• Latest
Фото: МИА

Бројот на вработени во ТИРЗ во април достигна 16.700 лица, извозот достигна 1.230 милијарди евра

May 7, 2023

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бројот на вработени во ТИРЗ во април достигна 16.700 лица, извозот достигна 1.230 милијарди евра

May 7, 2023 12:51
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на вработени во ТИРЗ во април повторно бележи раст и достигна 16.700. Тоа е за 15 проценти повеќе од април 2022 година односно 20 проценти повеќе од 2021 година, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата, пренесува МИА.

Само од почетокот на годинава, информираа денеска од Дирекција за ТИРЗ,  во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 500 наши сограѓани.

– Продолжува и растот на извозот кој заклучно со април достигна 1.230 милијарди евра. Само во април, компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 277 милиони евра што е за 12 проценти споредено со април минатата година. И увозот во првите четири месеци од годинава достигна над една милијарда евра. 250 милиони евра увоз оствариле компаниите во ТИРЗ само во април, што е на исто рамниште со април 2022 година, појаснуваат од ТИРЗ.

Поради ваквите економски движења, наведуваат, продолжува и позитивниот тренд на раст кај нето извозот кој заклучно со април е 20,5 проценти.

Инаку, годишната анализа на ТИРЗ покажала дека компаниите во Зоните, уплатиле 35 проценти повеќе средства во Буџетот на државата во 2022 година споредено со 2021 година. Односно, појаснуваат од ТИРЗ, за 1 евро исплатено од државата компаниите назад во буџетот враќаат најмалку 4 евра.

Податоците во анализата направена врз база на завршните сметки од компаниите покажува и дека тие оствариле ниво на нето добивка за 10 проценти повисоко споредено со претходната година, од кои исто така дел влегуваат во Буџетот. Корисниците на ТИРЗ регистрираат пораст на нето платата од најмалку 13 проценти во однос на 2022 година, што е повисоко и од растот на нето платата во националната економија.

Tags: вработениТИРЗ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ