• Latest

ИО на СДСМ ќе расправа за можен влез на Алијансата за Албанците во Владата

January 31, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ИО на СДСМ ќе расправа за можен влез на Алијансата за Албанците во Владата

January 31, 2023 20:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Можното проширување на владината коалиција ќе биде една од темите на вечерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ, информираат за МИА извори од владејачката партија.

Седницата на Извршниот одбор ќе започне во 19 часот и на неа, како што посочуваат истите извори, ќе стане збор за актуелни состојби и мерки, како и за можно проширување на владината коалиција.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој претходно денеска го потврди одржувањето на седницата на Извршниот одбор, во моментов е на средба со претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари со кого, според најавите, ќе се разговара за можно приклучување на партијата во владината коалиција.

Основните претпоставки на ова владино мнозинство се на линија на тоа што Алијанса за Албанци го застапува, а тоа е стратешкото партнерство со САД, продолжување на патот кон евроинтеграции, носење на сите реформски закони и на сите одлуки потребни за продолжување на патот кон ЕУ, изјави вечерва премиерот Димитар Ковачевски пред состанокот на Извршниот одбор на СДСМ, во одговор на прашањето околу денешната средба со лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и можностите за приклучување на оваа партија во владејчката коалиција.

Премиерот напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците, а во делот на сите други аспекти за можна соработка, разговорите ќе продолжат.

На состанокот со Алијанса за Албанците разговаравме најпрвин за текот на скрининг процесот кој државата го има со ЕУ, за претседавањето со ОБСЕ, за стратешкиот дијалог кој го водиме со САД и акциониот план кој се подготвува од Влада и зборувавме за можното проширување на владиното мнозинство со Алијанса за Албанците. Не разговаравме за кадровски решенија, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во текот на наредните денови ќе имаат состаноци и со Алтернатива.

Инаку, на денешната редовна седница на Извршниот одбор, како што рече, ќе разговараат за актуелните состојби во државата, но и ќе ги информира членовите на Ивзшрниот добр во однос на денешниот состанок со лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Алијанса за АлбанцитевладаИОКоалицијапроширувањеСДСМТаравари
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result