• Latest

Битиќи на отворањето на Куќата на Европа во Битола: Вратата кон ЕУ ни е отворена

May 6, 2023

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Битиќи на отворањето на Куќата на Европа во Битола: Вратата кон ЕУ ни е отворена

May 6, 2023 20:53
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи присуствуваше на настанот на кој заедно со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во Офицерскиот дом во Битола, во рамките на активностите на Денот на Европа 2023, официјално ја отворија Европска куќа (Europe House), во еден од најзначајните културно-историски објекти во градот кој е реставриран преку проектот за локална и регионална конкурентност (ЛРПЦ).

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, изјави дека Офицерскиот дом во Битола е избран да биде Европска куќа од фактот што ЕУ го цени културното наследство.

Класичната убавина на Офицерскиот дом и модерната убавина на Европска куќа резултираат електрична хармонија на архитектура, дизајн и публика. Бидејќи ЕУ во нејзиниот најпопуларен слоган вели дека ги обединува различностите. Ги обединува јазиците, културите и историјата, истакна Гир.

За вицепремиерот Битиќи ова е еден среќен ден бидејќи овој реконструиран импозантен објект кој долги години беше запуштен и оддаваше лоша слика денеска освен што претставува објект на кој уживаат не само битолчани, туку и туристите кои доаѓаат во Битола туку ќе биде и прозорецот на младите битолчани кон ЕУ.

Куќата на Европа е вратата и прозорецот на Битола за ЕУ. Во домот на Европа младите битолчани во наредните години ќе креираат важни мрежи за создавање партнерства со младите во ЕУ, и затоа оваа нова куќа на Европа ќе биде отворена за младите, но и за уметниците и другите граѓани, рече Битиќи во неговата порака.

Вицепремиерот Битиќи му се заблагодари на амбасадорот Гир за реконструкцијата на Офицерскиот дом со средства на Европската Унија.

Реконструкцијата на објектот и неговата околина чинеше 59 милиони денари (околу 960.000 евра), од кои 53 милиони денари беа обезбедени од проектот за локална и регионална конкурентност преку ЕУ фондови.

Tags: БитиќиБитолаЕвропска куќаЕУинтеграции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ