• Latest

Русинка по потекло од Харкив, Украина: Тага, страв, гнев, срам и многу солзи – чувства со кои ја примив веста за руската инвазија врз Украина

April 28, 2023

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Русинка по потекло од Харкив, Украина: Тага, страв, гнев, срам и многу солзи – чувства со кои ја примив веста за руската инвазија врз Украина

April 28, 2023 13:27
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, КОНТЕКСТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од една година воената руска агресија врз Украина не замира. Повеќе од една година украинскиот народ го живее стравот и теророт од одлуките на Путин и неговата истрајност за целосно уништување на украинската територија, но и народ.

Во тој контекст, и чувствата и страдањето на сите оние бегалци од војната во Украина, на сите оние кои одамна се иселени по светот, оние чие потекло руско или украинско се создало и живеело во мир со генерации во Украина, се исполнети со гнев, срам, неверување.

Со таа болка започнува и изјавата на една Русинка чие потекло е од Харкив, а која живее во Скопје. Таа за ЦИВИЛ Медиа изјави дека сѐ уште не може да разбере како не можеше да се спречи војната.

„Неверување, тага, страв, гнев, срам – тоа се чувствата на кои се сеќавам по  веста за почетокот на руската воена интервенција во Украина, утрото на  24.02.2022 година. И, на солзите, многуте солзи.

Наредните денови постојано следев различни медиуми за состојбата, и  постојано се прашував што ли се случува со Харкив, родниот град на мојот дедо. Како се нашите роднини таму? И не само во Харкив, туку и во Кијив..

Дали некој од нив можеби настрадал? Дали се безбедни, имаат ли храна,  вода, лекови? Како сега се чувствуваат како Руси кои се ородиле со кој знае  колку Украинци? (Не се сеќавам дека некогаш станало збор за тоа или пак  дека имале некаков проблем во врска со тоа.)

Не можев да разберам, зошто во оваа повеќегодишна криза не се изнајде некое дипломатско решение? Зошто не можеше да се спречи војната помеѓу  двете суверени, соседни и братски земји?

Ужасно е сознанието дека таму, во виорот на војната страдаат недолжни  луѓе, деца и возрасни, се девастира нивното минато, сегашност и иднина.

По убедување сум пацифист, што значи дека за мене мирот нема  алтернатива. Насекаде и за секого.

Не можам да претпоставам уште колку долго ќе трае ова лудило во кое се  „мерат мускулите“, се испреплетуваат информации и дезинформации во  зависност од потребите, за кои вистината никако не е опција.

Неизмерно жалам за изгубените животи, загубените души и перспективи,  разрушените градови и села, опустошената степа, жалам што ќе помине долго време пред да ја видам повторно прекрасната Украина“, вели нашата сограѓанка која по дедо е Русинка од Украина и чии роднини се скоро сите во Украина.

Б. Ј.

Tags: Војна во УкраинаизјаваРусинкаХаркив
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ