• Latest

Османи: Политиката на отворени врати на НАТО и проширувањето на ЕУ како значаен влог во регионалната стабилност

March 27, 2023
Фото: Скриншот од видео на
Firstpost

Повеќе од 200 лица се водат како исчезнати во област погодена од поплави во Пакистан

August 17, 2025
Фото: ЗХГ/Фејсбук

ЗХГ: Измените на Изборниот законик се обид за лажно и привидно намалување на прагот, кој е превисок

August 17, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Регистрирани 10 пожари на отворено – шест активни, три изгаснати и еден под контрола

August 17, 2025
Фото: Скринчот од видео на Телеграм каналот exilenova_plus

Украински дронови извршија нов длабок удар на руска територија – погодена важна железничка раскрсница во регионот Воронеж

August 17, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Русија го комплицира завршувањето на војната, вели Зеленски додека Трамп притиска за мировен договор

August 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Палестинците бегаат од нападите на ИДФ врз градот Газа во кои беа убиени 40 лица, во Израел протести против планот за окупација

August 17, 2025
Спасувачите и жителите ги проверуваат штетите на куќите по руските напади во Харковската област, Украина, на 17 август 2025 година. Фото: Олех Синиехубов / Телеграм

Најмалку 5 цивили убиени, 11 повредени во руските напади низ Украина, ден по самитот Трамп-Путин

August 17, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

August 17, 2025

Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

August 17, 2025
Артилериска стрелба (фото извор: АРМ)

Министерство за одбрана: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Османи: Политиката на отворени врати на НАТО и проширувањето на ЕУ како значаен влог во регионалната стабилност

March 27, 2023 10:48
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел одбележување на почетокот на НАТО деновите во Северна Македонија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес беше домаќин на традиционалниот „НАТО појадок“.

„Денес во присуство на нашите сојузници и партнери одбележуваме три години од членството на Северна Македонија во Алијансата, додека на 4-ти април ќе ја чествуваме 74 годишнината од основањето на Организацијата на Северноатлантскиот договор или Денот на НАТО. Со тоа ја продолжуваме традицијата – секоја година од 27-ми март до 4-ти април да се одржуваат Денови на НАТО посветени на заедничките успеси и постигнувања, но и предизвиците со кои сојузниците и Алијансата се соочувале низ годината“, нагласи Османи.

Во своето обраќање, Османи ги истакна придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО, оценувајќи го како историски успех и најзначајно надворешно – политичко постигнување. Нагласи дека нашето членство во Алијансата е особено значајно за регионалната безбедност и стабилност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

„Регионот на Западен Балкан е особено изложен на стратегиска конкуренција и на малигно влијание на трети страни кои се обидуваат да ги искористат слабостите и недовршената евро-атлантска интеграција со цел да остварат свои стратешки интереси. Решението се наоѓа во засилени демократски реформи со цел да се зајакне отпорноста , но и во засилена и координирана соработка на НАТО и ЕУ во заокружувањето нa евроатлантската интеграција на Регионот и комплетирањето на демократската трансформација“, истакна Османи.

Во своето воведно обраќање премиерот, Димитар Ковачевски ги брои странските директни инвестиции кои лани беа во висина од 753,8 милиони евра, или двојно повеќе во однос на 2016 година, како и отварањето на над 10.000 работни места технолошко-индустриските развојни зони, како дел од придобивките на НАТО членството, со што според Ковачевски, Република Северна Македонија не е повеќе земја на евтина работна сила.

„Со членството во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија, со концептот за еднакво општество дома, со храбрите, но и државнички одлуки со коишто ги заштитивме идентитетските одредници и националниот идентитет, со функционалните политики на дијалог и разбирање, Република Северна Македонија денес е фактор на стабилноста на Западен Балкан. А јасно е дека евратлатската ориентација на регионот е потребна и во функција на европските мир и стабилност и во насока на просперитетот“, нагласи Премиерот.

Обраќање како специјален гостин имаше и амбасадорката на Украина, Лариса Дир, која изрази благодарност за помошта што Северна Македонија ја обезбедува за Украина, нагласувајќи дека истата е од витално значење за украинските бранители, кои по цена на сопствениот живот ја бранат и Украина и демократските вредности.

На настанот присуствуваа високи владини функционери, претставници на дипломатскиот кор и други значајни институции во земјава.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МНРНАТООсмани
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ