• Latest

Белoвски: Нападите врз новинарската професија ќе се зачестуваат!

October 21, 2016
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Белoвски: Нападите врз новинарската професија ќе се зачестуваат!

October 21, 2016 15:12
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Ниското ниво на политичка култура кое се сервира преку медиумите, директно влијае врз сите учесници во општеството. Ова е само рефлексија, иако овој случај е изолиран, мислам дека ќе се зачестуваат вакви инциденти. Заострена е реториката, политичките чинители не бираат зборови да се пресметуваат за политички цели во полето кое е достапно за сите, а тоа се медиумите. За жал, сметам дека ќе бидат сé почести нападите кон новинарската професија во наредниот период“, вели во разговор за ЦИВИЛ Медиа, новинарот на ТВ Телма, Павле Белoвски, кој синоќа беше нападнат пред УБК 

„Бев нападнат во делокругот на извршување на моите работни обврски пред МВР, од каде се подготвував да се јавам во живо, во последниот Дневник на Телма. Лице кое не го познавам, најпрвин вербално го нападна снимателот кој ја подготвуваше опремата, па ме навреди не со лични навреди, туку со политичка содржина… Беше предупреден од полицајците кои ја обезбедуваат внатрешната контрола да си замине и по неколкуминутно убедување се повлече, но забележав дека се враќа повторно и ми се внесе во лице со зборовите ‘Што ти ќе снимаш, што има ти да кажуваш!’. Прашав: ‘Кој си ти?’,  а тој почна да ме напаѓа, да ме удира со тупаници во пределот на главата и со клоци. Не му возвратив затоа што забележав дека обезбедувањето на МВР, полицајци во униформа се стрчаа и професионално го совладаа. Му ставија лисици, тој одби да биде приведен доброволно, по што беше приведен на сила. Јас го завршив јавувањето и продолжив во полициската станица Центар. Дадов изјава, а нему му напишаа пријава за физички напад и давање отпор при приведување. Од тоа што дознав во станицата, тој им е познат како насилник. Беше задржан, но претпоставувам дека немаат право да го држат повеќе од 24 часа, затоа што се работи за прекршочна пријава, што значи можеби денеска е веќе на работа“, ни рече Белoвски, осврнувајќи се на вчерашниот настан.

сгсг

На прашањето дали смета дека физичкиот напад беше предизвикан од неговата работа или се работи за лична пресметка, Белoвски рече: „Ако вчера сметав дека сум нападнат јас, сега сум свесен дека е нападната професијата. Од тоа што го сумирав, јас сум убеден дека не бев нападнат како личност, туку како репортер и лицето ќе нападнеше било кој репортер, кој би известувал од тоа место. Знаеме каква е ситуацијата  и случувањата внатре во МВР, има тензии, и ситуацијата има политичка конотација, а во тек се и истражни мерки. По она што го слушнав, според тоа како е запознаен со случувањата, тој би го нападнал било кој репортер кој би се наоѓал таму“, вели Беловски.

„Новинарите не можат да одат со обезбедување, бидејќи се дел од ткивото, од општеството и тие се секаде. Но, со законски измени, генерално можеме да ја заштитиме професијата. Да станеме службени лица и да се водиме со законска заштита како полицијата, секое недолично однесување и прекршок би се санкционирале строго, и тоа би било пример за останатите кои би се дрзнале да нападнат репортер и новинар“, е ставот на Белoвски, како одговор на прашањето – што би можеле новинарите да направат за да се заштитат себеси.

„Ако јас физички возвратев, тоа ќе значеше дека се штитам самиот себеси, но со тоа што не возвратив, ја заштитив мојата професија. Тоа не значи дека треба да сум жртва за да го вратиме  дигнитетот на професијата, но мора од некаде да се почне“, завршува Белoвски.

Осуда за вчерашниот настап пристигна и од сите новинарски здруженија и асоцијации кои го осудија физичкиот напад врз новинарот на ТВ Телма, Павле Беловски. За настанот реагираа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Македонската асоцијација на новинари (МАН), Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ), а осуда пристигна и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Настанот го осудија и политичките партии СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ.

Марија Теговска 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МакедонијаМВРМедиуминападновинарствоЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ