• Latest

Промоција на монографијата „Кодот на Преспа“ од Борјан Јовановски

January 30, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Промоција на монографијата „Кодот на Преспа“ од Борјан Јовановски

January 30, 2023 09:02
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Промоција на монографијата Кодот на Преспа, Приказна за „загубениот пат“ од авторот Борјан Јовановски, во издание на Хелсиншки комитет за човекови права, ќе се одржи денеска во Скопје.

Изданието ќе го претстават авторот Борјан Јовановски, историчарот Петар Тодоров и Вергим Шерифи. Во ракописот се поместени неколку интервјуа во кои се говори за побратимствата помеѓу поединци и семејства од различно етничко и религиско потекло што се негуваат со генерации во Преспа, а денес се препознаени како „специфичниот код на Преспа“.

„Новинарот Борјан Јовановски, чие што семејство потекнува од Преспа, ја препознал вредноста на побратимството како општествена институција во културното и историското живеење на областа, па направил неколку интервјуа со припадници на семејства побратимени со генерации, со цел да го истакне овој феномен како еден од носечките столбови на културата на воспитување на помладите генерации сопримери од минатото и начинот на живеење на Преспанци како основа за добар соживот и заемно почитување“, пишува во предговорот кон ова издание професорот Љупчо С. Ристески.

Монографијата е издадена во рамки на проектот „Соживотот не е мит – поуките од Долна Преспа“ кој го спроведува Хелсиншкиот комитет за човекови права и е дел од проектот „РЕКОМ мрежа на помирување“, финансиран од Европската Унија.

Проектот се занимава со помалку познатите колективни мемории и актуелни односи на различните етнички и верски заедници во Северна Македонија.

„Наспроти општоприфатените опсервации за меѓуетничките односи во Македонија како потецијални генератори на нестабилност, овој проект имаше за цел да ги приопшти позитивните примери и модели на соживот во Северна Македонија, како што е случајот во регионот на Долна Преспа, кои би требало да послужат како пример и инспирација за денешните генерации за креирање на социјални механизми кои ќе овозможат културниот и верски диверизтет да бидат прифатени како шанса за градење на динамична и културолошки богата општествена средина“, се наведува за проектот.

Монографијата ќе биде достапна на македонски и албански јазик.

Извор: новатв.мк

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Борјан ЈовановскиПреспа
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result