• Latest
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во нејзиното гостување на ТВ Шења

Петровска: Донациите за Украина не ја нарушуваат борбената готовност на Армијата

April 5, 2023

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска: Донациите за Украина не ја нарушуваат борбената готовност на Армијата

April 5, 2023 21:22
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во нејзиното гостување на ТВ Шења

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во нејзиното гостување на ТВ Шења

Share on FacebookShare on Twitter

Донациите кои Северна Македонија ги одвојува за Украина не ја нарушуваат борбената готовност на Армијата. Доколку тоа беше случај ние немаше да ги предложиме тие одлуки. Без оглед на мојата политичка волја да се помогне, ако Генералштабот даде негативно мислење, јас нема да се осмелам да предложам таква одлука до Владата, рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска во нејзиното гостување на ТВ Шења.

Таа додаде дека не се точни шпекулациите дека свесно се отуѓува имотот на Армијата и дека се нанесува штета на нејзината способност, за што говорат и бројките.

Тоа ќе беше случај ако минатите години не се вложуваше во Армијата. Процентот на раст на буџетот за одбрана од 2017 година наваму говори за нешто сосема друго. Се надополнува сиот изминат период кога во Армијата малку се инвестирало – не само во вооружување и опрема, туку и во човечки ресурси, рече Петровска.

Министерката кажа дека оваа година над 33 отсто од буџетот за одбрана е издвоен за модернизација и опремување на Армијата.

Хеликоптерите кои Северна Македонија ги донираше на Украина се нефункционални за нас бидејќи немаме резервни делови, кои се од руско производство. Старите хеликоптери, произведени во 1984 година ги заменуваме со нови од западно производство, рече Петровска.

Сите барања од Украина брзо ги процесуираме и доколку тоа не наштетува на нашата армија позитивно одговараме

Благодарни е мал збор за да се опише чувството на Украина кон Северна Македонија. Свесни се за брзината со која ги носиме одлуките. Секогаш кога некакво барање ќе добиеме од нивна страна се обидувам брзо да го процесуирам до Генералштабот и тие повратно да ме информираат за дали барањето може да биде исполнето или не, дали ќе наштети на нашата армија или не, рече Петровска.

Таа додаде дека доклку Генералштабот утврди дека барањето може да биде исполнето, министерството предлага до Владата, која носи политичка одлука за да се помогне.

Македонија е меѓу десетте земји по број на донации споредено со глава на жители кои најмногу подарија на Украина, рече Петровска.

Министерката истакна дека подготвеноста на Северна Македонија да помогне на Украина е ценето од НАТО алијансата, бидејќи докажува дека државата може да носи брзи одлуки кога тоа е потребно.

 Украина не војува, таа ја брани својата територија и своите граѓани

Украина е самостојна држава која има право да го одбрани сопствениот територијален интегритет и своите граѓани. Украина не војува, туку ја брани територијата и на тоа има право, рече министерката за одбрана.

Таа додаде дека останатите земји дел од цивилизираниот свет имаме морална обврска да ја поддржиме Украина во тоа.

Од почетокот на руската инвазија, Северна Македонија зазеде јасна позиција. Тоа е национална одлука, ненаметната од никого. Ја осудивме инвазијата и нападот врз една суверена и самостојна држава и врз основа на таа политичка одлука донесовме и други одлуки како приклучување кон санкциите против русија и седум одлуки за донирање на различен вид вооружување и воена опрема, рече Петровска.

Министерката кажа дека при нејзината посета на Украина не можела да остане рамнодушна на тоа што се случува таму и на траорните слуки кои сведочат за масакрите.

Tags: донациимасакриПетровскаТВ ШењаУкраинацивилизиран свет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ