• Latest
Фото: МИА

Групата за реформи во правосудството изразува загриженост околу ескалирањето на состојбите во Судскиот совет

April 28, 2023
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Групата за реформи во правосудството изразува загриженост околу ескалирањето на состојбите во Судскиот совет

April 28, 2023 12:26
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Блупринт групата за реформи во правосудството ја изразува својата загриженост околу ескалирањето на состојбата при утврдувањето на дневниот ред на вчерашната седница на Судскиот совет на РСМ која заврши со разрешување на претседателката на Советот.

Како група која подолго време ја следи работата на Судскиот совет сметаме дека почитувањето на законот при секојдневното работење на една институција треба да се императив во нејзиното работење, а посебно кога станува збор за Судскиот совет, кој ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт согласно Уставот на РСМ, како и да води сметка за законитоста во постапувањето и за владеење на правото.

Изненадени сме од постапувањето на одредени членови на Судскиот совет на РСМ кои што инсистирале на внесување на точка на дневен ред и истовремено одлучување по истата без притоа да се почитува Законот за судскиот совет од причина што законодавецот во Законот не предвидел постапка за разрешување на претседател на Судски совет.

Во оваа насока би сакале да укажеме дека недоволното регулирање на одредени законски одредби не значи и несоодветно постапување односно произволно толкување на постоечките одредби. Одговорноста на член на Судскиот совет е предвидена во Законот за судскиот совет, со конкретни одредби за дисциплинска одговорност на член на Судскиот совет со наведување на основите за поднесување на барање за дисциплинска постапка за член на Советот. Понатаму е предвидена и постапката за одлучување по барање за покренување на дисциплинска постапка за член на Советот. Но во ниту една одредба од законот не е предвидена постапка за разрешување на претседател на Судски совет или за разрешување на член на Судскиот совет по друг основ освен кога се работи за утврдување на дисциплинска одговорност. Исто така, сакаме да укажеме дека ниту Деловникот на Судскиот совет не содржи одредби кои ја уредуваат постапката или причините за разрешување на претседател на Судски совет на РСМ, што значи дека правен основ за донесување на одлуката за разрешување на претседателката на Судскиот совет на РСМ не постои. Уште повеќе, според Деловникот тој што предложил да се гласа, нема право на глас во случајот.

Блупринт групата како член на работната група која ја подготвува новата Стратегија за развој на правосудството токму укажа на овој недостаток и ја посочи потребата од регулирање на самата постапка на одговорност на член на Судски совет.

Доколку интенцијата била да се разреши претседателката на Судскиот совет користејќи ја аналогијата за разрешување на судија, сепак самиот чин на разрешување е спорен од причина што Законот за Судски совет на РСМ предвидува дека за разрешување на судија потребно е да гласаат 8 члена од присутните членови со право на глас. Во конкретниов случај гласале 7 члена без претходна дискусија и без запазување на постапката која се применува за разрешување на судија.

И во досегашното работење на Судскиот совет на РСМ, на јавните седници имало несогласување помеѓу членовите околу одредени законски одредби, особено кога тие не биле јасно и концизно предвидени во закон или подзаконски акт, но никогаш не се случило Судскиот совет на РСМ да донесе одлука спротивно  на Закон за судкиот совет на РСМ и Деловникот на Судскиот совет.

Оттука, апелираме членовите на Судскиот совет на денешната седница да го преиспитаат своето постапување во конкретната ситуација, и притоа да ја покажат и докажат својата непристрасност, независност во работењето и дејствувањето како членови на Судскиот совет на РСМ, со што ќе ја исполнат својата уставна надлежност како гарант на самостојноста и независноста на судската власт во Република Северна Македонија.

Во моменти кога довербата во судството е на незавидно ниско ниво, нужно е Судскиот да биде стожер на судската власт преку обезбедување и гарантирање на самостојноста и независноста на судската власт и да биде институција во која судиите и граѓаните ќе имаат голема доверба, а не институција која ниската доверба дополнително ќе ја руинира поради непочитување на законите и произволно постапување со што директно го поткопува уставниот и правниот поредок во Република Северна Македонија.

Блупринт групата за реформи во правосудството ја сочинуваат: Македонско здружение на млади правници (МЗМП), Институт за европска политика (ЕПИ), Институт за човекови права (ИЧП), Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС), Хелсиншки комитет за човекови права, Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА), Фондација Отворено општество ‒ Македонија (ФООМ).

М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: претседателкаразрешувањереакцијареформи во судствотоседницаСудски совет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ