• Latest
Foto: Wikimedia Commons

Лидерите во американскиот Сенат бараат од Русија да го ослободи новинарот на Волстрит џурнал

April 8, 2023

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Лидерите во американскиот Сенат бараат од Русија да го ослободи новинарот на Волстрит џурнал

April 8, 2023 11:04
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Foto: Wikimedia Commons

Foto: Wikimedia Commons

Share on FacebookShare on Twitter

Двајцата главни луѓе во американскиот Сенат – демократот Чак Шумер и републиканецот Мич Меконел побараа од Русија веднаш да го ослободи новинарот на Волстрит џурнал Еван Гершкович, додека руските државни медиуми објавија дека тој е формално обвинет за шпионажа.

Портпаролка на Стејт департментот одби да го коментира извештајот за формални обвиненија. Таа додаде: „Ние ќе продолжиме да притискаме за фер и транспарентен третман за сите граѓани на САД кога тие се предмет на правни процеси во странство“, пишува Волстрит џурнал.

Шумер и Меконел оценија дека „новинарството не е криминал“.

Ова е редок пример на изјава што заеднички ја потпишаа Демократската и Републиканската партија на САД, коментираат светските агенции.

Гершкович е првиот новинар кој е уапсен во Русија за наводна шпионажа од крајот на Студената војна, а САД бараат итно да се прекине неговиот, како што велат, „незаконски притвор“.

Силно го осудуваме неправедното притворање на американскиот државјанин и новинар на Волстрит џурнал Еван Гершкович и бараме овој меѓународно познат и почитуван независен новинар веднаш да биде ослободен, соопштија Шумер, како лидер на демократското мнозинство во Сенатот, и Меконел, лидер на републиканското малцинство во Сенатот.

Според нивните изјави, Гершкович бил акредитиран во руското Министерство за надворешни работи да работи како новинар во Русија, а „руските власти не презентирале никакви веродостојни докази за поддршка на нивните измислени обвинувања“.

Да бидеме многу јасни: Новинарството не е криминал, напишаа Шумер и Меконел. Тие, исто така, побараа Русија да ослободи уште еден уапсен Американец, Пол Вилан.

Според рускиот правен систем, поднесувањето формални обвиненија укажува дека е започната формална истрага за случајот. Тоа, исто така, укажува дека истражителите ќе почнат да собираат докази што ќе се користат во други потенцијални рочишта и судење по периодот на притвор, кој за Гершкович треба да трае до 29 мај.

Московскиот суд треба да ја разгледа жалбата од адвокатите на американскиот новинар на 18 април. Судот може да го потврди продолжувањето на притворот на Гершкович во московскиот затвор Лефортово, да нареди негово преместување во друг затвор, да му дозволи домашен притвор или да му одобри кауција.

Руското Министерство за надворешни работи во неодамнешно соопштение наведе дека обвиненијата против Гершкович се од сериозна природа и се тврди дека „тој бил фатен на дело додека се обидувал да добие доверливи информации, користејќи го неговиот новинарски статус како покритие за незаконски дејствија кои се квалификуваат како шпионажа“.

Според медиумите, Гершкович, дописник на „Волстрит џурнал“, кој претходно работел за АФП, е кривично гонет според член 276 од рускиот кривичен законик и му се заканува казна затвор од 20 години.

Г. Т.

Tags: Волстрит џурналЕван ГершковичновинарослободувањеРусијаСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ