиот културен центар за севкупните активности и менаџирање доби 4.908 илјади денари.

За финансирање на јавните установи кои се под капата на Градот меѓу кои се Културно информативниот центар, Универзална сала, Дом на културата Кочо Рацин од градската каса предвидени се 19.699.000 денари од вкупно 232.998.000 денари.

„Предмет на оваа Програма се активностите што ќе се реализираат во текот на 2023 година, а преку кои што ќе се имплементираат надлежностите на Градот Скопје во областа на културата и ќе се дефинира локалниот интерес во културата. Со оваа Програма е опфатено финансирањето и работата на јавните установи од областа на културата чиј основач е Град Скопје, како и реализација на проекти што ќе бидат реализирани од страна на други физички и правни  лица од областа на културата кои што делуваат на подрачјето на Град Скопје во областа на културата, а кои ќе бидат избрани по пат на јавни повици или постапка за јавни набавки.“, стои во документот на предлог програма за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2023 година.

Споредбено со претходните години, овој буџет е повеќекратно помал и градската култура ја сведува на преживување. Со овие средства менаџерите на институциите нема да можат да ги покријат ниту елементарните расходи, а за нивните програмски активности нема да останат ниту трошки.

Иронијата е уште поголема, кога Младинскиот културен центар го прослави полувековното постоење како столб на одржливост на градската жива култура да добие финансиска шлаканица од Градот.

Како за илустрација за одржување на најголемите градски културни манифестации како театарскиот фестивал „Млад отворен театар“ и за фестивалот на европски филм „Синедејс“, расположливиот буџет на МКЦ со оваа распределба, изнесува по 400 илјади денари односно 800.000 за двете.

Овие средства за МКЦ не можат да ги задоволат ниту основните расходи за платите и комуналните трошоци.

Изненадува одлуката на градските власти за финансиско кастрирање на Јавните установи под нивна капа, особено во период кога културата закрепнува од последиците на пандемијата.

Критичната 2020 година, МКЦ ја помина со буџет од близу 25 милиони денари а минатата со 15 милиони, во период кога одржувањето на културните настани имаше ограничена динамика.

Со одлуката за минимална поддршка кон градските културни установи е испратена пораката дека Градот под раководство на Данела Арсовска нема слух дека Скопје влезе во потесниот избор за да стане Европска престолнина на културата во 2028 година. Ова е објавено на веб-страницата на Европската комисија во делот за култура и креативност а носител на апликацијата е јавната установа Универзална сала, а проектот е финансиран од Град Скопје.

Град Скопје првпат во 2014 година ја најави идејата за кандидатура за титулата Европска престолнина на културата како дел од заложбите за европска интеграција на градот. Скопје е главен град на земја со повеќегодишен кандидатски статус за членство во ЕУ и кандитатурата за престолнина на европската култура е особено важна во севкупниот политички амбиент кон европскиот пат.

Очигледно сообраќајните блокади на приватните превозници, предновогодишното сивило на Скопје, не останаа единственото горчливо искуство од штетните потези на Данела Арсевска и опортунистичкото однесување кон своите граѓани. За жал, културата со овој буџет ќе живурка а можно е и комплетно да се парализира.


Извор: novatv.mk | екстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Tags: буџетГрад СкопјеДанела АрсовскакастрирањеКУЛТУРА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ