• Latest

Станува слободен пазарот на труд за граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија, изгласани договорите за Отворен Балкан

February 13, 2023
Скриншот од видео на
Il Sole 24 ORE

Грета Тунберг и Франческа Албанезе од ОН прикажани прегрнати од терорист на Хамас на новиот мурал во Милано

December 1, 2025

МВР: „Безбеден град“ за 12 часа регистрира 65.000 прекршоци

December 1, 2025

ЕКСКЛУЗИВНО — Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

December 1, 2025

Уапсен човекот што му се заканувал на градоначалникот Митко Јанчев – објавувал омраза и пукашe со автомат!

December 1, 2025
фото: ВИ

Хаос со пензиите: Линеарното зголемување на нишан пред Уставниот суд!

December 1, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Расте бројот на жртви по примирјето, повеќе од 70.000 загинати во Газа во израелските напади

December 1, 2025

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица: Потврдено Упатството на АВМУ за локалните избори 2025

December 1, 2025
Фото: Државен пазарен инспекторат

Пред празниците, ДПИ тргнува во офанзива: Засилени контроли и санкции за угостителите

December 1, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

Прекинати врските меѓу Хамас и Муслиманското братство откако исчезнаа 500 милиони долари наменети за Газа 

December 1, 2025

Пријавување за студентски субвенциониран оброк – рокот истекува на 5 декември!

December 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Станува слободен пазарот на труд за граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија, изгласани договорите за Отворен Балкан

February 13, 2023 13:40
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Договорите од „Отворен Балкан“ со кои што се предвидува работници од Македонија, Србија и Албанија да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји, денеска беа ратификувани во македонскиот парламент.

„Честитки за сите, ова голем ден за македонската и регионалната економија. Благодарност до одговорните пратеници кои гласаа ЗА“, истакна Марјан Забрчанец, Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.

Според него имало објективни причини и пречки зошто македонскиот парламент ги немаше изгласано ратификациите на договорите од Отворен Балкан, а ти во главно се сведуваа на блокадите од страна на опозицијата. Сепак, два од договорите, оние кои се однесуваат на отстранувањето на работните дозволи поминаа на комисијата за надворешни работи во Собранието, откако опозицијата се одважи да ја тргне блокадата.

Главната придобивка од отстранувањето на работните дозволи е обезбедувањето подобри услови на мобилност на пазарот на труд во регионот, односно меѓу трите држави. Поточно, се отстрануваат бирократските и административни процедури кои до сега го забавуваа тој процес.

Тоа директно придонесува кон една од главните цели на повеќето регионални иницијативи – создавање единствен пазар на труд. Ќе се овозможи размена на работна сила согласно потребите на пазарот, во сите можни насоки меѓу трите држави. Компании од Куманово и Скопје ќе мобилизираат работна сила од Врање и околината, а оние од Струга од пограничниот регион во Албанија.

Македонски ИТ кадри ќе можат да работат онлајн од нашата земја за пазарите во Албанија и Србија, при тоа да добиваат плата и придонеси од другите две земји, а примањата да ги реализираат во својата земја. Се разбира и обратно.

Потенцијалите се огромни, голем е бројот на компании за кои оваа мерка ќе значи пополнување нови работни места, а за граѓаните и особено младите можност да заработат повеќе. Оваа мерка придонесува и кон тоа регионот да се претстави како единствен пазар пред поголеми инвеститори за кои прави разлика дали вложуваат во пазар од два или пазар од 12 милиони.

Идентификацискиот број ќе биде налик како матичен број за граѓаните на „Отворен Балкан“. Преку веб порталот за електронски услуги граѓаните ќе може да го добијат тој идентификациски број и со тоа практично нема да мора да вадат работна дозвола за Србија или Албанија.

Иницијативата Отворен Балкан, која започна како Мини Шенген во октомври 2019 во Нови Сад си постави амбициозна цел до почетокот на 2023 година да нема граници меѓу трите земји и да има слободен проток на капитал, луѓе, стоки и услуги. Потписници на Иницијативата се Србија, Македонија и Албанија.

Собранието денеска, во рамки на 103. седница, донесе повеќе одлуки: за разрешување и избор на членови на Советот за научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република”, за именување претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври”, за распишување јавен оглас за назначување претседател и членови на Советот за граѓански надзор, за објавување јавен оглас за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренција, како и за објавување јавен оглас за именување член на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Пратениците ги донесоа и одлуките за објавување јавни огласи за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, за избор на заменик-директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, како и за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на Народниот правобранител.

Донесена беше и Одлуката за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави.

На дневен ред беа и Предлог-законот за ратификација на Договорот за техничка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Јапонија, како и Предлог-законот за ратификација на Протоколот за вода и здравје на Конвенцијата од 1992 година за заштита и користење на прекуграничните водотеци и меѓународни езера, но за нив не се расправаше зашто, како што објасни претседателот на Собранието Талат Џафери, не се поминати на соодветните собраниски комисии.

Откако дневниот ред беше исцрпен до 12. точка, Џафери ја прекина седницата и даде десет минути пауза за пратениците да се подготват за продолженијата за 99. и 84. седница. Продолжението на 103. седница, рече, ќе биде дополнително закажано.

Пратениците ја почнаа седницата со оддавање почит на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија, со едноминутно молчење.

Соња Танеска

Tags: АлбанијаЗабрчанецОтворен БалканСеверна МакедониаСрбија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Ангел Ангеловски/PMD

    Пензионерите ќе останат без најавеното зголемување: Владата ја префрла вината на Уставниот суд

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Македонски портали усогласено шират малициозни тврдења на руска разузнавачка служба

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Радев со жестока реакција, државниот врв молчи – ЦИВИЛ со осуда: Нападот врз новинарот Перев е чин на омраза и удар врз демократијата

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Трамп вели дека „трајно ќе ја паузира“ миграцијата од „земјите од третиот свет“ по пукањето во Националната гарда

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Струјата поскапува од Нова година – Владата уверува дека ќе има заштита за најранливите

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ