• Latest
Депортација на македонските Евреи во март 1943 година. На фотографијата: Бугарските полицајци ја контролираат депортацијата во окупирано Скопје. Цитат од изворот: This image provided by the US Holocaust Memorial Museum shows Bulgarian policemen overseeing the deportation of Macedonian Jews to the German death camps in March 1943 in Bulgarian occupied Skopje. (AP Photo/U.S. Holocaust Memorial Museum, Courtesy of Jewish Historical Museum, Belgrade)

Бугарски аналитичари: Бугарија има вина во депортацијата на македонските Евреи – не можеме да кажеме дека тревата не е зелена

March 13, 2023

24 ЧАСА: Една изборна единица влезе во Собрание; Мицкоски тврди дека сме во топ 5 економии во Европа; Коридорите спречени од неефикасноста; Русија во шок по украинскиот напад

June 2, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

„Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

June 2, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците ќе ги добијат платите кога ќе се донесе Законот

June 2, 2025
Фото: Скриншот

Стармер: Британија преминува во воена подготвеност – зајакнување на НАТО и забрзан развој на воена технологија

June 2, 2025

ЕК за укрaинско-руските преговори во Истанбул: Украина одлучува за условите за мировните преговори

June 2, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Договорот помеѓу Албанија и Грција за Јонското море повторно на маса; Пензискиот договор со Италија ги гарантира правата на околу 500 илјади албански граѓани; Не успеа ниту 25-от обид з конституирање на косовското собрание

June 2, 2025
Фото: УНИЦЕФ

УНИЦЕФ: Децата и младите против врсничкото насилство и говорот на омраза на интернет

June 2, 2025
Фото: миа.мк

Нова рунда преговори Белград-Приштина во Брисел

June 2, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

Реформска агенда: „Жежок“ јуни за Македонија, ја чека многу работа за да ги добие парите од ЕУ

June 2, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Час поскоро преговори за членство во ЕУ, расчистување на криминалот, вработувања за невработени со факултет- и порачаа граѓаните на власта

June 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Бугарски аналитичари: Бугарија има вина во депортацијата на македонските Евреи – не можеме да кажеме дека тревата не е зелена

March 13, 2023 16:12
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Депортација на македонските Евреи во март 1943 година. На фотографијата: Бугарските полицајци ја контролираат депортацијата во окупирано Скопје. Цитат од изворот: This image provided by the US Holocaust Memorial Museum shows Bulgarian policemen overseeing the deportation of Macedonian Jews to the German death camps in March 1943 in Bulgarian occupied Skopje. (AP Photo/U.S. Holocaust Memorial Museum, Courtesy of Jewish Historical Museum, Belgrade)

Депортација на македонските Евреи во март 1943 година. На фотографијата: Бугарските полицајци ја контролираат депортацијата во окупирано Скопје. Цитат од изворот: This image provided by the US Holocaust Memorial Museum shows Bulgarian policemen overseeing the deportation of Macedonian Jews to the German death camps in March 1943 in Bulgarian occupied Skopje. (AP Photo/U.S. Holocaust Memorial Museum, Courtesy of Jewish Historical Museum, Belgrade)

Share on FacebookShare on Twitter

Лавина реакции предизвика изјавата на претседателот Стево Пендароски дадена на одбележувањето на 80-годишнината од прогонот на македонските Евреи во Скопје, каде порача дека за македонско-бугарското помирување е потребно извинување од Бугарија за улогата на тогашната профашистичка влада во Софија во депортацијата на македонските Евреи.

Дел од бугарските историчари сметаат дека изјавата на Пендаровски е добро одмерена, и дека со неа оставил силен впечаток дека за него Бугарија повеќе не е „фашистичка држава“.

Историчарот Димитар Атанасов од Институт за етнологија и фолклорни студии со Етнографски музеј при Бугарската академија на науките, во разговор за „Локално“ вели дека „ако пред повеќе од една деценија Германија покажа зрелост и се извини за депортацијата на Евреите од Македонија за време на Втората светска војна, Бугарија се уште е во инфантилна фаза на развој“.

Димитар Атанасов

„Како што децата се секогаш во право во своите очи, така и постапките на бугарските политичари се секогаш исправни според денешните историчари, а нивните грешки не се должат на нивните сопствени постапки, туку на нашите идеи за ‘разбојници сојузници’ кои ја измамиле нашата добрина. Таквата гледна точка е детска. Ако функционираше кон крајот на 19 век, денес таквото толкување на историјата е непрофесионално“, порачува Атанасов.

Тој жали за синоќешната реакција на Ангел Димитров.

„Штета што голем дел од бугарските историчари, вклучително и претставниците на Бугарија во Мешовитата комисија, очигледно со мнозинство, стојат зад застарена гледна точка што не осудува да изгледаме како диносауруси и на историско поле и во меѓународните односи, кога станува збор за разбирање на минатото како генератор на ставови за денес. Сите го читавме говорот на Ангел Димитров. Морам да кажам дека тоа е веќе објавено на состаноците на Мешовитата комисија, вклучително и неодамна. Да се ​​тврди дека институциите се невини кога депортацијата била извршена со потписи на бугарски државници е манифестација на идеолошки мотивирано слепило. Не можеме да кажеме дека тревата не е зелена“, оценува соговорникот.

Посочува дека „не постои начин да се ослободиме себеси со инсистирање дека депортацијата била посакувана од тогашна Германија“.

„Одговорноста на бугарските институции од 1941-1944 година е очигледна како зелената боја на тревата. Овде би сакал да споделам уште нешто – бугарската историска наука сè уште држи голема дистанца од повеќенасочните историски наративи и двосмислените проценки. И ова е манифестација на инфантилност – како и детските филмови, во очите на многу бугарски историчари, минатото треба да има една проценка, фактички и етички поедноставена, сведена на крајна негација или крајно прифаќање. Лицата од минатото наликуваат и на ликови од детски цртани филмови – тие се или бескрајно добри или изразени негативци“, дециден е Атанасов.

Историчарот додава дека имало и дел од бугарското општество како голем број политичари и јавни личности, како и пратениците од владејачкото мнозинство, кои спречиле депортации од предвоените граници на земјата.

„Многу Бугари им помогнале на Евреите. Тие не се спасители, туку нормални луѓе, бидејќи нема ништо понормално од тоа да му се помогне на неправедно загрозен. Важно е да се знае дека покрај овие храбри и сочувствителни луѓе, имаше и други во Бугарија. Профашисти. Оние за кои Евреите навистина требало да бидат депортирани. Габровски и Белев се симболични примери. Во Бугарија дејствуваат профашистички и пронацистички организации. Никогаш немало нацистичка или фашистичка партија на власт, ниту пак постоела бугарска влада во која доминирале истомисленици, но Евреите од Македонија, Беломорска Тракија и Пирот биле испратени во смрт“, објаснува Атанасов.

Според него, „бугарскиот народ не должи извинување за оваа постапка – вината се сноси лично, а не е наследена“.

„Децата и внуците на поранешните антисемитисти денес би можеле да бидат нормални и толерантни луѓе. Нема потреба да ги оптоваруваме со таква здробена вина. Институциите секако се одговорни. Тоа е чин од ранг на државната политика. Затоа задолжителното извинување треба да го упатат актуелните високи политички претставници – претседателот, премиерот, министрите, претседателот на Народното собрание (кога е избран), лидерите на партиите во Бугарија. Ако личната одговорност одамна е разводнета, тогаш институционалната одговорност не може да се отстрани со барањето на Ангел Димитров Бугарија да не е виновна за смртта на овие над 11.000 луѓе. Документите се достапни, видливи се потписите на службените лица. Во нивното официјално својство политичките лидери денеска мора да се извинат“, апелира историчарот.

Атанасов ја оценува како „добро одмерена изјавата на Пендаровски, кој оставил силен впечаток дека за него Бугарија повеќе не е „фашистичка држава“.

„Се чини дека дел од македонската политичка класа постепено го надминува застарениот југословенски наратив за ‘фашистичките Бугари’, кој ги генерализира сите Бугари од 1940-тите до денес како насилници и грешници. Знаеме дека тоа не е точно, но тоа е работна пропагандна алатка, воведена уште во времето на Тито како елемент на тогашната државна политика. Можеме да констатираме дека со својата изјава претседателот на Северна Македонија направи чекор понапред од бугарските политичари и историчари. Тажно е што во Скопје водечките политичари се пред идеолошки пресврт и прекин на антибугарскиот муабет, покажувајќи зрелост, но во Софија продолжува да владее инфантилизмот. Би ги поздравил и натамошните чекори на македонската политичка елита во оваа конструктивна насока. Мислам дека штом ќе се омекне тонот, логичен втор чекор би бил да се зборува за репресијата на луѓето со бугарски идентитет за време на Титова Југославија, особено во периодот до 1966 година“, вели соговорникот.

Со сличен став е и аналитичарот и адвокат по професија, Лазарин Лазаров.

„Барањето на претседателот Пендаровски за извинување за улогата на Бугарија во депортацијата на македонските Евреи го сметам за сосема нормално и верувам дека тоа е она што повеќето Бугари го мислат. Во Бугарија, всушност, немаше ‘насилни реакции’ против ова барање. Колку што има вакви реакции, тие се поврзани со се поголемата општа иритација во Бугарија дека РСМ не сака да оди по патот на францускиот предлог“, порачува тој за „Локално“.

Од друга страна, политичкиот аналитичар од Софија, Владимир Владимиров смета дека во моментов е неопходен пријателски говор од двете страни.

Владимир Владимиров
„Во изјавата на претседателот Стево Пендаровски и во реакцијата од Бугарија не гледам подобар тон и подобар однос и сметам дека во напнатата ситуација во која се наоѓаме, не е начинот на кој треба да разговараме за да се деескалираат тензиите“, вели Владимиров.

Според него, на прашањето дали ваквите наративи носат до нова блокада од Софија, тој вели дека „Македонија технички не може да добие второ вето бидејќи уште не ги започнала вистинските преговори со ЕУ“.

„Во однос на оваа ситуација, Македонија нема јурисдикција и не може да бара извинување од Бугарија оти времето кога се случила депортацијата Македонија не била самостојна држава и била дел од Кралството Југославија. Од друга страна, во Бугарија се уште има разговор и спор околу Втората светска војна“, објаснува аналитичарот.

Во однос на тоа дали е можно после толку години да се спречи историјата да се користи во политички цели, Владимиров укажува дека тоа е клучното прашање и тоа е основата ако сакаме да се развиваат пријателски односи меѓу двете држави.

„Историјата е ќор-сокак. Гледаме дека во изминатите години сме во него и ниту еден чекор не сме отишле напред. Што поскоро треба да ги смениме разговорите на друга тема, а тоа што не поврзува е инфраструктурата. Ако еден македонски граѓанин тргне за Белград кој што е на 500 километри, ќе стигне побрзо отколку до Софија која е на 200 километри. Тоа се клучните проблеми. Сврзани се со тоа што младите ни бегаат од државите и ние треба да бараме решенија за сериозни проблеми и откако ќе ги решиме, да погледнеме кон историјата за која треба да разговараме релаксирано и пријателски. Нашите две општества и политичките елити се уште не се зрели за таков разговор, барем во моментов“, заклучува соговорникот.

Извор: Локално 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: аналитичариБугаријадепортацијамакедонски евреиСтево Пендаровскихолокауст
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео од наводниот напад објавено од SBU  (Украинска безбедносна служба) на 1 јуни 2025 година

    Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Рамбл, инвестицијата на Крис Павловски во Македонија, дел од пропагандната мрежа на Кремљ

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ