• Latest

ЦИВИЛ бара итни чекори и мерки за спроведување слободни избори

October 14, 2016

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ бара итни чекори и мерки за спроведување слободни избори

October 14, 2016 13:50
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода има долга низа на мерки и процеси кои се однесуваат на подобрување на изборните процеси во земјата воопшто, но и конкретни чекори и мерки кои мора итно да се спроведат со цел да се создадат минимум услови за барем делумно слободни и кредибилни избори на 11 декември.

ЦИВИЛ со години предлага спроведување серија мерки и реформи, преку објавување соопштенија, извештаи, анализи, публикации, како и преку бројните јавни настани. Оваа активност е особено засилена од февруари 2015 година. Во септември 2015 година ЦИВИЛ направи краток преглед на своите препораки во текстот Случај Македонија: да се потсетиме, а публикацијата Слободни избори: услов за кој не се преговара е опсежен извештај за едногодишното сеопфатно набљудување на состојбите во Република Македонија.

Во пресрет на посетата на еврокомесарот Јоханес Хан, ЦИВИЛ ја потсетува меѓународната и домашната јавност на следните ставови и препораки:

ЦИВИЛ констатира дека услови за слободни избори не се создаваат, поради континуирани и систематски злоупотреби од страна на владејачките партии, како и поради неуспехот да се имплементираат соодветни реформи во клучните институции во земјата.

Но, ЦИВИЛ цврсто стои на ставот дека не постојат услови ни да се одложат изборите закажани за 11 декември 2016, поради фактот што повторното одложување на изборите ќе ја дестабилизира земјата и само ќе ја продлабочи и мултиплицира кризата на сите нивоа и во сите области.

Затоа, мора да се создадат правни и политички услови за непречена работа на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), да се формира на специјален оддел на Кривичниот суд поврзан со случаите на СЈО и да се формира специјална полициска единица чија задача ќе биде поврзана со работата на овие институции.

Мора да се спроведе итна деполитизација и понатамошни реформи на Државната изборна комисија и на нејзините органи и тела.

Мора да се обезбедат максимални услови секој гласач да го искористи правото на глас и да се спроведат дополнителни чекори за ревизија на Избирачкиот список.

Мора итно да се спроведат понатамошни реформи во медиумите и на јавниот сервис, базирани на препораките на медиумската заедница, поранешниот медијатор Питер Ванхауте , кој беше широко поддржан од граѓанското општество меѓу кои и ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Tags: избориЈоханес ХанКривичен СудМакедонијаполицијаСЈОЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ