ВЕСТ НА ДЕНОТ
Поднесено обвинение против Жан Митрев – ОЈО барало забрана за продавање на клиниката
Основното скопско обвинителство поднесе обвинение против Д-р Жан Митрев и против истоимената приватна клиника чиј прв човек е обвинетиот, потврдиja на брифинг со новинарите oсновниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот Искра Хаџи Василева.
Сали: Во претстојната година нашиот фокус ќе биде на третманот на ретките болести
ЦИВИЛ покани бројни јавни личности да учествуваат на годишниот настан „Перспективи 2023“ со изјави за свои видувања на изминатата година и перспективите за претстојната. Меѓу бројните релевантни личности што се одзваа на поканата е и министерот за здраство Беким Сали, кој во своите одговори за ЦИВИЛ Медиа се осврнува на главните случувања од изминатата година, и свое гледиште за тоа како ќе изгледа 2023 година на политичко, економско и општествено ниво.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Разобличени руските тврдења за убиени украински војници во одмазднички напад врз Украина
Руските тврдења дека стотици украински војници биле убиени викендов како одмазда за смртоносниот новогодишен напад на Украина врз воената база во Макиивка се лажни, според информациите на украинската армија и медиумите, пренесува Политико.еу.
Стејт департмент: САД ги следат одлуките на Пекинг за да се осигураат дека нема да и помогне на Москва да набави оружје и да ги избегне санкциите
Портпаролот на американскиот Стејт департмент потсети дека Русија била принудена да се обрати до Иран и КНДР за безбедносна помош токму затоа што земјите од Запад „ја изгладнуваат руската држава од инпутите што и се потребни за да ја гони војната против Украина“.
Илјадници лица протестираа во Сао Паоло, бараат апсење на поранешниот претседател на Бразил
Во голем број градови и населени места на Бразил вчера се одржаа улични собири за поддршка на новиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, а бројот на присутни во Сао Паоло бил импресивен.
Многумина дојдоа облечени во црвено – бојата на Работничката партија на Лула, други вееја транспаренти на кои пишуваше „Нема амнестија за пучистите“ и повикаа да бидат казнети одговорните. Имаше и скандирања „Затвор за Болсонаро“, а собирот се одржа под силно полициско присуство.
AL-PRESS
Редакциски избор од албански медиуми:
И денеска фокусот на македонските медиуми на албански јазик е насочен кон најавената вечерашна средба на албанскиот премиер Еди Рама со лидерите на албанските политички партии во Северна Македонија. Изјавата на лидерот на Беса, Билал Касами, дека не ја одбива поканата, но нема да седи на иста маса со Ахмети, но и инсинуациите од одредени аналитичари дека всушност дека Беса постапува според инструкции од ВМРО – ДПМНЕ. Медиумите во Албанија дел од фокусот го насочуваат кон новите хакерски напади, овој пат во банките. Ова е дел од изборот темите од албанските медиуми во регионот што ги подготви редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПОЛИТИКА Ратификацијата на Договорот за ФРОНТЕКС помина во собраниските комисии
На собраниската Комисија за надворешна политика денеска едногласно беше поддржана потребната за донесување на законот за ратификација на Договорот за ФРОНТЕКС склучен меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија.
Пред членовите на Комисијата министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски појасни дека подготовките за овој закон биле започнати уште во декември 2015 година, но поради противењето на Бугарија во однос на формулацијата за јазикот беше одложено неговото официјално потпишување. Договорот конечно беше потпишан на 26 октомври 2022 година во Скопје.
ПРАВДА Приведен Драган Даравелски
ЗАГАДУВАЊЕ СДСМ бара Трајко Славески да закаже вонредна седница на Советот на Скопје за загадениот воздух
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ „Различностите, благодат или проклетство“ – конференција на Цивил за предизвиците и перспективите на мултикултурното општество
онференцијата на Цивил „Различностите, благодат или проклетство“ за предизвиците и перспективите на мултикултурното општество ќе се одржи во хотел Сити Парк, на 12 јануари (четврток), со почеток во 12 часот.
Главното прашање на Конференцијата е: Кои се главните предизвици и перспективи на мултикултурализмот во нашето општество?
Целта на оваа конференција е да даде придонес кон општествениот дијалог и креирањето политики и практики за поддршка и унапредување на мултикултурализмот во македонското општество.