• Latest

„Магнамехатроникс“ ќе инвестира 40 милиони евра во ТИРЗ Штип и ќе отвори 600 работни места

January 13, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Магнамехатроникс“ ќе инвестира 40 милиони евра во ТИРЗ Штип и ќе отвори 600 работни места

January 13, 2023 12:04
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Технолошко-индустриската развоја зона во Штип ќе се отвори нова фабрика, инвестиција на компанијата „Магнамехатроникс“ која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти. Ова е прва инвестиција во државава годинава, од околу 40 милиони евра, а според деловниот план, предвидени се најмалку 600 работни места.

Според премиерот Димитар Ковачевски, трендот се повеќе странски компании да отвораат свои фабрики овде во земјава е од голема помош и тоа ќе донесе економски раст и напредок на земјата, раст на платите и пензиите а сето тоа позитивно ќе се одрази на квалитетот на животот на граѓаните.

-Компанија која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите најзначајни производители на автомовили во светот оствари стабилен раст на европскиот пазар и се појави потреба од нова фабрика на една од деветте групации. Спроведеното истражување на потенцијални локации за отворање на нова фабрика во Европа опфати повеќе држави, но компанијата одлучи за инвестирање и отворање фабрика да ја избере Северна Македонија, на понудената локација во Технолошко-индустриската развоја зона во Штип, рече Ковачевски на денешната прес-конференција.

Премиерот информираше дека по отворањето на фабрика во ТИРЗ Струга, за производство  на ретровизори и други технолошки продукти за автомобилската индустрија, каде според бизнис планот на компанијата ќе се вработат илјада луѓе, во ТИРЗ Штип компанијата ќе отвори нова фабрика каде производстовото се планира да започне годинава, а сериското производство ќе започне во првата половина од 2024 година.

-Вака се создаваат просперитетни услови во државата, не со зборови, не со политички пораки, не со надмудрување, туку со многу работа, решителни одлуки и визија. Нема поголем влог во државата од тоа младиот кадар своето знаење и труд да го инвестира во сопствената земја и да биде движечка сила за напредокот на државата. Таа можност им ја должиме на младите генерации и по секоја цена ќе ја оствариме. Нашите граѓани заслужуваат европски услови за работа и европски плати, додаде Ковачевски.

Директорот на Дирекцијата за Технолошки-индустриски развојни зони Јован Деспотовски рече дека во завршна фаза на разговори се повеќе крупни инвестициски проекти, за кои ќе информираат следните недели.

Според деловниот план, како што посочи, инвестицијата во ТИРЗ Штип предвидува најмалку 600 работни места, а Деспотовски очекува бројката да биде поголема.

Како што рече, локацијата во Штип беше избрана за да се поттикне поумерен регионален развој бидејќи, напомена, бенефитите од странските инвестиции не се исклучива привилегија на граѓаните на главниот град, туку треба да бидат достапни за сите.

Tags: ДеспотовскиинвестицииКовачевскиТИРЗ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ