• Latest
Фото извор: Укринформ

Прво обраќање на Зеленски во 2023: Единството на Украина е во драматичен контраст со стравот во Русија; воздушен напад врз детската болница во Херсон

January 2, 2023
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Прво обраќање на Зеленски во 2023: Единството на Украина е во драматичен контраст со стравот во Русија; воздушен напад врз детската болница во Херсон

January 2, 2023 09:55
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото извор: Укринформ

Фото извор: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter
  • Зеленски го нагласи чувството на единство во земјата во контраст со стравот за кој рече дека се чувствува во Русија.
  • Според воените извештаи, Русите извршиле 51 воздушен напад, вклучително и 44 напади со иранските дронови. Сите дронови се соборени.
  • Русите извршија ракетен напад врз детската болница во Херсон, јавуваат украински воени извори.
  • Мета на нападите беше и главниот град Кијив.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го искористи своето прво обраќање оваа година за да го нагласи чувството на единство во земјата во контраст со стравот за кој рече дека се чувствува во Русија.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/20230101_Address_President_Eng_Sub_TG.mp4

„Нашето чувство за единство, автентичност, самиот живот – сето ова е во драматичен контраст со стравот што преовладува во Русија“, рече Зеленски во обраќањето објавено во недела навечер, на 1 јануари.

„Тие се плашат. Можете да го почувствувате тоа. И тие се во право што се плашат. Затоа што губат. Дроновите, проектилите, ништо нема да им помогне. Затоа што ние сме заедно. А тие се заедно само во стравот“.

Зеленски им честиташе на украинските сили за соборувањето на 45 дронови Шахед-136 од иранско производство, лансирани од Русија во првата ноќ од годината, пренесува CNN.

„Руските терористи се патетични и влегоа оваа година останувајќи исти. Нашите бранители беа страшни и на 1 јануари се покажаа многу добро“, рече тој.

Зеленски им се заблагодари на „сите што се борат со непријателот на линијата на фронтот, секој ден и секоја ноќ“, како и на работниците во енергетиката и комуналните претпријатија кои ја обновуваат инфраструктурата оштетена од руските напади.

„И многу е важно како сите Украинци ја наполнија својата внатрешна енергија оваа новогодишна ноќ“ – рече Зеленски – „и како им се заблагодаривме на нашите воини. Како им се заблагодаривме на нашите најблиски. Колку милиони пати низ цела Украина, низ целиот слободен свет, нашата желба – желбата за победа – звучела и сè уште звучи“.

Најнови вести од фронтовите во Украина

Во текот на изминатото деноноќие, 1 јануари, 313-ти ден од почетокот на руската целосна агресија, според оперативното ажурирање од украинските воени извори, „непријателот изврши 51 воздушен напад, вклучително и 44 напади со иранските дронови Шахед-136.“ Мета на нападите беше и главниот град Кијив.

Според истиот извор, сите 44 дронови беа соборени од единици на одбранбените сили на Украина.

„Непријателот изврши и 55 напади со ракетни системи, вклучително и врз детската болница во градот Херсон“ – се вели во извештајот.

Со повеќе детали за воздушните напади врз Херсон, се јави Јарослав Јанушевич, шеф на Регионалната воена управа во областа, во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

„Руските напаѓачи 71 пати ја гранатираа територијата на Херсонската област. Непријателот ги нападна мирните населби во регионот со артилерија, MLRS, минофрлачи и тенкови“, напиша Јанушевич.

И во текот на новогодишната ноќ руските агресори не мируваа. Тие извршија силни напади со ракетни системи и дронови низ цела Украина, како и неколку неуспешни копнени напади на девет сектори од фронтот.

Генералштабот на вооружените сили на Украина преку објава на Фејсбук соопшти дека украинските сили веќе убиле 107.440 руски војници во Украина во периодот од 24 февруари 2022 година до 2 јануари 2023 година, вклучувајќи 720 само во изминатиот ден. Оваа информација не е потврдена од независен извор.

ЦивилМедиа Деск

Tags: воени загубиВолодимир Зеленскидетска болницаединстворуски агресорУкраинаХерсонцивилни цели
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ