• Latest

Обвинение против Жан Митрев, приведен Даравелски, ратификацијата на Договорот за ФРОНТЕКС, разобличени руските тврдења за убиени украински војници, конференција на Цивил за предизвиците и перспективите на мултикултурното општество

January 10, 2023
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Обвинение против Жан Митрев, приведен Даравелски, ратификацијата на Договорот за ФРОНТЕКС, разобличени руските тврдења за убиени украински војници, конференција на Цивил за предизвиците и перспективите на мултикултурното општество

January 10, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Поднесено обвинение против Жан Митрев – ОЈО барало забрана за продавање на клиниката

Основното скопско обвинителство поднесе обвинение против Д-р Жан Митрев и против истоимената приватна клиника чиј прв човек е обвинетиот, потврдиja на брифинг со новинарите oсновниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот Искра Хаџи Василева.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Сали: Во претстојната година нашиот фокус ќе биде на третманот на ретките болести

ЦИВИЛ покани бројни јавни личности да учествуваат на годишниот настан „Перспективи 2023“ со изјави за свои видувања на изминатата година и перспективите за претстојната. Меѓу бројните релевантни личности што се одзваа на поканата е и министерот за здраство Беким Сали, кој во своите одговори за ЦИВИЛ Медиа се осврнува на главните случувања од изминатата година, и свое гледиште за тоа како ќе изгледа 2023 година на политичко, економско и општествено ниво.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Разобличени руските тврдења за убиени украински војници во одмазднички напад врз Украина

Руските тврдења дека стотици украински војници биле убиени викендов како одмазда за смртоносниот новогодишен напад на Украина врз воената база во Макиивка се лажни, според информациите на украинската армија и медиумите, пренесува Политико.еу.

СВЕТ

Стејт департмент: САД ги следат одлуките на Пекинг за да се осигураат дека нема да и помогне на Москва да набави оружје и да ги избегне санкциите

Портпаролот на американскиот Стејт департмент потсети дека Русија била принудена да се обрати до Иран и КНДР за безбедносна помош токму затоа што земјите од Запад „ја изгладнуваат руската држава од инпутите што и се потребни за да ја гони војната против Украина“.

Илјадници лица протестираа во Сао Паоло, бараат апсење на поранешниот претседател на Бразил

Во голем број градови и населени места на Бразил вчера се одржаа улични собири за поддршка на новиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, а бројот на присутни во Сао Паоло бил импресивен.

Многумина дојдоа облечени во црвено – бојата на Работничката партија на Лула, други вееја транспаренти на кои пишуваше „Нема амнестија за пучистите“ и повикаа да бидат казнети одговорните. Имаше и скандирања „Затвор за Болсонаро“, а собирот се одржа под силно полициско присуство.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми:

И денеска фокусот на македонските медиуми на албански јазик е насочен кон најавената вечерашна средба на албанскиот премиер Еди Рама со лидерите на албанските политички партии во Северна Македонија. Изјавата на лидерот на Беса, Билал Касами, дека не ја одбива поканата, но нема да седи на иста маса со Ахмети, но и инсинуациите од одредени аналитичари дека всушност дека Беса постапува според инструкции од ВМРО – ДПМНЕ. Медиумите  во Албанија дел од фокусот го насочуваат кон новите хакерски напади, овој пат во банките. Ова е дел од изборот темите од албанските медиуми во регионот што ги подготви редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА Ратификацијата на Договорот за ФРОНТЕКС помина во собраниските комисии

На собраниската Комисија за надворешна политика денеска едногласно беше поддржана потребната за донесување на законот за ратификација на Договорот за ФРОНТЕКС склучен меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија.

Пред членовите на Комисијата министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски појасни дека подготовките за овој закон биле започнати уште во декември 2015 година, но поради противењето на Бугарија во однос на формулацијата за јазикот беше одложено неговото официјално потпишување. Договорот конечно беше потпишан на 26 октомври 2022 година во Скопје.

ПРАВДА Приведен Драган Даравелски

Полицијата денеска го приведе поранешниот директор на македонската Царинска управа, Драган Даравелски, информираат од МВР.
ИНТЕГРАЦИИ Маричиќ: Нефункционална и непрактична е идејата за широка коалиција на СДСМ со ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот премиер Зоран Заев веќе демантираше дел од наводите во медиумите дека работи контра премиерот Ковачевски, а идејата за некаква широка коалиција на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во која би се исфрлила ДУИ е нефункционална и непрактична идеја, која не е втемелена ни на вредности, ниту изводлива во пракса“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ.

ЗАГАДУВАЊЕ СДСМ бара Трајко Славески да закаже вонредна седница на Советот на Скопје за загадениот воздух

Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески што поскоро да закаже вонредна седница на Советот, посветена на загадениот воздух. Состојбата со аерозададувањето во Скопје е алармантна и бара преземање итни мерки“, велат од СДСМ.

„Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за одржување вонредна седница на Советот и предложи мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух“.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ „Различностите, благодат или проклетство“ – конференција на Цивил за предизвиците и перспективите на мултикултурното општество

онференцијата на Цивил „Различностите, благодат или проклетство“ за предизвиците и перспективите на мултикултурното општество ќе се одржи во хотел Сити Парк, на 12 јануари (четврток), со почеток во 12 часот.

Главното прашање на Конференцијата е: Кои се главните предизвици и перспективи на мултикултурализмот во нашето општество?

Целта на оваа конференција е да даде придонес кон општествениот дијалог и креирањето политики и практики за поддршка и унапредување на мултикултурализмот во македонското општество.

АНАЛИЗИ Истражување: Популизмот веќе не ви проаѓа, граѓаните не му веруваат

Македонските политички партии ако не се самобендисани до даска и ако го прочитале истражувањето на Институтот „Тони Блер“ објавен во Гардијан деновиве, треба добро да се размислат и да се ослободат од популистичкиот начин на нивното дејствување.

Оваа форма на владеење  сè повеќе ја губи довербата кај граѓаните, а доказ се фактите од анализата на британскиот институт, според кој бројот на популистички лидери  е најнизок во последниве 20 години. Па така од 8 милијарди жители во Светот, само 1.7 милијарди живеат под популистички режим.

Граѓаните не се само бројка во изборните процеси

Со неуспешните обиди за предвремени парламентарни избори во 2022, ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува неисполнетата агенда со мало модификување, овој пат тие да се одржат напролет.

Акцентот за големото НЕ за предвремени парламентарни избори, во контекст на изборните реформи, го ставаме на изјавата на Биљана Јордановска, ЦИВИЛ, како дел од мултимедијалниот и медиумски настан „Перспективи 2023“.

 СЛОБОДНА ЗОНА Не си играјте со оган, држете ги подалеку децата од говорот на омраза

Во македонското општество и политичка пракса има доволно пукнатини во кои може плодно да се вметнат клинови на говор на омраза или на национализам, кои често пати се „спакувани“ како дезинформации.

Студијата на Европскиот парламент, „Mapping Fake News and Disinformation in the Western Balkans and Identifying Ways to Effectively Counter Them, („Мапирање на говорот на омраза на Западен Балкан и идентификување на начините за ефективно справување со нив“) од 2021 година, е своевидна дијагностиката на точките за напад со дезинформации и говор на омраза за да се храни национализмот и нетрпеливоста кон другите, поинаквите.

Д. Варошлија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ