„И лично и професионално, конкретно со случувањата со руската агресија врз Украина, тоа беше испреплетено. Имаше моменти каде што беше тешко професионалното да се издвои од човечкото. Настаните таму не оставија рамнодушен никого во светот, во демократскиот, слободарски свет, вели Драган Мишев од ЦИВИЛ меѓу другото, на мултимедијалниот годишен настан „Перспективи 2023“,
Мишев како светол момент во ова воена агресија од руска страна го потенцираше фактот дека и покрај сите злосторства, сепак, не се скрши духот на Украинците.
„Како светла точка покрај сите тие напади, покрај сите тие злосторства што се случуваат таму, на руските агресори не им успеа да го скршат духот на Украинците. Тие ја бранат, не само својата земја од руската воената агресија, туку го бранат целиот демократски свет, ја бранат демократијата и слободата“.
Во однос на солидарноста кон Украина, Мишев вели дека ние како држава, како општество и како луѓе и како медиуми, заостануваме зад светската поддршка за Украина.
„На почеток на војната, еден дел од медиумите ја покриваа војната, но слабо, а еден дел сензационалистички го покриваше војната. Медиумите во Македонија руската агресија ја покриваа од руска гледна точка. Се пренесуваа информации дојдени од руските пропагандни центри, и најчесто дојдоа преку српските пропаганди центри, така да можам да кажам дека ЦИВИЛ беше прв кој ги осуди и објавуваше информации од украинските и западните медиуми, кој даваа поразлична слика од тоа што тука, барем на почетокот на војната, споделуваа од руската пропагандна машинерија.“
Тој понатаму одговарајќи на прашањето дали сѐ уште трае таа пропаганда, истакна дека тие продолжуваат со погрешното известување. Запрашан дали се многу гласни дезинформациите, па затоа изгледаат и помногубројни, Мишев меѓу другото рече дека гласноста им доаѓа од тоа што се организирани од некој центар.
„Мислам дека се организирани, гласноста им доаѓа од тоа што се организирани од некој центар. Не се многу, едни исти луѓе се појавуваат на повеќе медиуми за да шират пропаганда.“
Н. Абдурахмани
камера, фотографија и монтажа: Александар Ризински и Ариан Мехмети
Перспективи 2023 се состоеше од шест панели со повеќе од десет учесници кои се емитуваа во живо на Јутуб видео каналот и на ФБ страницата на Цивил.
Извор: CivilMedia | Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.