• Latest

„Што изгубив за слободата“: Притисоци, деградации и казни за активистите

September 23, 2016

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Што изгубив за слободата“: Притисоци, деградации и казни за активистите

September 23, 2016 14:59
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Не бегајте од Македонија, оваа држава не може до бескрај да се распаѓа, заедно можеме и мораме нешто да направиме!“ Ова е пораката која беше испратена од дебатата „Што изгубив за слободата“. На тема колку е тешко во Македонија да си слободен и гласно да го кажеш својот став, и што сé можеш да изгубиш поради тоа, зборуваа Јасмина Дуриќ и Елена Николовска,  две слободоумни граѓански активистки, кои поради учество на протести биле деградирани на работното место и Трпе Дејаноски, генерален секретар на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ).

Како што посочи модераторката Светлана Силјановска, настанот не е научна дебата на која учествуваат експерти, туку луѓе кои врз своја кожа осетиле што сè во Македонија, може да се изгуби за слободата.

DSCN9403

Јасмина Дуриќ

„По веста за аболицијата, не можев да бидам рамнодушна и бев во првите редови на протестите. Како ‘награда’, по една недела од појавувањето на првиот протест, од работното место во АРМ во Скопје, бев прераспределена во касарната во Кичево. Секој ден, до работа и назад, патувам четири саати. Мислев дека тука завршува сè, но ја потценив власта и членството на владејачката партија. Притисоците секојдневно продолжуваат и од моите надредени, но и од колегите, кои не смеат со мене да се поздрават, затоа што сè се снима“, истакна Дуриќ, зборувајќи за проблемите со кои се соочува и за отсуството на солидарност и поддршка од колегите, кои стравувајќи за своето работно место, повеќе и не разговараат со неа.

„Моето работно место сега е во кујна, таму сум прераспределена и од таа позиција очигледно сум успеала да го нарушам угледот на Армијата, затоа што добив дисциплинска со тоа објаснување, а ми го блокираа и службениот телефон што го користев три години“, дополнува Дуриќ.

DSCN9413

Елена Николовска

„Десет години работев во Секторот за меѓународна соработка во Министерството за труд и социјална политика и бев задоволна од мојата позиција… Но, се случија бомбите, се случи 5-ти мај. Бев дел од протестите, активно критикував на мојот приватен Фејсбук-профил, надвор од работно време. Веднаш по првиот мандат на министерката Фросина Ташевска Ременски, бев прераспределена на друго работно место во Управата за борци и воени инвалиди, измислено место, каде што воопшто, нема потреба од мене“, објаснува Николовска, која без никакво објаснување добила решение за прераспределба.

„Не е најголем проблем што луѓето се плашат, и јас се исплашив дека може да биде полошо и затоа не поднесов жалба, и тука згрешив. Но, поголем проблем од тоа е што нема каде да се пожалиме, сите институции се партизирани. Во МТСП, а сигурна сум и во другите јавни институции, работат луѓе кои своето работно место го должат исклучиво на политичкиот ангажман и на партијата на власт. Тие луѓе одлучуваат за животот на сите нас, со нарачани закони кои се конзервативни и мафијашки“, вели Николовска која ја потенцираше партизираноста на јавната администрација.

DSCN9402

„Вработените имаат повеќе алатки на располагање и институции каде можат да се жалат. Синдикатот во нивната институција, УПОЗ, Народниот правобранител, адвокати… Сепак, проблемот е што секоја повреда на работен однос – завршува на суд“, вели Дејаноски, кој го сподели своето искуство дека дека повозрасните вработени се похрабри од младите,  а потенцираше и дека додека бил активен штрајкот на УПОЗ, огромни биле притисоците со кои се соочувале штрајкувачите.

По дебатата „Што изгубив за слободата“, ќе следат уште два настана, од кои едниот е посветен на граѓанските активисти кои поради својот ангажман биле приведени, уапсени или биле во домашен притвор, а на последниот од серијата настани ќе учествуваат културни работници, кои не добиле средства, улога, простор за изразување…, само поради укажување на проблемите во општеството.

Марија Теговска

Tags: МакедонијамобингПритисокработно местослободаУПОЗЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ