• Latest

Дали Ковачки со нападите кон министерката Петровска работи за трета агенда?

March 29, 2023

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дали Ковачки со нападите кон министерката Петровска работи за трета агенда?

March 29, 2023 15:19
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не запираат обвинувањата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ кон министерката за одбрана Славјанка Петровска, но и институцијата што таа ја предводи. Дел од обвинувањата беа демантирани и оценети како лага и невистина, за дел се истражува дали се основани, а за најмалку две обвинувања министерката Петровска правдата ќе ја бара на суд поради изнесена лага и клевета од страна на пратеникот Ковачки.

Поранешниот кадар на Армијата, а сега пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во телевизиско соочување со министерката во ноември минатата година обвини дека таа крие луксузна хациенда со базен во Радишани, а имотот не бил пријавен согласно законските прописи. Петровска најави тужба против Ковачки за наводите за „наводна нејзина хациенда“ и оцени дека овој случај за поранешниот полковник е веќе загубен.

-Јас никогаш не сум се водела со место на живеење на таа адреса. Имам адреса на живеење во Радишани, но таа е на парцела веднаш до хациендата која ја покажува Ковачки, истакна Петровска неодамна во гостување во „360 степени“.

Дел од документацијата приложена во тужбата на Петровска било и вештачењето од специјалист кој изготвил психијатриски наод по ваквите обвинувања од страна на Ковачки, а тој реши делови од наодот да прочита од собраниската говорница. Според министерката, таквата состојба ѝ ја предизвикал токму Ковачки со неговите постојани лаги за што веќе покренала и судска постапка.

-Тоа што го читавте е извадок од вештачењето и се однесува на моето однесување за вашата бескрупулозна лага што ја изнесовте пред неколку месеци. Причината за вашиот бес и немоќ да се справите со тужбата е тоа што всушност ве натера да излезете на говорница и да го читате тоа. За тоа што пишува во тоа вештачење и што го предизвикало таквото мое однесување, ќе се видиме наскоро на суд, рече министерката Петровска на седницата посветена на пратенички прашања.

Но, ова нема да е единствениот случај во кој Ковачки и Петровска ќе ги соочат аргументите во судница. Ковачки обвини дека „оперативци – разузнавачи пред 10-тина дена биле испратени на задача во Косово од страна на министерот Славјанка Петровска, но истиот ден кога дошле на Косово, биле приведени поради сомнителни активности“. Петровска пак, рече дека ова е само дел од низата на лаги со кои Ковачки се служи.

-Дали е целта личен напад врз мене за тоа дали јас сум неуспешна или успешна. Дали е целта да ги нападне своите доскорешни колеги, затоа што знаете дека тој беше припадник на Армијата и ја напушти за да биде пратеник во Собрание или одработува некоја трета агенда… тоа се прашања кои треба него да му ги поставите, кажа Петровска.

Таа во телевизиско гостување додаде дека Ковачки не се користи со точни информации и министер не испраќа никој во оперативни активности од наведената служба. Министерката не седи со вкрстени раце и прибавила и официјален документ од Република Косово, кој ги демантира наводите на Ковачки.

-За последната лага која Ковачки ја изнесе дека припадници на военото разузнавање на АРМ биле уапсени на Косово, еве документ, официјален допис од косовските власти во кој тие тврдат дека таков настан со македонски припадници на военото разузнавање воопшто немало, рече Петровска на собраниската седница.

На дел од критиките мета е и Министерството за одбрана

Обвинувањата на Ковачки кон Министерството за одбрана се засилија откако тој го напушти армискиот чин полковник и стана пратеник во Собранието. Тој последно во ноември обвини дека „во касарната на Армијата нема вода за пиење“. Од Министерството пак потенцираат дека во 2022 година за потребите на Армијата, преку јавни и транспарентни јавни набавки, досега набавени се 435 илјади литри флаширана вода за армиските припадници.

-Во моментов, во тек е набавка на 653 илјади литри флаширана вода, повторно во транспарентна постапка која е и јавно достапна. Количествата на флаширана вода кои се доставуваат до касарните и издвоените објекти се доставуваат согласно искажаните потреби и водата се доставува континуирано, посочуваат од МО.

Претходно, во октомври минатата година пратеникот обвини дека од Министерството за одбрана украдени се документи со назнака „строго доверливо“ и побара одговорност од Славјанка Петровска. Од Министерството за одбрана информираа дека не станува збор за документи кои можат да наштетат на виталните интереси на државата, бидејќи, се подвлекува во реакцијата, такви документи нема во компјутерите на подрачните одделенија за одбрана.
– Во однос на обвинувањата на политичката партија претставена од поранешниот припадник на Армијата а сега пратеник Ковачки, информираме дека кривична одговорност ќе има и за сторителите, но и за организаторот и поттикнувачот на овој криминал. Во однос на тоа со каков степен на класификација се документите никој не може да зборува пред да се заврши истрагата, беше појаснето во реакцијата од МО. Оттаму го повикаа пратеникот Ковачки да се воздржи од ширење дезинформации и да ги прочита законските прописи кои изминатиот период покажал дека не му се јака страна.

Ковачки во континуитет објавуваше обвинувања и кон претходничката на Петровска, Радмила Шеќеринска, а влезе и во конфликт со началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски. Па, по иницијатива на началникот на Генералштабот, преку командантот на Командата за операции, Главната военодисциплинска комисија расправала за утврдување на дисциплинска одговорност на полковник Драган Ковачки по три основи: испратена порака преку Вибер до началникот на Генералштабот во која се изнесуваат закани, клевети и обвинувања, политички пост на Фејсбук профилот на полковникот Ковачки во кој се изнесуваат неосновани обвинувања за врховниот командант на Армијата, претседателот Пендаровски и јавните настапи на полковникот Ковачки при што тој не ги почитува насоките од Правилото за односи со јавноста на Армијата, усвоено во 2016 година. Комисијата утврди вина кај Ковачки, а протече и упатената закана што му ја упатил на Ѓурчиновски, која гласела: „Долга е раката на ВМРО“.

Инаку, од Министерството за одбрана во изминатиов период неколку пати апелираа партијата на Ковачки, ВМРО-ДПМНЕ да не се служи со дезинформации. Еден од таквите примери е обвинувањето на партијата дека Славјанка Петровска упатува персонал во мисии надвор од земјата без да се почитуваат основните услови, а тоа е кандидатите да поседуваат НАТО безбедносни сертификати и поради тоа дел од припадниците на АРМ биле вратени од мисија.

-Во врска со обидите на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ да претстави наводен скандал, ја известуваме јавноста дека од 17. Јануари 2022 до 17.март 2022 во мисија се упатени вкупно 33 припадници на Армијата и ниту еден од нив не е вратен. Сите упатени припадници ги исполнуваат условите да бидат упатени во мисија. Во време на хибридна војна и ширење намерни дезинформации кои имаат за цел да го намалат угледот на Министерството за одбрана и Армијата, ги повикуваме сите општествени чинители да ги проверат фактите и да внимаваат за точноста на информациите добиени од нивните соработници, беше истакнато во демантот на Министерството за одбрана.

Извор: Фронтлајн

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО - ДПМНЕДраган КовачкиМинистерство за одбранаСлавјанка Петровска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ