• Latest

Откриено е што треба да направат македонските граѓани за да бидат фини како Финците, најсреќниот народ на светот во 2022 година

January 13, 2023

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Откриено е што треба да направат македонските граѓани за да бидат фини како Финците, најсреќниот народ на светот во 2022 година

January 13, 2023 11:14
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Во 2011 година, Обединетите нации (ОН) ја прифатија филозофијата на бруто националната среќа како „фундаментална цел на човештвото“ и како „нова економска парадигма“.

Оттогаш, под покровителство на ОН се мери степенот на среќа во одделни земји преку „Извештајот за светската среќа“ (World Happiness Report), а 20 март е одреден како Меѓународен ден на среќата. Извештајот се објавува секоја година, како резултат на тригодишна последователна опсервација на  државите опфатени во него.

Во извештајот за 2022 година, Северна Македонија е на 92-то место од вкупно 146 земји со Авганистан на последното. Од земјите во регионот пред нас е Албанија (91), на којашто ѝ претходат Бугарија (86), Црна Гора (71), Грција (67), Босна и Херцеговина (63), Хрватска (59), Србија (47) и како најдобро пласирана Словенија (29).

На врвот на оваа листа на најсреќни се Финска по четври пат по ред, Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска, Луксембург…

Среќата во овој извештај се мери според шест критериуми: бруто домашниот производ по жител; социјалната политика; здравиот (очекуваниот) животен век; слободата во донесување на животните избори; дарежливоста на општеството (generosity of the general population); како и перцепцијата и нивото на корупцијата.

Во толкувањето за овие критериуми, познатиот економист, професот на Универзитетот Колумбија и директор на Центарот на одржлив развој при овој универзитет Џефри Сакс, како еден од членовите на бордот на „Извештајот за светската среќа“, се осврнува на последниот критериум посебно и вели дека „луѓето се посреќни кога се дарежливи и кога како такво го доживуваат и општеството“.

„Луѓето сакаат да живеат во општество со чесна власт“, и додава дека „тоа влијае на нивната среќа зашто ако преовладува корупцијата тогаш општеството е несреќно“.

Ако го земеме тоа во нашиот случај, тогаш Северна Македонија со право ја постави борбата против корупцијата како врвен приоритет.

Како таква ја најави вицепремиерката задолжена за добро владеење Славица Грковска кога на Регионална конференција за борба против корупцијата, која ја организира во соработка со Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Владата на Велика Британија и Регионалната Антикорупциска Иницијатива, рече дека „граѓаните бараат резултати во борбата против корупцијата, а не декларативни заложби“.

„Или сериозно ќе се зафатиме со отстранување на дефектите и вирусите од системот или истите ќе нé изедат самите како трули јаболка. Иднината на нашите општества е во прашање. Вака, како досега,  едноставно веќе не може. Мора да го подобриме и зајакнеме ударот кон организираниот криминал и корупцијата, на кој начин можеме да ја подобриме регионалната соработка на земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и незаконските финансиски текови во регионот“, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.

Сега останува оваа декларативна позиција да се преточи во ефикасни и сеопфатни мерки за ефикасна борба со корупцијата. Тоа треба да биде првиот чекор доколку Северна Македонија посака да се искачи повисоко на индексот на среќните народи.

И кога сме повторно на темата „Извештајот за светската среќа“ куриозитетен е фактот е дека ова истражување и индексот на среќата се инспирирани од една земја, којашто, иако е членка на Обединетите нации, не е оценета ниту истражувана во оваа смисла, бидејќи ги надминува сите останати. Станува збор за Кралството Бутан. Оваа земја е прогласена за најзелена земја во светот, земја без загадување со јаглеродни гасови. Бутан е единствена земја којашто во својот Устав како уставна категорија ја внесе токму бруто националната среќа и којашто својот раст не го мери преку растот на бруто домашниот производ, туку преку растот на бруто домашната среќа.

Нема ништо лошо во тоа Северна Македонија да го следи примерот на Бутан, земја со којашто, барем како декларација, имаме сличности во изборот на критериуми за среќно општество и луѓе.

Добро, и тука е важен економскиот раст, но останатите три елементи како што се културната разноликост, екологијата и ….. охххх, повторно тоа – доброто владеење, односно општество без корупција, ни се блиски и заеднички.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Tags: извештајКорупцијаМеѓународен ден на среќатаОНсреќа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ