• Latest

Зошто Ада првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција се вика Ада?

February 7, 2023

Втора недела изборна кампања

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Зошто Ада првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција се вика Ада?

February 7, 2023 14:49
in ЕКОНОМИЈА, НАУКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

АДА  е првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавниот сектор во регионот ќе биде промовирана во текот на следниот месец и ќе ги нуди сите информации за финансиска поддршка по Планот за економски раст, а секако понатаму овој асистент ќе биде надограден и на други услуги кои се важни за стопанството и граѓаните, велат за ЦИВИЛ Медиа од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори и инвестиции. Фатмир Битиќи.

-Во 2021 година почнав да зборувам со различни донатори како и со моите колеги како да го подобриме системот и механизмот за давање и контрола, поточно како да ја подобриме ефикасноста на државната помош како механизам кој го користиме. Како продукт од тоа, се роди АДА. Дополнително, заедно со Светска Банка ќе започнеме конечно да дигитализираме 11 деловни процеси во 11 различни институции коишто го користат механизмот на државна помош. Ова ќе помогне во зголемување на ефективноста и ефикасноста“, изјави Битиќи зборувајќи за развивањето на АДА, првиот дигитален асистент во јавниот сектор како и Менаџмент информацискиот систем за државна помош.

Како што и претходно најави Битиќи клучно за развивање на дигиталниот асистент АДА е тоа што ќе овозможи унифицирани информации достапни во секое време за сите заинтересирани, а секако за поддршка ќе има и тим кој ќе биде задолжен за документација и систематизација.

-Дигитализацијата е одговор на сите недостатоци што се појавуваат во различни извештаи во однос на борба против корупција и организиран криминал. Единствен начин тоа да го адресираш е преку целосно тргање на страна на човечкиот фактор и секако да го направиш транспарентен целокупниот процес на поддршка на компаниите и инвестициите. Одлучивме дека ќе ја направиме АДА, дигиталниот асистент кој ќе биде првиот асистент кој некогаш е поставен во јавниот сектор. Инаку АДА е промената на дело којшто сите ние треба да ја направиме оваа година и наредните години ако сакаме навистина да стигнеме во растот и развојот кој сакаме да го постигнеме“, изјави Битиќи.

Нашата АДА, рече вицепремиерот, е дигитален асистент заснована на вештачка интелегенција која ќе дава информации за инвестиции, а транспарентноста ќе доведува и до намалување на корупцијата, а компаниите ќе можат да добиваат целосни информации за условите за инвестирање во нашата земја и државната помош која ја нудиме.
.

„Инаку АДА зборува на три јазици, македонски, албански и англиски и е насловена по АДА Ловлејс, за која се верува дека е првата информатичарка жена што го креирала првиот алгоритам за машините. Затоа сметаме дека АДА треба да биде пионерот во воспоставување на дигиталниот асистент во јавниот сектор кој ќе донесе поголема транспарентност во сите процеси и секако ќе го елиминира човечкиот фактор таму кадешто тој треба да се елиминира“, заклучи вицепремиерот Битиќи.

Дигиталниот асистент АДА се работи преку проект на Фондот за иновации и технолошки развој кој беше спроведен како предизвик за домашната старт ап заедница на кој победи фирмата CodeWell. АДА е првиот дигитален асистент во јавниот сектор во регионот кој работи на вештачка интелигенција, ве води и одговара на прашања за можностите за инвестиции во нашата земја и наскоро истиот ќе биде детално промовиран.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АдаБитиќиекономски прашањаФонд за иновации
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ