• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Хероите и хероините без чија пожртвуваност светот би бил обвиткан во мракот и лагите на монструозните режими

May 3, 2023
Газа (фото извор: Wikimedia)

Повеќе од 62.000 Палестинци убиени од 2023 година

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) „Дури и џамлија би скршил“ – Како изгледа кога Вучиќ ќе допре скршено стакло и ќе успее да се исече 

August 19, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен: Секое украинско дете киднапирано од Русија да биде вратено кај своето семејство

August 19, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир / Х

Амбсадорката Дир: Дури и за време на дипломатските напори за воспоставување мир, рф ја нападна Украина со 280 ракети и дронови

August 19, 2025

Oпштините влегуваат во изборна кампања со доспеан, а неплатен долг од скоро 65 милиони евра

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Жестоки протести во Србија: Потсетува на Кијив во 2013 и 2014 година

August 19, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

На студот, заедно со жртвите

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Египет го предупреди Израел дека масовното раселување на жителите на Газа е „црвена линија“

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS19

Стејт департментот поништи повеќе од 6.000 студентски визи, администрацијата на Трамп продолжува со репресијата врз имиграцијата и меѓународните студенти

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Блокада на судот во Нови Сад со барање за ослободување на притворените демонстранти

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Хероите и хероините без чија пожртвуваност светот би бил обвиткан во мракот и лагите на монструозните режими

Антидемократските, воените и криминалните режими и центри на моќта се во офанзива. Тие ја препознаваат вредноста на медиумите и се плашат од нив. Затоа, служејќи се со своите судско-полициски и подземни структури, тие не се воздржуваат од примена на брутална сила.

May 3, 2023 08:54
in ES-PRESS-O, ДЕЗИНФО, ЕДИТОРИЈАЛ, МЕДИУМИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Најмалку 67 новинарки и новинари го изгубија животот во 2022 година, стои во извештајот на УНЕСКО. Тоа е драматичен скок од 50% во однос на претходната (2021) година, која беше последна во низата години на подобрување на безбедноста во медиумската работа во претходните години. Црната статистика е придружена и со податокот дека 568 новинари се во затвор, според извештајот на Репортери без граници. И тука, бројот не е конечен, туку се работи за случаи што се познати и утврдени до моментот на составување на извештаите.

Бројот на земји што се оценети како „добри“ за медиумската работа, според Репортерите без граници, останува далеку помал отколку оние што се „проблематични“, „тешки“ и „многу сериозни“. Во бројки, според Извештајот, ситуацијата е „многу сериозна“ во 31 земја, „тешка“ во 42, „проблематична“ во 55 и „добра“ или „задоволителна“ во 52 земји во светот.

Извештаите од релевантни институции и организации ја посочуваат пропагандата, првенствено руската, и војната што ја поведе руската држава против Украина, како главни причини за наглото влошување на медиумските состојби во светот.

На што упатуваат овие црни статистики?

Антидемократските, воените и криминалните режими и центри на моќта се во офанзива. Тие ја препознаваат вредноста на медиумите и се плашат од нив. Затоа, служејќи се со своите судско-полициски и подземни структури, тие не се воздржуваат од примена на брутална сила. Ги убиваат или ги лишуваат од слобода токму оние што се нивни најголеми непријатели – професионалците што известуваат за фактите, за тоа што навистина се случува.

Воената агресија против Украина и подемот на насилните режими во Русија и Белорусија, како и во низа други држави во светот, донесоа еден нов феномен – новинари и редакции кои работат во егзил! Цели редакции и новинарски здруженија од Русија и Белорусија работат надвор од границите на своите држави.

Со дел од нив веќе се сретнавме преку дигиталните платформи. Некои од нив, како лидерката на белоруската организација на новинарите, се наоѓаат на тајни локации. Организациите и институциите во демократските држави се обидуваат да им пружат што е можно повеќе услови да ја продолжат својата работа, иако тоа е исклучително тешко.

Тие што ја зборуваат вистината се на удар и во многу други делови на светот. Пример, уште поблиску до нас, е случајот со Марко Видојковиќ, српски писател и коавтор на популарниот подкаст „Добар, лош, зол“, кој по 30-ина закани по социјалните мрежи, сега се наоѓа на тајна локација надвор од Србија.

Што се однесува до македонските прилики и неприлики, алармантно е што дел од македонските новинари и јавни интелектуалци, вклучително и потписникот на овие редови, се секојдневно под канонада од закани и навреди, со цел да се дискредитира нивната работа. Пред две години, токму на Светскиот ден на слободата на медиумите, Фондацијата Хајнрих Бел го објави Случајот на ЦИВИЛ на неколку светски јазици. Одзивот беше силен, а нападите стивнаа на неколку месеци.

Но, гледано во целина, состојбите не се променети од тогаш до сега. Напротив, сега и руската агресија против Украина е уште еден „аргумент“ против ЦИВИЛ и низа други организации и медиуми кои ги делат истите демократски вредности и определби. Сепак, добрата вест е што нашата земја бележи скок од 19 места на индексот на Репортери без граници. Веројатно, тоа е „дополнителен мотив“ за обновените напади од антидемократските инсталации.

Ултранационалистите и антизападните структури и инсталации неуморно ја напаѓаат демократијата, ја поткопуваат довербата во институциите и ја поларизираат јавноста во однос на прашањата поврзани со клучните процеси во земјата и во однос на руската агресија. Не е исклучено таа пропаганда со дезинформации и говор на омразата да прерасне во насилство и егзекуции на неистомислениците.

Најдобра илустрација за медиумската ситуација во светот, е токму режимот на Путин. Тој, минатата година, донесе закон според кој, ако така оцени власта, новинарите се соочуваат со затворска казна до 15 години за „дезинформација“ што се однесува на воената агресија против Украина (според официјалната терминологија – „специјална воена операција“. Слична е состојбата и во Белорусија под Лукашенко.

Овие алармантни, често и трагични статистики упатуваат на уште нешто.

Бројот на убиени и затворени новинари значи дека во медиумската професија се наоѓаат и голем број професионалци што не се плашат за својот живот и слобода само за да ја завршат својата задача – да ја информираат јавноста за настаните такви какви што се. Тоа е навистина за голема почит и восхит.

Голем број новинарки и новинари секојдневно се соочуваат со опасноста да загинат на фронтовите во Украина, каде што рускиот агресор – од првиот ден – не прави разлика меѓу воени и цивилни цели. Тоа се хероите и хероините на ова дигитално време, без чија пожртвуваност светот би бил обвиткан во мракот и лагите на пропагандните машинерии на монструозните режими.

Затоа, ова е ден за одбележување на тешката и трагична состојба во која се наоѓа светот, време за солзи и револт, време за борба и време за оддавање длабоко признание на храбрите луѓе чија секојдневна работна обврска е да трагаат по фактите, да известуваат за настаните, да ги посочат тие што лажат, крадат и убиваат…

Без нив – слободните медиуми – сите, па и најосновните човекови права и слободи ќе паднат под тешката чизма на антидемократските центри на моќта.

(продолжува)


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ