• Latest

Крај на градежното самоволие во Центар, Герасимовски најави засилени инспекции

March 23, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Крај на градежното самоволие во Центар, Герасимовски најави засилени инспекции

March 23, 2023 15:01
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вчера излезе на терен заедно со градежната инспекција на неколку градилишта во Центар, откако на почетокот на неделата беше оштетена улицата „9 Мај“ позади Универзалната сала.

– Во предизборието ветив засилени инспекциски контроли со цел брза реакција за нелегалните и небезбедни градежни активности. Герасимовски. Како резултат на контролите за еден месец направени се 37 записници, издадени се 10 решенија за отстранување на градби  и донесено е 1 решение за присилно административно отстранување. Мојата цел е хумано градење со почитување на законските прописи, вклучувајќи ја и безбедноста на граѓаните, вели Герасимовски.

По рушењето на дел од улицата „9 Мај“ за Универзалната сала Општина Центар најави дека разгледува поригорозни мерки за инвеститорите кои градат спротивно од законските регилативи.

Во изјава за медиуми тој рече дека причинетите штети по одронот на улицата ќе паднат на товар на инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ кој неколкупати досега не ги почитуваше опомените на инспекторските служби и наспроти законските прописи продолжи со изведување градежни дејствија.

„Разгледуваме законски можности да доколку некој од инвеститорите не гради според законот и според одобрението коешто е дадено од страна на општината, општината го стопира и ја повлече дозволата за градба. Утрово ја разгледувавме и таа можност но во моментов ни треба да што побрзо самото земјиште се осигура и се обезбеди онаа јама којашто треба да ги заштити околните згради“, изјави Герасимовски.

Инспекцијата на Општина Центар досега му има изречено неколку опомени на инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“. Општинската инспекција во последната опомена му наложи на инвеститорот да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезбедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење. Со изоставувањето на армирано бетонските колови, инвеститорот ги довел во опасност околните објекти, а вчера пропадна и дел од улицата „9 Мај“, каде што се наоѓа и спорното градилиште.

Општина Центар напишана казна од 12.500 евра за инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ и изведувачот „Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, чие градилиште неколку пати беше затворено од градежната инспекција.

С.Т.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 9 МајБинјапи ИнженерингГерасимовскиуниверзална сала
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result