Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во ТВ21 се осврна на програмирањето на ИПА помошта.
„Четири проекта сме добиле веќе, за 55 милиони евра од овој фонд Western Balkans Investment Fond, сите се во енергетика и во инфраструктура, тоа е приоритетот, ветропаркот во Богданци, шест хидроцентрали итн. И сега аплициравме со четири нови проекти, ќе продолжиме, за користење на тој фонд. Сите тие проекти се комуницирани или координирани и со бизнис секторот, и со Стопанската комора, и се согласувам дека тој процес треба да добие на јавност, и треба да биде поинклузивен. За тоа сме подготвени“, кажа вицепремиерот.
Маричиќ потсети дека минатата недела биле промовирани 70 милиони евра за пречистителна станица во Скопје.
„Скопјани да добијат почиста вода. Тоа е нешто многу конкретно. 80 милиони евра од ИПА23 ги пренаменивме за енергетска помош за да ја презимиме зимава така како што ја презимивме, без рестрикции и со ублажување на ценовниот шок. Тоа беше благодарејќи на помошта на Европската Унија. Патните коридори не треба ни да ги споменувам и Коридорот 10 и другите, и вакви има да ви кажувам сега дека тоа е сè во програмата, 40 милиони евра за Свети Николе да има управување на регионалниот отпад, значи регионална депонија, иако не е популарно така да се нарече. 10 милиони евра во централниот дел на Северна Македонија за управување на отпадот од месната индустрија, неколку канализациски мрежи во големите градови, Битола, Тетово … Значи има конкретни бенефити кои граѓаните ние ги комуницираме, но тука ни треба помош и од медиумите и од граѓанските организации, и од Европската Унија да се популаризираат“, истакна Маричиќ.